Денес ми е 3 ден од Jillian Michaels 30 Day Shred: Level 1 , планирам да истуркам 30 дена (вкупно со level 2 & 3). Тренингов трае 25 минути, секој дел од телото е опфатен, комбинација од кардио + за затегнување. Читав доста позитивни коментари и видов видеа со резултати, кои многу мотивираат. А денес се погоди и денот, испешачив и 90 минути вкупно (40+50). Good luck за сите вежбачи
*15 мин. кардио со тегчиња *20 мин. вежби за страничните стомачни со топка *20 мин. вежби за горните и долните стомачни со топка *15 мин. вежби за нозе и заден дел *3 серии склекови
Убавото време денес се искористи Планинарење околу 2 часа од кои 1ипол саат пешачење и 30 минути трчање и плус дома направив некои вежбички за стомачни и задник.
Конечно и јас да се вратам во темава :geek: После неколку месеци (поточно од Ноември), конечно се вратив на фитнес Преголемата осетливост на синусите си го направија своето и ме оставија дома цела зима Затоа сега од петокот па наваму си продолжувам со истото темпо Вежбав во петокот и вчера, карди вежби вкупно 25 минути, раце, рамена, грб, нозе и стомачни. По препорака на тренерите од фитнес клубот, денес сум требала за паузирам :evil: иако јас не се согласувам со тоа, но сепак ги послушав и останав дома денес. Едвај чекам да се среди времето, или барем да не дува, за да може да се отвори сезона на стаза, па да си вклучам и ролерки во физичките активности
денес 1,5 час на орбитрек со менување на отпор наизенично на секои 15 минути а потоа 5*10 вежбеи за стомак 3*20 везби за нозе вежби за раце и нозе стом и грб и конечно првите резултати -2 кила за 7 дена со редуцирана исхрана ама имам едно прашање приметувам дека вагата оди надоле а мене мускулите на нозете ми се како зголемени нормално е тоа на почеток ????
Јас почнав со забушавање, за срамота сум Вчера пак не вежбав а денес само 15 мин на Орбитрек и неколку вежбички за задник Мора од утре пак посериозно, да го довршам Левел 1 од Џилиен М.
Нема нешто по тешко од трчање по скали! Решив да ја искористам 9 катницава, па се залетав демек 10 мин ќе трчам! За 1 мин стигнав до горе и ќе ми излеташе срцево, затоа фино, бавно си слегов до долу. Треба 5 пати да се качам и слезам за да поминат 10 мин, со кои би изгубила квалитетни 120 калории. Се надевам дека со тек на време ќе бидам поистрајна Како и да е, денес ќе ми е 5тиот ден заедно со Јулијан, а 16ти ден како си бројам калории на myfitnesspal.com и баш се чувствувам супер! Ајде ајде, ништо не е невозможно
Сабајлечки во теретана, се разбудив рано па решив наредниот саат ипол да го поминам во теретана. Колку само е добро чуството, чинам цел вардар се изцеди од мене -30мин кардио -5x30 стомачни -5x30 чучневи -5x30 грбни И сега сум полна со енергија Денот може да започне!
Вчера 10-20 мин. јога.Ми требаше малку растегнување а денес кардио+вежби за нозе. 10 минути кардио 50 lunges 25 чучњеви 20 pilates leg circles(на двете нозе по 20)
Мојот фитнес ден е се поактивен и поактивен.Секој ден на аеробик по 2 часа....а некои денови и по двапати во денот значи 4 часа....Мускулите ме болат но не се предавам.Професорот наеднаш ни ги даде задачите да вежбаме ама ако.Подобро е за нас.Можеби боли ама е корисно и многу поубаво се чуствувам сега.
*15 мин. вежби за раце со тегчиња (бицепс и трицепс) *15 мин. вежби за нозе *30 мин. вежби за стомак со топка *10 мин. вежби за заден ден *2 серии склекови
Денес 15 минути вртев на точакот, колку да се загреам. Потоа еден час вежби на душек, стомачни, за задникот. Плус вежби со ластици и чучњеви. Секој нареден пат ги правам поубаво вежбите и се повеќе издржувам
http://www.youtube.com/watch?v=ZJ8Zdj0OPMI Со Џулијан се подружив денес.Секогаш кога ги правам вежбиве вода станувам Стварно така е комбинирано што ги опфаќа сите делови од телото а не само стомачните
браво за девојкиве, навистина ви се возхитувам шом не ве мрзи да вежбате.. јас одамна се токмам да одам ама никако да се кандисам.. иако немам проблеми со изгледот таман сум, ама сакам онака заради кондиција да почнам.. се надевам некогас ке се мотивирам ...
Денес вежби со тегови за нозе, 1час. Чучњеви со раширени и прави нозе, исчекор, и уште многу други. Задоволна сум од тоа како ми се оформи телото за ептен краток период.
Вежбав, вежбав, нормално. Само колку ме мрзи да пишувам у последниов период срам да ми е Денес нозе,стомак и кардио. Кардио-Трчање спринтеви, брзо пешачење, нормално трчање, трчање по скали и 30 мин степер.
Не пишувам секојден затоа што во принцип вежбањето ми се состои од 30тина минути кардио и 10-15 минути вежби за стомачни и задник,после кои што се чувствувам поолна со енергија