денес бев цееел ден активна прво рано рано сабајле извртев дома на орбитрејк 30 мин па цел ден во движење , пешачење наваму натаму и за финиш теретана вечерва , Денес вежбав на справи само и со тегови за горен дел рамо рака грб кичма и стомачни неколку врсти 6 серии по 30 повторувања енергија невидена денес чиниш 10 ред була сум испила хахах денес имав помалку кардио но сметам дека добро е така еден или два дена во неделата . утре пак
Денес еден саат на орбитрек. Додека вртам на орбитрек си пуштам филмчиња, па ако не дрго, се изнагледав филмови колку што не сум изгледала вкупно последниве 10 години Не се само филмчињата, придобивките од фитнесот се веќе тука. Веќе нема воспалени мускули, полна сум со енергија во текот на целиот ден. Баш тоа што ми требаше!
Успешно заврши и денешниов ден. Стандардната утринска рутина, нормална исхрана и 30 минути Орбитрек во тотал потрошени 210 калории и извозени 14 километри плус дополнителни вежби за нозете. Сега си го цуцкам чајчево од мед и јаболков оцет, 2-3 оревчиња и на опуштање во када. Морам да признаам дека тоа што гледам одлична активност на темава дополнително ме мотивира. Браво женски и ЕлеМентал, одлично е што ве има овде.
60 склека со рацете на ниво на гради, не рамиња, скоро залепени за телото, за таргет на горниот дел од градите, 30x30 репетиции кревање на нозете + 200 explosive in and outs + 150 чучњеви. Кардиото ми е запоставено во последно време, утре ќе спринтам скали. Пократка изложеност на студ, повеќе согорени калории. Ве читам и само би сакал да ви кажам, девојки прекрасни сте. Само напред. Посебен поз до Lux и нејзиниот камбек
Со тешко срце признавам дека моето секојдневно вежбање е на пауза. Обрвските ми се зголемија двојно, цел ден сум надвор, а тоа малку време што го имам го користам за учење. Викенд обавезно скокам на јаже, а стомачните и чучњевите не ги оставам. И онака не одземаат ни половина час. Олеснителна околност ми е што цел ден се движам, на вежби само стојам, и строго трчам по автобуси. Тоа е тоа
здраво денес добар кардио тренинг трчање 30 мин орбитрејк 45 мин степер 15 мин епа доста е за денес сега си се опуштам со топло чајче и чаша цеден лимон
Елементал најголем поздрав до тебе, ако не беше темава, мојата мотивација немаше да биде олку голема и немаше да се вратам на вежбањето до декември, ама заради темава која ми е омилена се вратив на вежвбањето побрзо. денеска имав енергија од сабајле, ако ми е овошен ден, па си извежбав фино лепо уште во 11 часот, плус не бев на факултет денеска дека ни беа одкажани вежбите. 3 км пешачење. 2Х50 варијанта на стомачни, исто значи како стомачни, само рацете не зад глава туку испружени и со нив ги допирав прситве на нозеве. 1х25 со свиткани колена и прекрстени раце 2х2 минути трчање во место со потскокнување jumping jacks на мој начин изведени х 30 пати. Значи комбинирав и кардио малку и вежби за стомак, можев уште, ама да не се оптеретувам иаонака од вчера ми се оптеретени мускуливе на нозе. Тоа беше мојот фитнес ден, утре со нови сили.
Сакате ново фитнес другарче? Морав да ви се придружам. Ви се воодушевувам, продолжете само така, не ви бега телото кое го посакувате отсекогаш. Само што извртев саат време на орбитрек и на степер бев 10 минути. Под туш и еве како нова сум. На УН диета сум веќе една недела. Утре посериозно со insanity програмата. И кога ќе ме праша некој ее зошто од сега вежбаш, јади си и така облека се си покрива Да, да така било тоа. Ќе гнетам се живо и диво зимно време и ќе покривам сало со туники и мидери а после пролет - лето дојде за глава да се фатам. Ми текнало на мене ооо па јас тело сум имала Факт е дека за краток период после тоа што сакаш да го постигнеш нема да можеш да го направиш. Форсирање за две недели, диети 8 дена - 8 кила ( Само вода тргни од себе ) Несакам веќе така !!
