Денес според -от предвиден ден за одмор, но не можев да одолеам а да не си повежбам. На програмата само: -Insanity: Max Cardio Conditioning (втора недела, втор месец од Insanity) Преморена сум од скитање низ град, цупкање со штикличките(ко што вели брат ми-сите плочки ги искршив со штиклите низ ГТЦ), посета на роднини( шта чеш, гастрабајтерско редовно посетување на фамилијата)..Затоа накратко, и се одјавувамver! Мотивации:
Се враќам во игра и јас... вчера не си дозволив одмор 10ти ден со Џилиен (Level 1) + вежби за бутови, задник, спојлери. Вечерва започнувам со Level 2 + орбитрек по 40мин.... па нека ми е со лесно Позз девојки
Еве ме и мене во темава, се надевам редовно ќе ве дружам. Денес се запишав во теретана, 75 минути вежбав со инструктор таму, и супер си поминав. Како за прв час добро се држев со вежбите. Немам кондиција и целата сум лабава. Ама ме пофалија Правевме вежби на душек за нозе и стомак, потоа на неколку справи за раце и грб. Задоволна сум и едвај чекам пак да отидам. Во петок ќе имам час за затегнување на нозете, а понеделник е ден за кардио. Во меѓувреме ќе се трудам што почесто да одам во теретаната, и да вежбам на справите.
Вчера и денес по 20 минути на Орбитрек Срам ме фаќа ко ќе прочитам по колку вежбате, а јас мрза пуста Само почнувам и прекинувам, ред никаков немам, за срамота сум И да не кукам само, да ставам некоја мотивација
Денес на репертоарот: Insanity: -Max Interval Circuit -Cardio Abs Точно 1 саат и 20 минути квалитетен ремет на телово! И се утепав трчајќи низ град, дремејќи по шалтери,банки,деканат, к*рци-палци... Бркам специјализација. Држете ми среќа да се смилуваат и да ми ја доделат. Ќе р'мбам, ќе си ја абам снагава у странција, само за таа пуста специјализација!
15 мин истегнување 900 скока со јаже 30 чучеви 10 женски склека 10 мин вежби за раце со тегови од 1,5 кг Спојлер и тоа е тоа,би вежбала уште но толку сум free со времето
*15 мин. вежби за раце со тегчиња *15. мин. вежби за нозе *30 мин. вежби за стомачни *10 мин. вежби за заден дел *3 серии склекови само ова
Само накратко да реферирам за денешниов тренинг: -Insanity:Max Interval Plyo -Brazil Butt Lift:Bum-Bum Се испразнив од негативната енергија и дамарите што ми го дрмусаат телово пред големите промени кои ме очекуваат.
Најслободна сум во саботите и претежно тогаш највише одам на фитнес и да ви се пофалам почнав за разлика од порано повеќе калории да согорувам со помош на кардио вежбите около 500-550
Да прашам дали е здраво да пијам 3-4 литри вода на ден (имам 57кг.-173см.), и колку тоа помага во топење на масните насаги?
1 саат на орбитрек отпор 50. Пола саат пешачење Следат чучњеви и вежби за задник и нозе. Еве ви мотивација. Поголема мотивација од женските по бикини на спотот нема. Баш попладнево ко вежбав ја начекав на телевизија и реков мора за летово да бидам ваква. Мора. http://www.youtube.com/watch?v=LckToUJSrAo
Само што се вратив од теретаната и се прашувам зошто толку долго време си го уништував телото и не го чував?! И после вежбањето не сум истрошена воопшто туку баш напротив, полна сум со позитивна енергија. И едвај го чекам следниот час во понеделник. Вртев 30 мин. на точак, и направив еден куп вежби за нозете денес. Вкупно околу 70мин. трошење на калории.
Бев во теретана 2 саати. Кардио, вежби за нозе, бицепси, трицепси, стомак.. Убаво се изнавежбав, ама затоа сега сум мртва уморна. Ај здравје боже утре пак Што правев отприлика во спојлер: Спојлер 40 минути кардио - 20 минути на точак на јачина 10 од максимум 13 и некои си 15-20 минути на лента трчање со 8 км на час 3*30 повторувања од сите вежби за нозе 3*30 повторувања од сите вежби за стомак и 3*15 повторувања од сите вежби за раце + 100 повторувања на степер
Тежината ти е сосема прикладна во однос на висината. Но најважно е ти да се чувствуваш удобно во твоето тело. Ако сакаш да намалиш тежина, слободно. Но според мене(иако те немам видено), тежината си е во ред. И внимавај да не се прехидрираш. Линк овде: http://en.wikipedia.org/wiki/Water_intoxication за последиците од прекумерно хидрирање. Вимавај и да внесуваш доволно електролити, особено ако напорно вежбаш. Не заборавај и на неопходните суплементи-магнезиум&цинк(јас го пијам Calmacin-от:калциум,магнезиум&цинк).Поздрав!
Се ме боли, најмногу нозете и рацете. Утре не знам како ќе вежбам Вчера кардио 15 мин. Па вежби за стомачните 30 мин. Вежби за раце и нозе 20 мин. Малку вежби за заден ден и на крај склекови 2 серии.
Epa napraviv 6 serii od po 30 skoka na jaze i dva kruga istrcav okolu fudbalsko igralishte so izmegu dva kruga odenje okolu igralishteto prvo odenje pa trcanje i suhte ednash taka Za prv den super e se nadevam na rezultati [mod-kirilica:14x7uraa][/mod-kirilica:14x7uraa]