Денеска не вежбав од оправдани причини собата каде што скокам со јаже и ги правам останатите вежби брат ми максимално ја користи со неговата девојка шта чеш -.-
извештај за вчера и денес вчера , повторно кардио тренинг 60 мин , па вежби за нозе задник и стомачни денес , кардио тренинг 90 мин , па вежби за горен дел (рамо раце кичма грб ) и повторно стомачни . Со другарка ми си правевме трка на лентите која повеке ке издржи , па нормално јас поинтересно е кога вежбаш со друштво ,за мускулите на лицето , , смешковци хаха ве поздравувам и сите да ве пофалам , браво и само напред
Вчера вежбав гради и нозе со газ Почнав со 10 мин на статичен велосипед за загревање, потоа на бенч клупа (мислам така се вика) 3 серии по 8-9 пати (20 кила, толку е тешка само шипката) уште една вежба за гради исто 3 серии по 10 пати овај пат И после нозе: ова вежба 3 по 10 пати, тежина 30 кила, мора толку оти толку тежи шипката. и оваа почнав да ја правам 5 пати по 10 за секоја нога посебно можи и дома да се прави ќе се качувате на стол, за тежина може да се искористат шишиња со вода полни, вежбава е многу добра и напорна И стомачни 5 серии по 10 на справа незнам како се вика (се држиш само со рацете и ги креваш нозете нагоре право испружени). И на крај 30 минути на орбитрек. Се на се 2 саати вежбање. И после вежбање јадев пастрмка без ништо. Заборавив за денес да пишам, ќе вртам 1 саат на орбитрек дома не одам во теретана денес оти ме болат мускулите.
луѓе еве ме летоска вежбав секој ден,и ептен се затегнав (богами 2 ипол месеци вежбање не се малце) .. ама ете со почеток на школската година качив 5-6 кила,сало ми се наталожило на стомакот,целулит да не праиме муабет. затоа решив,од понеделник стварно ќе почнам со вежбање и правила исхрана. понеделник-вежби за нозе,вторник-50 склека,50 стомачни,50 чучњеви среда-вежби за задник ,четврток-исто како и вторник,петок-вежби за стомак,сабота-исто како вторник,и недела-вежби за раце. можда ова малце ви се глеа,али верувајте ,јас со 20 склека се изморувам со тек на време ќе зголемувам вежби,и до 1 јануари ќе ослабам и ќе се затегнам ! Исто така,многу ќе внимавам на исхрана,ќе пијам многу вода,и ќе јадам по 4-5 овошја на ден. јас се токмев уште од пред една недела да вежбам,али ништо.Од понеделник стварно
Здраво, здраво.. Имате уште едно фитнес другарче. По 2 месечна пауза, почнувам пак. Не дека немав воопшто некаква активност за тоа време.. 2 пати неделно часовите по физичко каде што го давав својот максимум и пешачење (неретко и трчање) со кучево на секој ден-два. Значи, денешниот фитнес ден ми беше: - 20 минутни вежби од Фитнес Блендер (вежби за надворешиот дел на бутовите); - 25 стомачни (свиткани нозе и кревање на торзото до нив). За почеток добро е зашто ми се најтешки; - 20 стомачни (свиткани нозе и благо поткревање на торзото); - 5 минутни вежби од Фитнес Блендер, пак (нозе и задник); - Планк 1х45 сек; - 35 чучњеви без пауза; - 20 склекови со благо спуштање; - Стандардни вежби за истегнување. После можеби и ќе го прошетам кучето.. па доволно ќе е за денес. Малку експлозивен почеток за мене, но така ми е подобро зашто ако првиот пат го дадам максимумот, ќе се трудам следните денови да се држам до тоа. Утре пак некои вакви вежбички (HIIT сигурно + други), а од понеделник ја почнувам 2 неделната програма (Combination 1, 2) на Brazil Butt Lift. Инаку мотивација сте ми вие, тие 6+ гига што ќе пропаднат ако не ги вежбам последните вежби и сликите што ги поставувате. И исто сакам да си ја вратам мотивацијата што ја имав февруарито. Спојлер Зашто обожавам да си докажувам дека секогаш можам повеќе.. И едно огромно Браво за сите, продолжете така!
30x15 склека со потвиткување на колената. 3x50 чучњеви. Ќејфот за тренинг нагло ми падна деновие, се обидувам да си го вратам.... Спојлер Едит: Стигнав до спојлери кои едвај можеш да ги фатиш меѓу прсти, карлицата се појави и дефинира, тие линиите, не знам како да ги опишам, баш се познаваат и не ќе е лошо да поработам и на мускулна маса повеќе, али интензивна исхрана...? Еве го ѕидот што го удрив....
EleMental уствари секогаш е најтешко кога ќе излезат на виделина првите резултати од краткотрајното вежбање. Се е до психа, ти се увртува мисла дека не е лошо и вака, па еден ден ќе прескокнеш, два, три... и излезе од колосек за по некое време да се врати се' по старо. Ти како иницијатор за темава и инспирација на многумина овде (меѓу кои и јас) не смееш никако да удираш во ѕид. Стегни заби и продолжи понатака еднаш реков и ќе се повторам, мозокот и мрзата ти се чудна работа и наведуваат кон состојба на вегетирање додека пак мускулите и енергијата кажуваат нешто сосема спротивно. Најтешко е додека се створи навика, не се откажувај прерано. Јас вчера паузирав бев исцрпена и не се чувствував баш најсјајно. Сега собирам енергија и за саат време планирам да се посветам на другар ми, г. Орбитрек. Бидејќи немам никакви обврски за вечерва, ниту пак утре од сабајле, планирам да поминам подолго време со него оваа вечер. Љубов, шта чеш.
