Мојот фитнес ден овојпат се состои само од чистење низ дома, одмарам од вежби. Ама еве ќе ја пишам мојата мотивација - две мускулчиња на стомакот веднаш под градите Си се гледам пред огледало и си викам сигурно бладам, затоа што повеќе ми беше логично стомачните мускули да се појавуваат истовремено, со текот на вежбањето, а не пар по пар. Дури и срам ми беше да пишам на форумов, па се консултирав со StefChef. А откако тој ми пиша, и откако убаво расчепкав на интернет (замислете налетав на веќе поставено прашање - is it possible to have 2 pack abs), дознав дека кај жените најчесто се појавуваат горните мускули, а со напорно вежбање се појавуваат и долните. Не ми е тоа целта, 6 pack abs на жени мене ми изгледа непривлечно, а освен тоа StefChef ми посочи некои негативни последици што се јавуваат кај жените. Зборот ми беше - вежбајте пилатес девојки. Се исплати! Да напоменам дека јас овој резултат не го постигнав со којзнае колку напорно вежбање (има далеку понапорни вежби што сум ги гледала). Јас вежбам 3 пати неделно, во последниве неколку месеци малку поактивно затоа што имам повеќе време. Со пилатес почнав за првпат пред околу 3ипол години и веќе си ги научив вежбите кои кај мене имаат најмногу ефект, па сама дома вежбам Патем:
Водно, до врх брда, по едни зезнати најпланинарски патчиња и чистење низ дома. Инаку цела недела возам точак на кеј, и мислам дека ништо не ме опушта како тој половина час до центар и назад. Без форсирање, за една недела супер кондиција си прибрав, од утре планирам цела стаза да ја поминам, до Влае и Центар. За себе сфатив дека најтешко ми е да почнам. Во моментот кога ќе почнам ништо не ме сопира, дури и знам да претерам. Навистина нема ништо поубаво од оној момент кога си буквално жива вода и знаеш дека одлично си извежбала и дека едноставно вреди. Полека се принудувам да се качувам (се симнувам речиси секогаш) по скали. Ме нервира што живеам високо, не ми е толку напорно колку што жива вода сум кога ќе стигнам дома, не дај боже одма да треба да излезам.
Не ви пишував долго.Одев на фит камп во парк,трчав на кеј и денес од фит камп бевме до средно водно.Тоа е тоа.
100стомачни-неверував дека ке ги направам но ги направив(серии си правев,не наеднаш) 20мин.на орбитрек чучневи незнам колку не броев но не беа над 50. Мотивација-Гордана10 и Витомир
Не го потценувајте чистењето низ дома, вреди секоја потрошена минутка. Ем ќе ви биде чисто, ем трошите калории. А чистењето секогаш почнува од некаде, нели? Телото, душата, куќата - се тоа е дел од нас Едно добро чистење низ дома + Ripped in 30 week 1
Денес го качив Водно со неочекувана леснотија - за 29 минути, минута и пол помалку од досегашниот најдобар резултат. Денот беше совршен за качување, а Скопје од горе изгледаше прекрасно! Воздухот е прилично чист од ветерот, а сонцето се пробиваше низ облаците. Прекрасна глетка!
Си вежбам јас, веќе две недели, со по ден-два пауза неделно на фитнес. Најчесто по 15тина мин на орбитрек па 15 на лента брзо одење, нормално на колку што можам повисок успон(засега до . Потоа правам разни вежби, за стомак, чучњеви итн, кога како. Се на се, испод 40 мин вежбање не сум. Засега толку, набивам кондиција, понатаму здравје
Повторно вежбање.. Но овој пат цееел ден на нозе. Помагав при сукање на кори половина ден.Станата од 7 30часот(имав работа,одење ова она)..Правев генералка дома,метев двор надвор. Стомачни пак 100..Орбитрек 20минути пак..Испотена,задоволна одам под туш. А да,заборавив.Мотивација-намалување на моето стомаче,а морам да се пофалам за исхраната многу краставичиња јадам
Денес вежбав точно саат време, истото што и до сега само на Орбитрекот почнав со потешка програма. Се препотив
Цел кеј од Обединети нации до центар и назад. И сабајле пилатес на што многу се израдував. На МаксТВ има еден совршен програм Fine network living и сабајле има емисии од скоро еден час за вежбање. Бидејќи беа ептен рано јас си снимав една за јога и една за пилатес да видам какви се. Тоа со јога ич не ми се бендиса, ме нервираше тој инструкторот ама таа со пилатес е прекрасна. Жената одлично објаснува и секоја емисија изгледа има вежби за различни делови од телото. Сабајле беше за тонирање нозе и навистина се чувствува како се затегаат мускули иако ќе речеш пилатес вежбаш. Бидејќи од 7 сабајле почнува емисијава а јас немам намера толку рано да станувам, ќе си снимам и накај 9 одсабајлечки вежбанка. Ептен се израдував.
Епа дечки и јас ќе ви се придружам Си вежбам редовно и задоволна сум Денес уште од осум саат: -2x30 склекови -2x30 чучњеви -2x30 стомачни -2x60 sec. планк -300 скока на јаже со 2-3 паузи После некаде на пладне си го завршив вториот фит тест од инсенити ама не ме факаше место па уште едно видео извежбав и на крај уште стотина скока на јаже Јас сум си презадоволна од денешниов ден Спојлер
ииии, ова сите македонки ко од викториас сикрет според вежбањево - 2х25 стомачни, на даскине надолу наведнати; - 10мин орбитрек - на јутуб од fitnessblender вежби од 2 видеа по 10мин
8 км трчање без престан за 50 минути. http://runkeeper.com/user/stefchef/activity/213516961 Ако сакаш адни ме за пријател. После тоа серии х повторувања. Чучњеви 6 х 15 Склекови со додатен отпор 6 х 15 Влечење вертикално со отпор 6 х 15 Подигнување на листови со 30кг 6 х 15 Мртво кревање со торба 30 кг 6 х 15 Преса за рамења со ластици 6 х 15 Бицепс потисок со ластик 4 х 15 Трицепс разбој на столица 4 х 15. Пауза помеѓу серии до 45 секунди макс. Потење до максимум
Се гордеам со себе и со 11те километри што ги истрчав за 59 минути! Малце како потресена бев, ама тушот ме среди