Бев и во петокот во теретана ама не напишав. Денес исто бев. Почнав и пополека да се откажувам од јадење. Шта је било, било је, пријде роденденот, сеа ќе се стегнеме, ама озбилно. Денес: Спојлер 3*30 од трите вежби за стомачни 3*20 од сите вежби за нозе 15 минути на лента со брзина 8.2 км на час 3*30 грбни 1*30 за спојлери 10 минути на степер.
Ви се придружувам и јас од денес. Па, ве молам пробајте да ме задржите бидејќи знам лесно да се откажам До сега ова што го читам од вас ненормално ме инспирира, па let's get started!
Денес имам мотивација, ама немам енергија да почнам со кардио, некако се осеќам млитаво, немам сила, што да правам?
Нема прашување, стани и почни едноставно, одма ќе ти е подобро. И мене прееска ме фати дремка, рано сум станата, ама станав сосила и одма по 2 мин вежбање се расонив и добив енергија
Ден 7 со Jillien Michaels: 30 Day Shred, Level 1 Не го довршив цело видео за малку, ми се истегна некоја жила на стапалото Ама не е страшно за некој минут, ќе надохнадам Туку не сакам да избрзувам со заклучоци, но некако ми се чини дека од вежбиве стварно ќе има добри резултати уште првивов месец
Вчера - вежби на душек. Ги правев сите вежби за стомак, задник и нозе. Денес - 15 мин. на точакот да се загреам, а потоа околу 1час вежби за нозе со тегови.
Ден 8 со Jillien Michaels: 30 Day Shred, Level 1 Вчера одмор имав Уште 2 дена па почнувам со ниво 2, само уште малку повеќе да внимавав на исхраната Мора малку посериозно
Јас паузирав една недела бидејќи ми дојде циклусот а неможам да вежбам додека ми трае. Денес 30 минути кардио и плус 15тина минути вежби за задник,стомачни и раце.
И денес и вчера бев во теретана. Само разликата беше во тоа што денес работев поинтезивно, секое мускулче ме боли. Не можам да објаснувам пак, немам време, отприлика иста е мојата рутина како и во другите постови
па скоро секое сабајле правам стомачни и др вежби за стомак,задник,нозе.. и понекогаш одам со брат ми во теретана..
Денес вежбање сабајлечки,полнење на батериите за преку цел ден 25 минути cardio-kickbox со Џилиан и 10тина минути вежби за стомачни и задник.
*15 мин. вежби за раце со тегчиња *15мин. вежби за нозе *30 мин. вежби за стомак со топка *10мин. вежби за заден дел *4 серии склекови
Како да добијам инспирација за да почнам да вежбам ?? Денес е мојот прв ден во вежбање.Почнав со 10 минутни вежби лесни,за да почнувам да се навикнувам пополека.И сеа се подготвувам за нови вечерни везжби
Денес супер ми дојде вежбањето. Како што бев нервозна од дома после караницата со моите, се испразни максимално и ја потрошив негативната енергија. Вртев 20 мин. на точакот, и потоа кардио вежби 1 саат, и на крај вежби на справите за грб, плус вежби со тегови и на справи за раце. Мене најголема мотивација ми е чувството кое го имам после секој час, неверојатно е колку убаво се осеќам и не сакам да престанам да вежбам. А плус, и резултатите почнаа да излегуваат на виделина колку-толку. Сите ме пофалија
пола саат на лента за трчање, пола саат на орбитерк и пола саат стомачни и вежби за задникот и нозете
Вчера не вежбав, пак задремав приквечерта, после немав време, петок се излегува Денес па ме боли јајникот, неможам да скокам, правев само некои вежби за задник И толку
Се приклучувам и јас пак овој пат многу повеќе мотивирана морам летово да ги видам стомачните Денес вежбав за грб 10 мин 25 мин за стомак и 15 за задник