Јас си почнав да си правам уште од пред една недела. Уф како мнгоу подобро е Да ви се пофалам ми се направија веднаш стомачни. Ок, не се до тој степен.. Вака нешто Ама полека полека почнуваат и Си вежбам вежби за задник. Одлучив 100 чучњеви и 100 стомачни, и ќе си ги зголемувам секој ден Ќе ви пишам за резултати
Околу мотивацииве со слики... најдобронамерен совет мој е да не се споредувате со манекенките, туку со „обичните“ девојки кои се најреални од сите затегнати убавици во модните списанија. И ако желбата е да се има ваков задник: Тогаш оваа фотографија е сосема непотребна (премногу е слаба и не изгледа здраво) Меѓувремено.. Вчера вежбав наутро околу 35 мин кардио со раце, а вечерта ова http://www.youtube.com/watch?v=lj2lgl0PsYw (вежбите се супер, и одбројувањето исто, ама замараат воздишките на девојкава) Рацете ме болат, па затоа ќе се префрлам вечерва на нозе со следниве вежби: http://www.youtube.com/watch?v=MG69sFM1UIw
Не е нешто посебно но,за денес возев велосипед 2 часа. Иако ми е прв ден штотуку започнувам и нема да се откажам додека не го добијам саканиот резултат.
Спојлер Во ред, да. Факт е дека двете слики се тотално различни. Мене втората ми е далеку попривлечна од првата, но ете двете сум ги поставила. Знам дека е невозможно да се изгледа како манекенките од модните списанија. На темава сите ставаат слики од совршенство па затоа и мене ми служат како мотивација, инаку знам која е реалноста. Во секој случај благодарам што ми укажа на тоа. Во иднина ќе се обидам да внимавам на тие детали. Веќе започнав од сабајле. 1. Скокање на јаже (100) 2. Две вежби за стомачни (две сесии по 50) т.е. 100 3. Две сесии по 100 чучњеви т.е. 200
-40 минути кардио Тае-бо 10 минути вежби за нозе и задник 10минути за колковите 40 стомачни 6/90 ден од Ун п.с.Баш сега отворив во фитнес-предизвици.Dog-lover да те потсетам на предизвикот што ти беше до 1 јуни! Те следам, знам дека имаш резултати , па како си задоволна?
За денес вака... 1. Чучњеви 300 (три пати по 100) 2. Една вежба за стомачни (2 пати по 35) 3. Вежби за задник (3 пати по 32) 4. Скокање на јаже (100)
По неколку дена одмор: 4х25 расчекори 4х40 стомачни 4х30 чучневи 4х10 вежба за раце 4х30 вежба за нозе и задник 4х40 странични стомачни
4х50 долги стомачни 2х50 кратки 70 чучњеви 9 вежби за задник и нозе 1 час брзо одење 1 и пол споро одење
Се заборавив последниов период (можеби еден месец), не сум вежбала воопшто освен на тренинг (трчање, истегање). Од денеска па натаму ќе имам повеќе време да вежбам (ќе се распуштиме веќе, конечно) и то. Стомакот ми е таман затегнат, ама пак треба да се вежба. Кога ќе завршам ќе поставам слика. Инаку за денеска: http://www.youtube.com/watch?v=zE2tIaUyN5k Вежбиве по 2-3 пати Планк 4x15 сек. Страничен планк 3x15 сек. (на двете страни) 15 склекови Доста е..
Ауу еве ме и мене , почнав и со вежбање. Покрај секојдневното пешачење, денес официјално почнав и со Зумба. Гледам од нет и вежбам, луѓе тешко било Искрено не очекував, изгледа толку забавно, лесно, како да си играш во диско, ама не е бре пусто Цела се препотев и сега се осеќам супер. Се надевам за недела време секојдневно вежбање ќе биде полесно
Јас почнав со вежбање пред 2 недели , си се затварам во соба и саат време интензивно вежбам. 20-30 минути на орбитрек, па комбинирам кардио вежби, стомачни и тегчиња за рацете. Ако не вежбам дома, онда одам да извозам ролери или со велосипед на кеј, така да во неделата најмалку 5 дена сум доста активна. Е сега ми фали уште благото да го контролирам, ама како и да е ослабев 3 кила тренингот денес ми е од 18ч... wish me luck...
Јас ги правев вежбите на Мунстон.17 и кардио https://www.youtube.com/watch?v=fcN37TxBE_s 100-чучневи 150-скока на јаже
трет ден од циклус а веќе го достигнав својот рекорд 450 стомачни 100 чучњеви 10 вежби за задник и нозе чамец позиција со задржување од 30сек 10 пати брзо трчање по скали
1. Чучњеви 100 2. Вежба за задник (100) 3. Друга вежба за задник (100) 4. Стомачни два пати по 50 т.е. 100
http://www.youtube.com/watch?v=1919eTCoESo Страничен планк 4x15 сек. (на двете страни) 10 склекови 150 стомачни