Денешниов ден ми започна со утрински 45минутен пилатес. Убаво се растегнав и се расонив Некое време правев пауза од вежбите за нозе, затоа што некако чувствував дека на нозете добивам јаки мускули. Секако, целта ми е да се затегнам, ама не и да се набилдам. Поради моите ширки колкови, отсекогаш сум правела повеќе вежби за нозе, ама последниов период изгледа малку претерав, особено затоа што возам и точак, па затоа стагнирав малку. И веднаш почувствував дека сум изгубила кондиција за некои потешки вежби, ама машки издржав денес Кардио вежбите ги заменив со чистење низ дома, немав ниту енергија да ги правам, ниту пак време. Со точакот само што завршив. На почетокот почнав да вртам по 5 километри, потоа накачив на 10, па на 15, а сега веќе вртам маршута од 20 километри. И мислам дека е доволно. Сега трчам под туш, па ќе одморам со едно лезетско кафе. Нема да поставувам слики со мотивации, веќе си кажав која е мојата најголема мотивација - сопствениот прогрес. И сериозно, нели се чувствувате убаво во своја кожа после вежбањето? Јас се чувствувам толку релаксирано и опуштено... како цела негативна енергија да излегла од мене. Дури и често се случува ако сум ептен изнервирана, да седнам на точакот и да вртам како луда се додека не се изморам и јазикот не ми падне до колена. Е тогаш веќе ми поминува нервозата A ако веќе ве мрзи да вежбате, тогаш пешачете. Барем сега е убаво времето за да го поминете надвор. Ниче има една добра мисла која вели: “All truly great thoughts are conceived while walking.”
И опет 2 саати во теретана. Почнав да одам редовно и знам дека ќе се исплати. Чувството после тренинг е priceless. Што правев отприлика: Спојлер -20 минути на Ортибрек за загревање; -15 минути трчање на лента со варирање меѓу 6,2 и 8,2 км на час; -3*30 од трите вежби за нозе; -3*20 од сите вежби за стомак; -3*15 од сите вежби за раце; -5 минути на степер; - и за крај уште 10тина минути на Орбитрек (ама секогаш возам на висок отпор, никогаш на низок)
Еве ме пак . Пак заглавив 2 саати во теретана. Нема што многу да кажувам само ќе напишам што правев: Спојлер -20 минути на Орбитрек (на силен отпор) -3*35 од сите вежби за нозе -3*15 од сите вежби за раце -3*25 за сите видови стомачни -15 минути на лента со 8,2 км -5 минути на степер околу 520 повторувања
Мојот фитнес ден се содржи од 45 мин орбитрек на 30% , 20 стомачни и 30 грбни , вежби за нозе , задник и стомак .... Пешачење околу час и половина... 3 пати неделно одам на играорна .... Мотивација ми дава матурската вечер , а и бев пресреќна што ги закопчав панталоните кои мнооогу ми се допаѓаа ...
Ден 1 со Jilien Michaels: 30 Day Shred, Level 1 Не успеав баш сите вежби да ги направам целосно, ама за прв ден е супер, се препотив
Аууу тренингов последните тренинга беа досадни, ама вчерашниов мх мх. Само што почнавме со загревање ја се соблеков, почнав да се потам. Еден од подобрите тренинга, иако вратов ме боли дадов се од себе, штета ќе беше таков тренинг да пропуштам, одвај чекам да дојде утре, се надевам дека пак ќе имаме добар тренинг оти следниот ќе го пропуштам имам некои обврски, но викендот ќе си надоместам. *15 мин. загревање + вежби за раце со тегчиња (бицепс/трицепс) *15 мин. вежби за нозе *30 мин. стомачни (за сите мускули на стомакот) *10 мин. вежби за заден дел и 2 серии склекови
Ден 2 со Jilien Michaels: 30 Day Shred, Level 1 Јууух вежбиве навидум не толку тешки ама ела издржи ги сите до крај Единствено склековите не можам да ги направам, ниту еден Ама ќе бидне и тоа некој ден
И јас се придружив! Brazil butt lift, Basics издржани скоро 15тина минути, и Bum Bum 20тина Добра сум за почеток МОТИВАЦИЈА:
Се преморив денес на базен. Имаше гужва, па четворица рекреативци пливавме во една трака, и немаше смисла да ги кочам другите, особено двајца дечки орни за пливање. Никогаш после базен не ме болат мускули, само чувствувам благ замор, ама денес иако пливав само само 30-35 минути, се ме боли! Ама убаво ми е!
