Временцево денес петка ,се израдував од сабајле .. Денес се фокусирав на трЧање и брзо одење во природа околу 2 саати ме фати ова , кога се вратив дома 6х30 серии стомаЧни и ЧуЧњеви , некои вежби за истегнување и толку за денес .. туку гледам многу малку активни на темава , изгледа мрза ве има фатено хахах ајде луге не се откажувајте не барајте оправдувања , активирајте се , да знаете само колку ке ви биде криво на пролет , не одложувајте запоЧнете денес !
Задоволна од денешниот ден - 30 мин. Tae Bo - Instant abs. и уште 5 мин. на Орбитрек, не можев повеќе Спојлер Денес ќе ви ја покажам мојата мотивација - не може да не ве мотивира
Супер се вежбите од Викторијац Цикрет !! За толку кратко време се познава дека телото е обликувано Мислев дека и овие се како и сите др вежби каде што морам да вежбам со месеци за да видам барем малку резултат. Е сега немам веќе изговори да не вежбам
Денес 10 минути на точак, 25 минути на лента брзо одење, 15 минути на орбитек, 20 минути на степер (кардио вежби)
И крај на 2рата недела. Резултати и баш немам,а и не ги ни очекувам толку брзо. Времево едноставно ми лета како лудо,дур трепнеш отишол месецот...
Уште еден ден стриктно за стомачните. Повторно кревање на нозете, за да се таргет долните стомачни и проблематичните остатоци од некогашниот појас. 900 репетиции денес. Сила остана и за 150 explosive in and outs. Девојки....ЧУЧЊЕВИ! Спојлер Ова е факт Спојлер И една охрабрувачка за фитнесџиките Спојлер
Летово имав одлична форма. Па Малце си се опуштив, си дадов време и одмор. Сега повторно се враќам со нова шема, нов режим и на маса. Качуваме, за да имаме што да чистиме од март. Мојот фитнес ден не можам да го напишам, мојот фитнес живот е многу долг. Но можам да кажам вака-летно време секој ден кардио и два пати поминато цело тело со вежби неделно. зимно време-секој ден кардио и еднаш поминато цело тело со вежби. Секој ден теретана, секој ден кардио, секој ден одлични резултати и НАЈБИТНО од се -внатрешното задоволство. Ослободувањето од стрес додека си во теретана...прекрасно нешто. Мојот живот целосно се смени од првиот ден кога почнав професионално да вежбам фитнес,не со намера да сум фитнес девојка, не со намера да сум билдерка...туку да сум СТЕГНАТА. Немам цел да излезам на натпревар ама имам цел ништо да не ми се тресе. Тие што ме познаваат, знаат за што зборам и што правам.
Значи кога не си вежбал со денови, мора полека полека да се враќаш во форма, а не како мене, оп одеднаш се изнавежбав и другиот ден во движење сите коски и колкови ме болеа. Од денес решив секој ден различен дел од телото вежбам, за да нема оптеретување, со по малку, ќе си стигнам до моите бројки од лани ова време и пред тоа. Значи направив 1х30 стомачни, требаше уште една серија, ама кичмата ме фати, и направив една серија од 20 станувања со свиткани колена со прекрстени раце пред гради и толку за денес. А, да ќе заборавев и на почеток правев планк ама признавам едвај 10 секунди издржав. ќе биде и повеќе со трењирање. Утре ги вежбам нозеве и само на нив ќе бидам сконцентрирана, едно 30 минути планирам лесни вежби. Едит: и додајте на сево ова и пешачење од сигурно 4км.
Одлично време за спорт. Поготово за на Водно Подобро е понеделник кога не работи жичарата за да не паднеш во искушение да се возиш со неа Одлично! Ветив и ќе си стојам до ветеното Пеш до горе и за сега добро се држам, мислев дека ќе ме болат нозе. Ќе видиме ситуација утре
50 минути на орбитрек и уште десетина разни вежби - чучњеви, стомачни, итн. Вкупно - еден час! Веќе три недели редовни вежби и диета, и промените се забележливи. Знам дека ова ќе биде долга борба, ама верувам дека сум на добар пат да ја извојувам. И не е веќе тежината во прашање, туку сакам добро обликувано тело - нешто на што до сега не сум ни помислувала. Сакам да ги победам недостатоците на моето тело кои вообичаено ги кријам со соодветна облека. Сакам да му го дадам на моето тело тоа што го заслужува!
