леле јас значи најмалку вежбам...по 10-15 мин..веќе 3 ден..9 вежби хахха одма почнувам 1 час морамм... не сум дебела..хаха
вежбав нешто повеќе од 1 час - вежби за раце со тегчиња, вежби за нозе со топка, стомачни (најмногу за странилните) и за крај склекови Yup
jas samo 33 minuti na orbitrek i nekako dosadno mi be[e, a ne mi se davaat pari za vo teretana ke mi bide badijala orbitrekov doma [mod-kirilica:hfsd0zor][/mod-kirilica:hfsd0zor]
денес у теретана 1,10саат на орбитрек +30 минути разни вежби на сите справи таму раце нозе стомак грб и ке се мерам у понеделник и ке ве известам колку имам ослабнато само едно ме интересира зошто осекам како мускулите да ми добија на волумен повеке
Затоа што почнало да се топи масното а да се зајакнуваат мускулите е сега незнам колку кг имаш ама ако имаш уште малку за симнување веќе че почнуваш да добиваш мускулна маса. п.с нема да станеш боди билдер не се плаши
Ух Ме умори денес теретаната, прописно. Си вежбам јас скоро секој ден, само немам време асално да седнам на компјутер. Вежбам 2 дена, па 1 одмарам, од наредната недела ќе вежбам 3 дена по ред, па 1 ќе одмарам. Денес 20 минути кардио, вежби за долен дел и стомачни (5 серии по 20). Добро бе, дај веќе еднаш нека се расчисти времево, да не дува и да не врне, па да пуштиме ноџиња на стаза, време е веќе еднаш да се отвори сезона на ролање! Едвај чекам!
znaci edna nedela od kako pocnav vo teretana i super e za sega... cela nedela pravev samo kardio 45min steper (so menuvanje na nivoa) 45min tocak 30min orbitrek od naredna nedela pocnuvam so kombinacija na stomacni btw DEVOJKI AKKO SAKATE POGOLEM EFEKT ZA TOPENJE NA MASNO TKIVO, kriticnite delovi zavitkajte gi so folija (onaa kujnska sto e prozirna). Vezbajte so nea i od koga ke zavrshite izvadeteja folijata, ke se zacudite kolku voda ke ima na nea (sto poveke voda, tolku poubavo)
60 мин орбитрек со менување на отпорот. 40 мин мал отпор за топење на мастите и 20 мин 75 отпор за зацврстување на задните мускули. 100 чучњеви. Како свинче сум испотено. Ама ако, се ближи летото, треба бикини да се носат
Денес ден за кардио вежби! Супер ми дојде како се изморив. 15 мин. вртев на точакот за загревање, потоа 1 саат кардио вежби, вежби на справите за грб и гради, плус и за раце со тегови и на справи.
30 мин. пешачење 10 мин трчање 10 мин скокање на јаже 25 мин вежбите на Јулиен (прв дел) - уште 1 ден од овој степен, па одам на level 2!
Пешачење 30 минути и кардио вежби. Од утре планирам да почнам да џогирам веќе редно е За Рајанчо ако треба и Водно нагоре ќе го трчам
Јас малку забушавав последнава недела дена Пилатес и кардио вежбите ги правев (до душа наместо секој ден, секој втор ден), ама точаков го заборавив... Немав толку време, а ни енергија, бев малку растрчана лево-десно. Денов го почнав со 45 минути пилатес вежби, стандардна рутина. Немав проблем со тоа, ама само што извртев еден километар на точаков - оооопп, ми се сврте во глава. Ми се затнаа ушите, притисокот ми падна, па сега седнав да испијам едно кафе. До душа и зелен чај си се напив сабајлево, ама не знам зошто така ми се случи. Осеќам дека сум изгубила кондиција. Претходно можев да извртам по 7-8 километри без воопшто да застанам, ама сега - јок Месецов ми е во план точакот да го заменам со секојдневно пешачење по 10тина километри низ ридови, за здравје таму некаде во мај да ја искачам Солунска преку Караџица. Има многу за пешачење, а ако сѐ оди во најдобар ред, и ако успеам да го искоординирам факултетот со тоа, ќе организираме тура. А ако ништо друго, барем пешачењето ќе ми биде плус.
10 минути кардио 10 минути за стомачните 50 чучњеви околу 20 lunges/расчекори Инаку мене многу помош ми нуду tumblr-от! Многу интересни работи научив од таму и рецепти и вежби и се Голема инспирација ми е
И ете помина еден месец од кога последен пат пишав. Горе-долу си го одржив ветувањето. Прво ми падна интернетот па неможев да пишам, па знаете како оди. Но одбрите вести се тука. Најдов совршени вежби. Не ги правам секоја ден, туку полека бидејќи се прилично тешки. Но добивам одлични резултати. Ова е плејлистата. http://www.youtube.com/watch?v=od0j4aND ... -R_vpDcWGG
http://www.youtube.com/watch?v=ZJ8Zdj0OPMI И плус сакав малку да направам рамнотежа 2x30 сек. планк 20 женски склекови 50 чучњеви
Одамна не сум пишала, дека забушавав по малку, не дека ич не вежбав Времево е криво, кога и да се расипе ме вади од колосек што и да сум почнала да правам Туку почнав со Левел 2 од Џилиен и едвај 12 минути издржав Така да месецов ќе си го вежбам Левел 1 неколку дена во неделата комбинирано со други вежби другите денови.