Ариел може и тебе како кај мене на степерот батериите ти рикнале, јас демек ќе си правев и историја на вежбање, буткај, буткај на тоа степерот, пола епизода ЦСИ поминала а мене на дисплејот само 8 минути Денес држете среќа, пак сум на тренинг, спремна сум само денес да ми се падне финиот тренер, малку да ги одморам мускуливе, ќе рикнам ми се чини со темпово
Луѓе утрово пак не трчав Имав обврска некоја до град,и ова уште рано насабајле страшно жешко е.Вечер идам на тренинг саат време.Ваљда кардио.
Луѓенца, ова ми е 42 ден ! Уште 6 дена, јееееееее и готова сум! Навистина ми е мило што има резултати какви што посакувам. Пресреќна сум. Ќе издржам уште 6 дена, а потоа долгоочекуваниот одмор со новото телце, кое самата успеав да си го преобразам. Ах. Како и секогаш, различни вежби за задник + возење ролерки.
Досега: 300 стомачни; 100 класични склекови; и 1 час трчање. А подоцна ќе се обидам уште со видеото од Јiliian ако можам и со вртење на хулахоп.
Денеска на д-р Оз кажаа 30 секунди скокање во место и 15 секунди одмор.И викам јас ај да пробам и луге послем 15 минути се повторување скокање,одмор цела сум водаа . Не ми се веруваше колку се испотив поише во живот не сум се испотила Еее ова најмногу го сакам ПРЕмногу да се потам а да не бидам кузне колку изморена
Првите 2 недели од Body Revolution се толку едноставни за правање, гола вода во споредба со 30 Day Shred... А првите 3 дена ми беа воспалени мускулите, нешто што одамна го немав почувствувано... И на вежбите се убиваш од потење, а на кардиото пак, во комбинација со жешкото време - буквално се се цеди од мене. Толку едноставни, а толку ефективни. Инаку денес ми е ден за одмор после првата недела, па сум само на пешачење. Туку јас за друго дојдов... за мотивацијата... http://www.youtube.com/watch?v=nhRzkGpdQdk
Преживеав 20 круга на точак со поголем отпор, отприлика 12 минути, поминати 5 километри точно вежби за загревање околу 5 минути 3 серии по 30 чучњеви+50 скока во место+13 круга во сала И да се рабереме, не забушвав воопшто Ама денес ми се падна финиот тренер
БРАВО ДЕВОЈКИ! ВИЕ СТЕ МИ НАЈГОЛЕМАТА ПОДДРШКА. Инаку јас скоро секој ден вежбам,одам на плажа,играм кошарка,но не пишувам овде. Со среќа,се читаме.
13 круга трчање во сала+30 чучњеви+50 скока - ова за загревање 7 серии по 10 склек-скокови+15 чучњеви+20 стомачни 25 минути степер на нормален отпор за крај Денес мислам дека најмногу се испотив и според мерењата имам симнато 5 сантими за две недели вежбање, ама ги рачунам за невалидни пошто првото мерење ми беше некаде пред добивање, подувана во стомакот од ПМС, во секој случај на мене осеќам некаква разлика, минимална ама ја осеќам, а и јас се осеќам подобро, е да не беа овие главоболки страшни уште, ама не се откажувам, мора да се најде чаре, или ќе се трпи
Девојки ви се восхитувам на тие што правите над 100 стомачни Јас едвај 20 ги правам Инаку вежбав 20мин.на орбитрек-жива вода се сторив. 30 стомачни -не ми се смејте,толку можам 20 чучневи Мотивација- тој одпозади што си го носам да го намалам
вчера после доооолгиот шопинг бев преморена и ме болеа и рацете и нозете,не вежбав одмарав. денес-10 вежби за задник и нозе расчекор 30 пати 240 стомачни 2х20 планк glute bridge-60 2 вежби со кревање на нозете за затегнување на долни стомачни-80 чучњеви ми се во план
Завчера исто сабајлето трчање. Вчера стомачни, склекови, чучњеви и нз уште што Денес си зедов за право да се одморам, утре пак нешто ке продужам и така женски
-10 вежби за задник и нозе -15 чучњеви со тег -120 обични чучњеви -640 стомачни -дел од вежбите од six pack workout abs level4 -планк 2х40 -40 скока на јаже реакција на мајками кога ме виде испотена:Леле Драгано ќерко си аздисала...
Сабајлево уште во 7 почнав со џампинг џекс неколку серии: х20 џампинг џекс, 10 сек. одмор. Изгледа ова super moon-ов ми влијаеше, оти, неколку дена по ред се молам себе си да почнам... последно имав речено: ај од 1ви јули Покасно ќе правам и други вежби (стомак,грб,раце - од вашиве вежби), плус џампинг џекс. И така. Ви благодарам за сликичкиве за мотивација.. оти делуваат.
20 минути трчање 15 минути трчање по скали 50 обични чучневи 30 jump squats http://www.youtube.com/watch?v=mGvzVjuY8SY повторување на цела програма по 2 пати
ChaLEAN Xtreme Lower Body Zone Extreme + http://www.youtube.com/watch?v=3WHiONLT ... k&index=14 + комбинирани вежби за препони.. Нозеве ме молат за милост!!! Сепак на крајот нема подобро чувство од она после добар тренинг, и ова сега - кога не можам да дочекам да идам во кревет
20 чучњеви со тег 10 вежби за задник и нозе 10 вежби за стомак 10 пати трчање по скали нерасположена за слики
Мотивација никаква... како се мотивирате на жешково време? Тргнав да вежбам денес... И само што ми капна првата капка пот на подот, станав и престанав... Не бев изморена, не ми беше тежко.... Едноставно ми беше премногу жешко Никогаш немам прекинато со вежбање. Кога почнам нешто не го прекинувам... а денес... се изненадив од самата себе...