Престанав да вежбам немам мотивација слаба сум и имам страв да не до ослабнам (глуп разлог). Редовно ве читам и мило ми е за сите се надевам дека ке имате многу добри резултати и дека ке постирате некои вежби за ставање облини Спојлер
70 минути на орбитрек. Искрено, можев да си го догледам филмчето до саат и пол, ама викам ај да не плачам утре Полека, полека... Кај и да е ќе можам со едно вежбање да си ги изгледам сите продолженија на Стар Ворс Зошто вежбам?
Си вежбам јас секој ден, само што не известувам редовно Денес мојот фитнес ден изгледаше вака: 15 мин. степер - стандард 4 вида на вежби за задник и нозе со тегови 4 серии по 15 повторувања 2 вежби за гради со тегови 3 серии по 15 повторувања 3 вида стомачни - вкупно 300! И мислам дека беше доста! И да, решив дека морам да намалам со јаглехидрати во исхраната.Сега пазам да внесувам јаглехидрати само наутро.Не дека имам проблем со тежината, ама вежбањето има поголем ефект со правилна исхрана. Јас вежбам со години,ама никогаш не сум пазела на исхраната.Е, сега дојде време и тука ред да се направи
Денес за малку ќе ја кикснев работата ама не се дадов Имав бурен ден и мислев да прескокнам вежбање денес, но ми текна на тоа дека најлошата вежба е онаа што никогаш не се случила и решив да се помачам и пробам колку можам, толку. Она што открив е дека можам многу и си извежбав исто како претходно: 30ка на Орбитрек и останати вежби, а имам енергија да смотам уште најмалку пола од тоа. Дојдов до заклучок дека мозокот и мрзата ти се чудна работа и наведуваат кон состојба на вегетирање додека пак мускулите и енергијата кажуваат нешто сосема спротивно. ----------------------------------------------------------------------------------------------- И да се пофалам, за недела дена редовно вежбање и правилна исхрана успеав да намалам еден конфекциски број на фармерки, не целосно, но доволно за да влезам во нив.
И јас вежбам скоро секој ден 2 дена вежбам, третиот одмор. Само не пишам тука редовно, немам време Денес: *30 мин орбитрек *стомачни 3*20 (долен дел) 3*20 (горен дел) *задна ложа(нозе) на шутер 5 серии по 15 (првите 3 со 10 кила др2 со 15 кила+тежинатанасправата *др вежба на справа за задник 3*10 (потешка ми е таа) после пак кардио Мотивација сте ми вие тука поздрав
Денес пазуа, 5 дена ќе вежбам, 2 дена ќе одмарам. Ама, пешачењето денеска ми се рачуна како физичка активност зошто верувале или не имам испешачено 17,73 км, а јас заокружувам на 18. Така ми мери Walkroid апликацијава на телефон, би требало горе-долу да е точна. На релација значи 40 минути до факултет и назад исто толку, па пак од дома до ГТЦ(шопинг скитање 3 часа по продавници) и пак назад до дома. Нозеве ми се капнати, мускуливе ме болат, а ме фаќа страв дека и грч ќе ме фати ноќеска, немам ни еден атом сила за чучњеви што ги планирав, затоа правам одмор денеска и секој четврток ќе ми биде ден за пауза. Ух,
Уште еден успешен ден и повторна победа над мрзата и удобниот кревет само со разлика што денес стварно бев исцрпена и ненаспана. Пројде и тоа, сега го пијам чајчето, бањање и во кревет. 30 минути Орбитрек со 200 калории и 13,5км 20 женски склекови (што за моите неувежбани рачиња е прилично многу) 30 чучњеви + вежби кои не знам како се викаат ниту пак да ги објаснам али се за затегнување задник и нозе. Ми текна и се сликнав да имам една фотка од пред за после некој месец да можам да направам споредба и да го забележам напредокот. И мојата цел за наредниве месеци:
Еден саат на орбитрек, и уште една комедија на ејч-би-оу. Мора да си симнам некоја серија, кај и да е ќе ги изгледам сите филмови. Ама само така не ме фаќа досада додека вртам на орбитрек, инаку не би издржала ни 10 минути. Туку, имам една мака со вежбањето. Немам време да вежбам преку ден и морам тоа да го правам навечер, па после имам проблем да заспијам. Сега пред малку завршив со вежбање и се чувствувам како да е 9 сабајле. Ама утре сабајле ќе ми се плаче. Особено што утре морам да излезам од дома во 7.15, да возам саат и пол сама во кола со ЦД со песни што не ми се допаѓаат. Периодов ми треба кардио, затоа вртам орбитрек по саат време на најмал отпор, ама се мислам дали да го намалам времетраењто на вежбањето, а да го зголемам интензитетот. Едноставно, морам да завршувам порано, 11.30 навечер, па и 11 нека е, е многу доцна. Станувам во 7, некогаш и порано, а ако сум ненаспана послабо функционирам. Што ќе препорачате?
