Max Interval sports training *insanity + Hip Hop Abs (total body burn) -200 стомачни -200 чучњеви -трчање 2км. по 1 неделната пауза,морам да надокнадам..
Саат ипол(90мин.) различни вежби за задник. Се враќаме на старата програма, по едномесечно одмарање - повторно се активираме, за да се постигне што посовршено. Од денес, почнувам 30 дневна програма. Go hard or go home! Спојлер Епа, со среќа нека ми е !
Ете ме мене пак назад Овој пат посветеност на нозе & глутеус Спојлер T25- alpha lower focus, вежби на справи и 2 x 150 чучневи
Јас од утре ви се придружувам! Качив малку повеќе и сега секако дека мора да се симне! Со среќа на сите што почнуваат од утре... Спојлер
Дека настината денес не вежбав многу 2X 25 стомачни 50 чучњеви и некои вежби за задник Бидејќи ми е подобро утре почнувам поинтензивно + ќе вежбам и нозе
Немам мотивација и не можам никако да се активирам, а би сакала да изгубам 5-10 килограми. Со храна почнав да елиминирам благо и јаглехидрати, но немам верба.
И мене денес прв ден и се надевам дека ќе успеам.Алармот си го навив уште во 7:45 и почнав со вежбање. 150 скока со јаже 50 стомачни 50 чучњеви. Како за прв пат добро е.Ќе ја симнам и Insanity програмата со вежви и таа планирам да ја почнам. Вечер планирам да пешачам.
Денес 100 стомачни 100 чучневи 2 по 20 сек- планк други вежби за задник 40 минути трчање ( на физичко ) Неколку вежби за нозе.. То е то , редно беше да се активирам пак
Колку ми е само мило што веќе заживнува темава : И јас од денес почнав по активно. Најпрво вежбав вежби за нозе и задник 20тина минути, потоа почнав со Jillian Michaells ripped in 30 прв ден мене ми е најмногу за слабеење на салото и нозете, претходно ги правев 30 деј шред но престанав на 21ви ден и немав резулати бидеќи исхраната не ми беше ок. Оваа програма луѓе искрено чудна е.. Има некои вежби што никако не можам да ги направам а има некои вежби што не ги осеќам додека ги правам. Дали програмава ќе ми помогне во слабеење? И на крај завршив со 8 минутно видео- кардио тренинг за топење на маснотии. Вкупно денешниот тренинг ми беше околу 1 час и сега пред легнување ќе правам 10 минутни вежби и малку вежби за истегнување што помагаат во извишување демек (бидејќи сакам да се извишам малку). Е сега едно прашање. Вака почнав и на кошарка 3паи неделно но 2 тренинга значи учеме тактики и слично (тоа трае 1ипол саат) а само еден час во неделата играме кошарка (исто 1 пол саат) но бидејќи сме многу деца играме во групи т.е. една група ќе игра пола саат друга потоа и така значи не вежбам саат ипол. Јас најмногу кренав на кошарка бидејки сакам да се извишам. А второ секако за слабеење. Па многу ефекти од кошарката неочекувам и затоа паралелно ќе ги правам секојдневно вежбите што горе ги напоменав. Се мислам дали од октомври да почнам и на пилатес 3 пати неделно значи ако одам вторник четврток и сабота на кошарка на пилатес да одам понеделник среда и петок. Или пак немам потреба од тоа? Е сега проблем е кај мене што јас секојдневно ќе ги правам нели тие вежбите за задник и нозе што се 20тина минути и плус на џилијан програмата и 8 минутните за топење маснотии. А нема да вежбам пример определено вежби само за раце, грб или стомачни. Немам навика пример за нив да тражам видеа и строго еве денес да вежбам раце а утре нозе. И го немам тој проблем "after leg day" дека неможам да одам. Изгледа интезитетот не ми е голем и сум навикната. Па да ве прашам дали имате идеја т.е. план секој ден што да вежбам освен програмата на џилијан и овие 8 минутните за топење маснотии пример кој ден да вежбам вежби за раце и колку минути, кој ден за нозе и колку пати неделно и по колку минути, кој ден за задник и колку минути.. Немам некој определен план. Па помош од вас?