Втора недела во теретана,денеска скоро час и половина Нозете и задникот ме болат,ама ако треба да болат после толку лежење и не мрдање редно беше
Моите фитнес денови започнаа уште минатата недела ама некако ми беше мака да пишувам плус беа со минимален напор за загревање и не беа вредни да се споменат. Од денес стартувам посериозно и поинтензивно. Си направив план односно овие 2 месеца, Ноември и Декември, да ги терам на Орбитрек со наизменичен напор, а здравје од наредната година, се надевам ќе можам да издржам, 2 месеца Инсенити за да се дотерам до пролет. Утринска гимнастика: 20 чучњеви помеѓу миењето и шминкањето пред работа и појадокот (задолжително јогурт со ленено семе - во пракса веќе неколку месеци) Вечерен тренинг: 30 минути Орбитрек, најизменично со активни и статични рачки. Забележав дека кога ми се статични рачките повеќе ми се напрегаат мускулите на задникот, грбот и спојлерите и потешко ми доаѓа па затоа почнав и така да го користам. После тоа некои вежбички за растегнување, затегнување, женски склекови со превиткани колена (10 на број), 30 чучњеви... Задолжително наутро половина час после појадокот зелен чај и пред вежбање со Л-карнитин за повеќе енергија и побрзо согорување калории и сега додека го пишувам ова тегнам и една чаша топла вода со јаболков оцет и мед. Во текот на денот минимум 2.5л вода, леб и пецива немам на мени, не сум по благото, а се останато си јадам во нормални количини. Годинава не се давам на нездрава храна и лежење, доста беа мрзливи зими и сало за извоз.
Денес требаше да ми биде ден за одмор, но го заменив со вчерашниот ден и уште подобро излезе бидејки вчера повозев барем 20мин. Орбитрек, што немаше инаку да ми се случи на ден за одмор Се сеќавате кога ви кажав дека кога ќе ги направам 50 мин. Tae Bo - Instant Abs. дека ќе бидам нинџа? Епа натака одам.. денес ги извежбав до крај, но од последните 15 минути кратев во серии, но претходно цркав на 30 мин. И бидејќи си чувствував уште енергија, си се качив на Орбитрекот и извозев 15км (42мин.) ...ќе ми кажат утре мускулите Спојлер
По неколкудневна пауза од вежбање денес извежбав 40 мин на потежок отпор на орбитрек, правев по неколку серии вежби за раце, стомак и задник со тегови, па 60 чучњеви и планк. Деновиве имам зголемена желба да се средам до совршенство па внимавам и на исхрана и пешачам секојдневно... Мора да биде, уште малку...
Денес повторно кардио тренинг во времетраење од 90 минути , прво орбитрејк па брзо одење на лента . Вежбав за нозе и задник на справи и со тегчиња , завршив со стомачни . 6х30 повторувања Добро се изнавежбав ... утре пак ...
Денес тренинг за нозе. Телефонот кажува испешачени 7,95км, а јас заокружувам на 8 и нешто испешачени километри вклучувајќи го и времето кога не е во мене телефонот, па кога шетам низ дома и тоа се чекори. Не издржав 30 минути, ама направив различни вежбички, можев и уште, ама почнаа нозете да ми се тресат, па да не ги затегнувам и оптеретувам прекинав. Направив 2х25 чучњеви. + 1х19 squats од апликација од мобилен со тегови, ама јас без тегови ги правев за 60 секунди. + front lunges на наше како исчекори не им знам превод - 60 секунди + side lunges странични исчекори - 60 секунди 1х10 вежба со виткање на нозете во колена и испружање и повторно пак повторување истото. 1х10 со испружање на нозе во исправена положба без виткање во колена со недопирање на земја. + ножички едно 20 секунди. + раширување и собирање на нозе- 60 секунди.