Ariel, кога сум многу зафатен правам две финти со вежбањето за да не го испуштам денот. Чим се разбудам во кревет пред да станам ги правам стомачните вежби и тоа неколку различни вежби во повеќе серии. Можеш и планкот да го направиш во кревет (душекот ми е прилично тврд така да немам проблем). Друго, ако седиш подолго на столче во канцеларија или дома пред ПЦ има повеќе вежби што можеш од седечка положба да ги правиш или станата пред ПЦ, не се толку кардио како орбитрек или џогинг ама замараат и секако даваат ефект. Ако однапред се подготвиш за немањето време можеш да ги завршиш многу пред 11 саат и на раат да си легнеш. Јас сум ист како тебе ако не се наспијам цел ден ми е малку неубав (си го сакаш креветот )
Ариел истиот проблем го имам и јас со вежбањето доцна ама не можам никако да го правам тоа порано. Јас кога се враќам од работа, тоа е накај 17.30 одмарам дома, па ручам и пак одмарам да ми спадне јадењето и поминува време до кај 21ч. После тоа додека се наканам да станам и плус целиот процес за вежбање ми е цел саат, си поминува времето и ме фаќа 23.30, а некогаш и покасно. Наместо јас да спијам имам вишок енергија и се борам да заспијам па затоа секое сабајле војна водам со себе додека да станам. За разлика од тебе јас вежбам помалку, но и да сакам немам време за повеќе. Кога ќе осетам дека веќе не ме задоволува ова ниво планирам само да го појачам интензитетот и брзината, но времетраењето не. Пробај така, ем ќе заштедиш време, ем ќе се извежбаш.
Знаеш јас што ќе ти препорачам Ариел? Да си легнуваш порано ако можеш и ако обврските ти дозволуваат, да си го навикнеш организмот на будење час порано од вообичаено што треба да станеш, на пример ако треба во 7 од дома да излезеш, со тешки сили да станеш на пример во 5 и 30 и да извежбаш до крај 6 и нешто, па да се спремаш, ем ќе имаш цел ден енергија, ем ќе немаш да имаш обврска вечерта да вежбаш и да имаш несоница. Само не знам колку е добра идеја да стануваш многу рано, ако после си ненаспан, ама ако имаш услови за легнување во 11 часот вака гледано идејата за порано еден час станување не е воопшто лоша. Се нема време или се вежба на вечер или на утро, јас повеќе го сакам утринското иако и јас немам време да го практикувам, ама ќе гледам некако да го вметнам во утрата, т.е да си правам утрински вежби, ќе изведам некако или па два пати на ден ќе вежбам, неколку минути на утро колку за енергија и раздвижување, па другиот дел на вечер. Абе, се за убаво тело, ако продолжиме вака сите да вежбаме, како што сме мотивирани, темава повеќе мотив ми дава од сите други теми во диети и фитнес, има да се направиме НАЈФИТ личности во цела Македонија