Не бев во теретана веќе 3,4 дена Но,со причина од тие глупавите орбитреци таму Дома го имам и не го користам а таму демек ќе се загревам со него Епа еве 4 дена колено ме боли,знам јас дека тоа чудо освен што расипува колена за друго не го бива. Но утре одам обавезно и се надевам дека нема пак нозете да ме болат,јово на ново Алал да и е! Спојлер
3 дена излегов од колосек и да ви кажам право ми недостигаше вежбањево, ама што да правам кога роденденов ми беше како Ивкова слава - 3 дена гости пречекував Денес извежбав одлично после 3 дена пауза умре циганката што ме фалеше 50те мин. моето фамозно Тае Bo - Instant Abs. со прескокнување на некоја серија од некои вежби во последните 15-20мин. + 10 мин. Орбитрек на нај јак отпор Спојлер Чиста вистина
Заврши мојата интимна сесија со Орбитрекот за вечерва До душа ќе траеше повеќе, но батеријата на лаптопов не потраја за филмот и се откажав. Сепак 50 минути, 21 поминат километар и 310 калории не се малку плус 20 склека со свиткани колена (ја љубам женски да ги викам), 30 чучњеви и многу тегнење. За утре гледам на временска прогноза ќе биде сончев ден па планирам да го искористам и ролам на стаза. Штета, најверојатно тоа ќе биде за последен пат оваа година.
3 пати неделно сум по час и половина во теретана, и пешачење околу 40 минути дневно..плус пазам на исхраната исфрлив се нездраво. Мотивации и да, секојдневно ja прелистувам темата, браво за сите keep the good work
Редовно ве следам и дополнително ме мотивирате,а веќе една недела и јас вежбам по дома Најпрво вежбам на орбитрек,па потоа правам чучњеви,вежби за нозе,задник и на крај стомачни.Внимавам и на исхраната и гледам да внесувам што помалку ЈХ,а повеќе протеини.Сега за сега добро ми оди и се надевам дека до Нова Година ќе ги симнам уште тие 4 кг на кои сум им се намерачила да ги снема од мене
Нај голема мотивиција ми сте вие си викам кога можат они зошто да не и јас Вчера вежбав 15 мин за нозе и задник и 15 мин за стомак и праев некои вежби за раце 10 мин (ке качам некое кило дај боже) Што повеќе вежбам повеќе и јадам вчера 5-6 пати јадев денес од кога сум станата јадам
Од утре се враќам со полна пареа. Периодов со мрза и некои лични дешавки ме омекнаа, но си ветив дека ништо нема да ме разводени. Еј, пред некој ден дознав дека Новак ЏоковиЧ вежбал сам на тениски терен во текот на бомбардирањето на Белград, 1999 година. Он топик, еве ме мене на едногодишна возраст како го правам првиот склек Спојлер Јас сум, мајке ми Шала...
Денеска конечно во теретана час и 15 мин. Три вида на вежби за раце со тегчиња од 2 и 5 кг (3 сета по 10) Чучњеви со тегче од 5 кг (3 сета по 10) Вежба на справа за нозе (навнатре,странично и наназад,3 сета по 15пати на секоја нога) Вежба на справа за гради и раце 3 сета по 10 и на другата 3 по 10. Стомачни 3 по 10 Точак за загревање и пред одење по околу 8 мин. Не се оптеретив премногу дека имав пауза од недела дена,па да не е станам од кревет утре Имам прашање,јас си ги вежбам рацеве и ми се познава веќе (минимално) мускулче Како да вежбам за намалување на обемот на рацете,не само мускули да билдам м?
здраво другарчиња Јас имав активен викенд , надвор од теретана саботата бев на планинарење , 8 часа во движење прекрасно си поминав , се освежив и ги наполнив градиве со чист воздух ... чувството таму горе неопишливо! Денес целооо тело ме болеше , едвај се движев по дома некаде при крај на денов малку повежбав дома некои вежби за истегнување и стомачни , чучњеви и вежби за задник и бутини , околу 1 час вежбав . Добро е , одиме понатаму ... утре пак
Денес 40 минути на орбитрек, со воспалени мускули од вечрашните чучњеви. Вообичаено правев комбинирани вежби, од кои по 50-тина чучњеви и 50-тина стомачни. Вчера направив по 100 стомачни и чучњеви, ама набрзина, повеќе запнав, со малку други вежби помеѓу нив. Денес, како поминува денот, се повеќе ме болат муслуките. Се надевам дека утре ќе бидам подобра, ама ако не сум, што би завршило работа? Б6 или нешто друго? Фала на Лукс, Иксмен и Артемишн за советите околу мојот „проблем“ со времето на вежбање. Размислував деновиве и околу тоа, и веројатно ќе морам подобро да се организирам, нема друго решение. Подолготрајни тренинзи ќе имам за викенд - петок, сабота и недела, а другите денови ќе гледам децата да ги легнам на време - во 20.00, и веднаш да почнам со вежбање, кое ќе биде поинтензивно, а ќе трае помалку - до 45 минути. Убаво би било ако можам да уфрлам еден ден базен преку недела, ама не сум сигурна дека ќе успеам.
Ауу значи каква мотивација ми дадовте... за темава Во секој случај за некои 2 саати идам на фитнес после скоро година без вежбање па ќе видам што ке ми дадат ко за почеток Се надевам дека нема ептен да се избрукам таму Инаку планирам и исхраната да си ја сменам но сеуште не ми е јасен процентото и периодот на внес на протеини и ЈХ, валда и за тоа ќе ми дадат предлози