Денес имав кардио тренинг и ептен се уморив и испотив 1 саат ми траеше кардиото и 15 мин. вртев на точакот да се стабилизирам пред да излезам од теретаната.
Дури сега гледам колку не сум пишувала во темата. Како и да е редовно ве читам само ме мрзи да пишувам. Да ви кажам кај мене овие 2-3 месеци промените во моето тело и те како се видливи. Преферирам секој ден - кардио,стомачни и чучневи без овие не ми поминува ден а за другите за раце,нозе,грб си одам по ред секој ден различно. Совет од мене не пропуштајте ден без да направите барем 30 чучневи и тоа како се ефикасни,жив пример сум јас задникот пред да почнам да вежбам ми беше како даска рамен никаква форма а сега веќе е друга приказна Денес само кардио вечер планирам вежби за грб
Поголема инспирација од вас девојки нема, вежбам и јас секој ден ама не многу по 15-20 мин страв ми е да не изгубам килажа. Некои вежби за грб и раце?
За раце: http://www.youtube.com/watch?v=fFX7pZgZ6hs http://www.youtube.com/watch?v=iEHEK8KEgXA За грб: http://www.youtube.com/watch?v=XXdz9FJr8s8 И не се плаши нема да изгубиш килажа помалку кардио вежби а башка 15-20 мин во денот е доволно за вежбање
За раце(склекови,планкови) http://www.youtube.com/watch?v=H8rY1tQM ... r_embedded Мислам дека планкот е и за грб https://www.youtube.com/watch?v=RCzDXqbmZRY https://www.youtube.com/watch?v=U083NpnKjWk
Ден 3 со Jilien Michaels: 30 Day Shred, Level 1 Ауу ама се засилив И ме болат мускуливе на нозе, едваj одам
И денес пак во теретана, само овој пат помалку. Од понеделникот сум целата укочена, секое мускулче на телото ме боли, ама вреди! Денес правев: Спојлер -3*30 од вежбите за горните и средни стомачни мускули и 3*15 од вежбите за долните стомачни мускули; -3*15 од четирите вежби за нозе на едната справа, 3*15 на другата справа и 3*30 на третата справа; -20 минути на Орбитрек на силно; -10 минути на степер, околу 1000 и нешто повторувања; -3*30 од едните вежби за спојлери, 3*15 од другите вежби за спојлери и 3*15 од третите вежби за спојлери; -6*15 од вежбите за грбот.
Денес во теретаната вежбавме на душеци скоро цело време. Главно беа вежби за стомачните, долни, горни и странични. Потоа правев вежби за раце на 3 справи, плус и на бенчот кренав неколку пати. Добро ми оди сега за сега, само кога си дојдам дома после вежбањето ептен сум гладна. И тука веднаш грешам А додека не вежбав доста внимавав на исхраната, таман ја почнав и диетата на Ирена. И намалив 2кг уште првата неделаипол. Сега не одолеав на вагата, и се измерив, ми покажа 58,5кг. Што јадете после вежбањето?
Јас колку што знам после вежбањето убаво е да се внесат протеини, белковини свеж зеленчук. Овие два-три дена јас јадам марула со туна или варени јајца.
Кардио 50 мин на орбитрек, стандард. Решив по скоро 2 месеци без 1 недела вежбање да го зголемам отпорот. Сега вежбам на 50 и кусур отпор. Една членка погоре спомна за чучњевите. Сакам и јас да искоментирам за нив. Читав во српско списание, не се сеќавам како се викаше, пишуваше за чучњевите и нивното влијание врз телото. Секој ден во рок од 3 месеци да се прават најмалку по 20-30 чучњеви за подигање и зацврстување на газето. Секој ден, без престан. И по 1 месец се забележуваат резултати. Еве и јас сум еден пример за нив. Ги правам од почетокот на минатиот месец и имам и те како видливи резултати. Затоа издвојте време за нив повеќе од 10 мин не ви одземаат а ви даваат затегнат задник. Инаку да се вратам на мојот фитнес ден. Имам уште чучњеви и вежби за задник и бутини за правење. Поголема мотивација од гледањето на девојки во бикини нема. Па затоа beast mode activated.