Јас незнам како можете толку долго да вртите на орбитрек.. мене ми е досадно х) Јас едноставно ги минам неколу справи дека неможам на една. Ептен ми е монотоно
А што мислиш, нас интересно ни е? Еве лично од себе ќе појдам и ќе речам-МРАЗАМ кардио вежби. Ама немате поим колку ги мразам !!! Но кој ме прашува!? Ќе си најдеш начин да не ти е досадно. Пример, јас слушам музика и веч је бољи.
Не сум на диета, али секој ден си вежбам зошто после тоа се чувствувам прекрасно и го обожавам тоа чувство ..Иначе еве сите ги мотивирам:
О и те тако ми е тешко и досадно. Дури се испрам себе си на орбитеркот ми треба време и убедување. Али мора, инаку сами од себе нема да се стопат килцата. А со музика или филмче побрзо оди времето.
Lana срцка еден совет од мене. Гледај да практикуваш да е што почесто тоа со музика, зашто со филм ќе се загледаш и ќе го успориш темпото.
Официјално се враќам 15 минути на орбитрек 15 минути на едно како велосипед 10 минути на трака за трчање 20 стомачни по 3 сесии вежби за листови -10 повторувања вежби за раце 10 повторувања 10 женски склекови Мотивации Доволни ми се сликите од навежбани жени на ѕидовите во финтес клубот . И јас ќе бидам така ќе бидам
Пробај и степер..Оти гледам дека си по кардиото ќе те бендиса...Топ е за зацврстување на задникот а и богами топи калории...
Јас денес одмарам, цел ден не сум дома влезена и преморена сум По оваа програма на Џилиен што одам, наводно се вежба секој ден без одмор, ама неможам јас, почетник сум и плус колку што знам на мускулите им треба баш одмор за да можат да се оформат. Па така да, денес кулирам Од утре продолжувам
Бразил butt lift, day 3. Мислам дека веќе не ги чувствувам мускулите на бутовите! Ах! Но, ем интересно, ем забавно, и кога тој што зборува ќе ми каже Smile, you can do this, Smile! го пцујам и потсвесно се смеам Мотивација:
Ох, КОНЕЧНО издржав 1 месец здрава искрана и интензивно вежбање + кардио! Уште ептен малку ми фали до целта! Мој совет до сите вас: Никогаш не се откажувајте!! Јас успеав, ќе успеете и вие!
Секој нареден пат успевам повеќе вежби да направам, и повеќе да издржам. Имам сила и многу енергија, а само неколку пати отидов во теретана. Нема да се откажам, а мотивација плус ми е инструкторката која е бремена 4ти месец и вежба без гајле! Штом може таа, можам и јас Денес ги правев сите можни вежби за нозе, со тегови и без, и супер се чувствувам сега.
Вчера сум задремала приквечерта баш кога планирав да вежбам и ништо, само 30 чучњеви направив Ама денес ќе надохнадам, ветувам дека видеото од Џилиен има цело да го издржам, сите вежби, дури и склековите ќе ги пробам
И јас се изнавежбав, доста е за неделава + треба да ми дојде и мака ми е *30 мин. вежби за раце и нозе *30 мин. вежби за стомачни *10 мин. вежби за заден дел и 2 серии склекови заслужен одмор до понеделник
Ден 4 со Jilien Michaels: 30 Day Shred, Level 1 Деновите кога одмарам не ги сметам Тешко, уште ме болат некои мускули, ама на крај се исплаќа, чувството е убаво Плус успеав денес неколку склекови да направам, едвај :geek:
Јас не ви пишував редовно.Вежбам латино фитнес,зумба по 40-50 минути,10 за нозе,5 за стомак,10 за бутови и задник.Сега планирам да уфрлам и за рацете,малце да ги зацврстам. Од вежбиве за нозе сум препрепрезадоволна за околу неполн месец,со паузи 2 дена неделно и за време на менструација.Еве сега баш последниве 4 дена не вежбам Ама ќе надокнадам А целото тело ми беше скроз млитаво и безживотно,без енергија.Сега имам и повеќе енергија и плус ми се зацврстија нозете,и ми се познаваат мали мускули Која радост Вчера бев на дооолга прошетка,нозете ми паднаа.Денес ако најдам друштво ќе пешачам малку надвор од градот Поздрав.
Ден 5 со Jilien Michaels: 30 Day Shred, Level 1 Стигнав до пола од левел 1 Болката во мускулите полека ама сигурно исчезнува, ќе видиме кога ќе почнам со левел 2 дали ќе се врати За резултати е сеуште рано, ќе се фалам ко ќе почнат да ѕиркаат Најбитно, решена сум овај пат да не се откажувам, не се откажувајте ни вие
Ден 6 со Jilien Michaels: 30 Day Shred, Level 1 До сега вежбав со тегчиња од пола кило, а од денес почнав со од кило и 150