37 ден од вкупно 48 денови. Уште малку и завршувам. 1. Чучњеви (50) 2. Вежба за задник (90) 3. Вежба за задник (100) 4. Вежба за задник ( 60) 5. Вежба за задник (60) 6. Вежба за стомачни (50) Спојлер
https://www.youtube.com/watch?v=ujMP41Rphzc https://www.youtube.com/watch?v=qX9FSZJu448 му симнувам капа на чоеков, секоја чест (посебно ме мотивира затоа што и јас имам проблем со коленото, но сепак it's possible)
Брзо одење(на делови и трчење)-7км орбиттрек 600 калории на разликни нивоа скокање на јаже-10 минути( второ ниво-со двојни скокови) склекови-10(за прв пат во животов) и планирам да возам велосипед подоцна-ама како за прв ден можеби и нема
3та недела Insanity, тукушто го завршив Cardio Recovery. Утре пауза, па од понеделник Plyo Cardio Circuit + Chalean Xtreme + вежби за задник, зашто ми здосади само кардио 3 недели по ред! Една работа што ја сфатив откако почнав со Insanity - дури не влезеш во тој фит mindset што го имаат сите што редовно вежбаат и си се грижат за физикусот, ич не ти е гајле како ќе ти се одрази тоа парче чоколадна торта после ручек на телото, на расположението (ти го дига серотонинот, за после кога ќе ти се спушти да имаш уште поголема желба пак да посегнеш по истата junk храна) и на се останато. Немаш гајле за викендите кога цело твое друштво пие, па ајде и ти да не останеш покусо од ‘‘феноменалниот‘‘ провод што сите го имаат - и ти ќе се начукаш!! Да не зборам за денот потоа, а уште помалку за нутри факти околу алкохолот. Не ти е битно да си во кондиција да можеш физички да издржиш секаков терет и активност, а уште помалку можеш да ги сфатиш бенефициите од вежбање! (зашто на прво место и не можеш да ги осетиш бидејќи НЕ ВЕЖБАШ!). Поентава на сето ова ми е колку може да ти се промени животот за 360 кога ќе одлучиш да се бавиш со физичка активност - редовно, без изговори, со 100% посветеност во тие саат-саат ипол). Со секое наредно притискање плеј на Инсенити, сфаќам колку е важно да работиш на себе, да си ги туркаш сопствените граници се подалеку и подалеку и да се изненадуваш самата себе колку НЕОГРАНИЧЕНО силно и издржливо ти е сопственото тело! Ја сфаќам плитката и мизерна агонија по брзите задоволства, од нездрава храна до седење на фб кога треба да завршиш нешто битно што ќе те подобри и унапреди, е се откажувам од таквиот медиокритет!!! Сега ја сфаќам целата таа концепција за живеење во целиот потенцијал што се поседува, со искористување на сите квалитети физички и ментално. Сфакам дека има МНОГУ ПОВЕЌЕ позади тоа да трчам побрзо, да дигам потешко, да скокам повисоко.. Во сржта на сето ова е да се стремам и да го ЗАРАБОТАМ МОЕТО НАЈДОБРО ЈАС!! ... и ете така си се испразнив од она што ми се врти во глава веќе месец дена откако активно си вежбам, зашто ако не тука моиве другарки секако ќе сметаат дека сум скренала да чујат вакви полемики, од ‘‘едни прости саат ипол кардио дневно што го правиш‘‘. И така, имајте убав и активен викенд!
на пладне: 5 вежби за задник 20 двојни чучњеви 2 вежби за стомачни по 40 повторувања од 19 часот до сега: 10 вежби за задник и нозе истегнување(вежби на др.ОЗ) 280 стомачни(4х70) 40 странични 2х20 планк и чучњевите ги заборавив само 50 направив во план ми се уште Спојлер голема мотивација ми се девојките од џенталмен чојс на фб ама нивните слики не излегуваат.посебна мотивација ми е Ангела Јаневска ја поставив во претходниот пост
Девојки добредојдов во клубот Вчера возев велосипед онака за загревање околу еден час и повеќе со паузи. Денес почнав онака поинтензивно со вежбите од Jillian за six pack abs и вода ми течи... одморив малку и направив и 50 squats и буквално се тресам.. немам воопшто кондиција а и ова ми е прв ден. Се надевам нема пак да залегнам .. Решив да се водам спрема ова Wish me luck! :up:
1,5 km пешачење,знам не е многу но како што не одам пешки воопшто во последниве неколку години ова е супер за почеток
Вчера кардио само Денес поточно сабајлето склекови, чучњеви, и стомачни . Утре од сабајле идеме со трчање и исто вежби за стомак и склекови. Спојлер П.с. Не сум ве заборавила да знаете Спојлер
38 ден, ми стана навика и веќе не можам без да вежбам. Имам уште 10 дена до исполнување на мојот фитнес предизвик, значи вкупно 48 денови. И секако дека потоа повторно ќе си вежбам, но нема да бидам толку сурова спрема себе пр. кога ми е лошо или кога сум болна, кога имам добиено. Од сабајле најубаво ми е да вежбам. 1. Чучњеви (100) + 45 напорни минути различни вежби за задник.
Класичното вежбање е прездодевно за мене. Тоа не е за мене. Играм, мноооого играм денес. Еве вака, баш вака. Заедно со метрополис, метоксичнооо на метрополиисс Веќе вака сееекој ден ќе вежбам. По испотена во живот не сум била... ооо,да! П.с. По гаќички и прслук сум. Недај боже да ми влезе некој, ајде завржија рекламите, ојдов јас
Резултатите до сега постигнати се предобри, и се гордеам со себеси Си терам некои комбинации од Insanity: денеска Core Cardio & Balance + Cardio Abs, и 250 чучневи.
Денес 55 чучњеви и прв ден од вежбите за стомачни и малку пешачев и трчав. Од вчера имам голема болка во мускулите, ама вие сите ме мотивирате тука и не се предавам.