Денеска, пак на степер вежбавме,рипни скокни,крени нога, дур мафташ лево десно со раце,над глава под глава више не знам каде... инаку со тегчињата од 2 кг. И после секоја серија оп, ајде воиско долу на земја 20 склека. Па па стани па повтори истото. Скуатс, планк и сличните вежби вклучени, сето со тегчињата...стомачни разно разни врсти,вклучени во 1 час тренинг денес. Плус пешадија после тренинг од Дома на АРМ до НЛО. А, од четвртокот па почнав и по дома да правам стомачни, оние, не знам дал имаат име... на стол,кревет што било седиш на ќошето и паралелно креваш колена кон гради и гради кон колена и исправаш нозе,вдиши-издиши..ги правам два пати у ден,штом се разбудам и пред легнување по 60. Белким ќе видам некој мускул на стомаков, а не чварчиња Порано ич нејќев вежби за раце со тегови, ама , нешто почнувам да ги засакувам ептем,оти за ова кратко време, од 2ри месецов почнав да вежбам,три пати неделно со пропуштени два тренинзи поради парализирани мускули по прв тренинг .. гледам некој фини резултати на рацете,грбот и градниов кош. Такој. Среда е следно, за утре само стомачните ќе си ги правам.
Пешачење некои 3-4 километри, и 9ти ден Insanity. Заостанав малку ради повреда, ама сега продолжувам со подобро темпо.Приметувам и дека некои вежби ги издржувам до крај, и ретко правам паузи. Исхраната си ја средувам, се чудам на себеси како јас која неможев ден без да каснам нешто благо, макар и коцка чоколадо, веќе не чувствувам такви кризи. Се е во психата најверојатно. Иначе, и два пати неделно покрај Инсанити, вежбам интензивно на часовите по физичко. Планирам и да почнам со трчање или возење велосипед додека е времево подобро. Па се надевам дека ќе достигнам до целта која ја посакувам. И најбитно, јас, онаа која никогаш сум немала мускули на рацете односно сум имала премеки раце, вчера вежбајќи забележав мускул на раката!! Мотивација Во спојлер мотивации: Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=nhRzkGpdQdk Погледнете го и ова, ненормално мотивира!
Денес: 2 ден од рипд ин 30, прва недела вежби за нозе и задник 20тина минути (вклучено 1 минутен планк и 30 чучневи) 8 минутно кардио видео за топење масти на стомакот
3ти ден рипд ин 30 20тина минути вежби за нозе и задник 8 минутно кардио видео за топење масни наслаги и сега пред легнување ќе правам стомачни 3 вида во 3 серии, секој вид по 20 пати во една серија = 180 стомачни вкупно.. Инаку денес бев преморена и малку ме болеа мускулите. Бидејќи сум 1ва смена на училиште како и секогаш немам доволно сон спијам некаде 7 часа и потоа кога се вратив од училиште морав да одморам, да поспијам 1 час па потоа се префрлив на вежбање. Денес не дадов се од себе, искрено. Но навистина бев изморена и ме болеа мускулите. Сега си направив топла купка и во неа истурив 2 филџани јаболков оцет. Помага.
Вчера 1 саат тае бо кардио, некој скокни стегни задник (џампинг сквотс) вежби, стомачни итн. Пак се враќав пешки од Дом на АРМ до НЛО по тренингот. Сабајлето си направив стомачните,вечерта нормално не цц. Завчера стомачните и пешки од центар,плоштад до НЛО. Денес пошто се успав , ништо не вежбав од сабајле,само пешачев. Изгледа ќе легачам денес,оти изморено некако се осеќам. Утре изгледа вежби на степер ќе биде.
Денес 4ти ден рипд ин 30 плус 15тина минути за нозе и задник вежби сега пред спиење комбинирани стомачни 30 чучневи и неполна минута планк.. денес не беше толку интензивно бидејќи бев преморена и не ми беше денот. Едноставно многу стрес и вознемиреност ме спречија да вежбам повеќе.