На Водно, од доле до средно со не многу наивно темпо. Жива вода бев, ни Џилиен Мајклс ни орбитрек не ме потат толку Чувството е прекрасно!
Утрово,снадард-утрински тренинг!Папсав,пак.Многу жешко бе.Прво истрчав 9 круга после аеробик.... Вечер планирам пак на аеробик да идам... Аааа од понеделник се селам у Ск,кај има најевтини часови по Аеробик,Кисела Вода,по можност?
Охоо и денес си бев активна Секој ден сум си, ама тука баш не пишувам извештаи секојдневни Денес 20 мин. трчање, и 20 мин. брзо одење ( инаку јас незнам во км да мерам, во време си мерам ), планк 40 секунди стомачни 50 грбни 50 вежби за задник и нозе по 30 повторувања 50 чучњеви 100 скока со јаже и доста ее... со трет ден добиено и премногу е
денес поживаа имам голема инспирација 40 превртени стомачни 60 стомачни од сабајле 270 вечерва стандарни вежби за задник и нозе и + некои нови од Јулијана планк 2х30 и планк на една нога по 10 сек 15 мин трчање за почеток е добро
Пројде и ден 3,полека набивам кондиција и добивам сила.Нема толку големи болки во мускулите. Еве што вежбав денес http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... vJfy2hkquA
Денес пак на Водно - од полицијата до средно и назад. Немам никаков проблем со мускулите, ништо не ме боли, само никако дишењето да го погодам. Некако ми снемува здив, и тоа многу ме оптоварува. Не можам да земам воздух колку што ми треба, веројатно поради алергијата на полен. Дишните патишта никогаш не ми се целосно проодни. При помала или никаква физичка активност немам никаков проблем, но кога се качувам на Водно, ух, страшно е!
Мислам дека ова ми е околу 60 и некој ден веќе не бројам (со 8 дена прекин со чучњевите, но затоа секој ден бев на зумба) затоа што го исполнив ветеното од 48 дена. За денес ова Спојлер Доколку некој има предлог нови јаки вежби за задник дека сум со кондиција, нека ми предложи ми се здосади два месеци едно те исто. http://www.youtube.com/watch?v=Tge5BflPa-g http://www.youtube.com/watch?v=SmcLB9ObdOM
Секој ден трчам по 1 час...Од 6 до 7 и после правам стомачни и широки(женски склекови). Понекогаш кога имам време возам и ролерки.Трчањето ми стана како секојдневна обавеза.
Некаде кон крајот на првиот месец конечно имав добар тренинг Загревање со трчање во сала, чучњеви, скокови и вежби за истегнување. Е тогаш ми се појави тренерот со наредба, 120 склек-скокови, ако преживеам...преживеав и на моја иницијатива со оглед на тоа што имав претерано многу енергија направив уште 60 класични стомачни, 30 со нозе, 60 скока за кои дознав дека се викаат пеперутка, и за крај нормално 20 минути степер Бев и повеќе од мокра, бев преморена, ама за прв пат задоволна после тренинг
Трет ден на Водно. Денес не беше лесно, морам да признаам. Кога дојдов на работа едвај се качив по скали до втори спрат Ама чувството е незаменливо. Не мислам само на трошењето енергија и доброто потење при качувањето нагоре кога буквално чувствуваш како делови од тебе се топат. Нема поубаво чувство од тоа да бидеш во природа рано наутро, кога денот штотуку започнал, а градот се уште спие!
За денес ова http://www.youtube.com/watch?v=Tge5BflPa-g http://www.youtube.com/watch?v=-C7IJM7skLk http://www.youtube.com/watch?v=Ux4tzO6Uaxk Задоволна.
Да се приклучам кон друштвото мојот фитнес ден се состоеше од: 5 км џогирање односно 45 минути отприлика од 05 часот. сабајле, 10 мин вежби за нозе и задник.... Доста е за една мајка на мало дете колку да се одржувам во форма Пешачење од дома до работа и назад околу 4 км.
И јас пред неколку дена почнав со вежби. Од време на време вежбам и се откажувам, ама сега нема откажување Правам вежби за зацврстување на задникот и стомакот, бидејќи сум слаба немам проблеми со вишок килограми сакам само да се зацврстам. Ги правам некои од вежбите кои ги имате постирано. Почнав и повеќе да пешачам, најубаво ми е кога одам за на работа, бидејќи работата ми е блиску 25 мин пешки,наместо да одам со кола или со такси, поубаво и покорисно ми е да пешачам. Така да се раздвижувам од сабајле - нема поубаво од утринско пешачење и вежбање.
Веќе 10 дена по ред како вежбам секој ден. Денеска џогирав 2 километри, стомачни 50 и трчав по скали 10 минути.
Рутина: 5 км трчање околу 45 мин. 15 мин везби за стомак, нозе и задник пешачење до работа и поручек назад...
Водно - ден 4! Денес веќе две минути побрзо од вчера, и за прв пат не помислив дека ќе умрам Уште да научам да си легнувам порано, па сабајле да не ми се спие. Ај сабајле станувам некако, ама цел ден зевам на работа Станувам во 5.25, а околу 5.45 сум кај полициската станица. Морам да одам толку рано, да се вратам до 7.15 дома, за да стигнам до 8 на работа.
Денес стандардно, класика. Чучњеви. Веќе обожавам да правам squats. И ете, сега си се чувствувам исполнето, како кога си ја завршуваш дневната мисија. Спојлер