До сега само рипд ин 30 5ти ден а потоа ќе правам стомачни, кардио видео за топење на масти брзо 8 минути и некое друго видео ќе потражам кардио што повеќе топи калории подобро денес јадев нутела и некои гумени бомбони и 2 реда чоколадо и како што избројав околу 600 калории морам да ги потрошам било како и плус јадев туна 120 гр малку ѓеврече домати и краставици и од сабајле 2 јаболка но овие 600 калории плус морам да ги поторшам барем половината бидејќи до вечер сигурно ќе јадам нешто малку пак
Степер(рип,скок вежби ),крени нога,испружи нога,скуатс,стомачни и грбни. Пешадија стандард релација. Следно понеделник,веројатно со тегчиња ќе е. Дури ми недостигаат вака кога не вежбаме со нив. цц Викендов,само стомачни. Нема да се форсирам со вежбања,глупирања.
Ден за нозе уживав во него. 5х15х50 кг предни чучњеви 5х15х60 кг романско мртво кревање 4х30х25 кг исчекор напред 4х15х25 кг мртво кревање на една нога 5х15х70 кг подигање на листови 5х15х70 кг клекнато подигање на листови. 3х15 подигање на нозе(стомак) 3х15 х 5кг стомачен потисок 3х15 х 5кг страничен потисок Сега туш и после салса
Преседов цел ден дома па вежбав вака: нели најпрво рипд ин 30 5ти ден, потоа кардио видео што топеше повеќе калории околу 25 мин, па ХИТ кардио од 20тина минути и на крај кратко кардио за топење масти од 8мин, и сеа ќе правам 180 стомачни. Но денес исхраната леле луѓе претерав 2000 калории стигнав, но како да не одолеам на нутелата, чоколадата и бомбоните што стигаат 2пати годишно од Германија?
http://www.youtube.com/watch?v=_7fHGwLS8Y0 Умреееев Ги правам веќе 2 дена и секое можно мускулче ме боли
Insanity pure cardio + 45 минути трчање Insanity cardio abs + Hip Hop Abs- Ab Sculpt Доволна мотивација се постигнатите резултати
не сум пишувала одамна на темава ама активна сум секој ден.е сега ми треба некој да ме искара или да ме убеди нека сум на прав пат ми велат дека многу вежбам епа вака -сабајлечки Jillian michaels 30 day shred level 1(од почеток пак ги почнав) -кј 1 саат за задникот од Јулијана Димитрова 7 дневната програма -кј 3 и пол 4 риппид ин 30 -одма после ова 18 мин вежби за грб -кј 7 пак Џилиан Мајклс сикс вик сикс пак -после тоа комбинации од вежби за нозе задник и стомак и стомачни + трчам ама кога како... ми треба да се оформам брзоо затоа и се ставив за прв пат на ун диета да се контролирам во јадење и да скинам 6,7 кг...
^ Искрено ова е претерано, почнувајќи од тоа што вежбаш истовремено 3 програми на Џилијан Мајклс. Не се форсирај, набргу ќе ти стане здодевно и пренапорно да го правиш ова секојдневно. А ти се восхитувам и на тоа колку слободно време имаш. Јас покрај училиштето сега се радувам ако имам 1 час слободен за добро вежбање. Доколку сакаш толку да вежбаш распореди го сето ова што го имаш напишано во 3 дена. Исто ќе имаш резултати.
Денеска со тегчињата - строго мускули на нозе, грб,стомак,раце,без кардио вежби. Немав некако мотивација да пешачам до дома после тоа,пошто,едвам се наканив да отидам до таму, не па... Викендов, ништо не правев,амааа ништо. Нити стомачните што ги правам сабајле и вечер. Освен саботата што шизев, рипав, изводев повеќе од 1 саат... на штикли!
Немам пишувано неколку ден од многу обврски но вежбам секојдневно. Веќе почнав со 2ра недела од рипд ин 30 ова ми е втор ден сега ќе вежбам и луѓе кардиово ме уби уфф. А вчера требаше да ми биде како ден за нозе и задник и правев некои вежбив и планирав вечерта да ги правам истите што дог ловер ги постави горе но немав време. Само не ми се допаѓа што не успревам секој ден да ги правам тие вообичајно секој ден што ги правам за нозе и задник од фемина и едно 8 минутно кардио..
Што да правам, не можам д се редактирам, па повторно ќе пишам.. Наутро беше се што вежбав... Вежби за нозе и задник без чучневи и планк потоа 8 минутно кардио за брзо топење на масти, па џилијан мајклс рипд ин 30 втора недела втор ден и на крај (тоа после некое време 1-2 саати) ХИИТ Кардио видео од 22 минути... Тоа е се.
Денес направив 1 800 потскокнувања ( условите не ми дозволуваат да користам јаже ,па ги правам истите движења ,само без него ) ,400 стомачни ( 200 за правите и 200 за страничните стомачни ) ,30 вежби за секој глутеус и по 60 подигнувања на тег од 5 кг за бицепс и трицепс. Ова е моето секојдневие ,практично... Со намера сум и степер да си купам во најскора иднина.
Можам да кажам добро искористен ден за вежбање иако некои вежби правилно не ѓи правев баш сепак.. Од сабајле вежби за нозе и задник од фемина 15тина минути, потоа 5 минутно видео за задник, па 10 минутно видео за нозе и задник ама доста интезивно и на крај 8 минутно кардио видео. Сега навеќер вежбав Џилијан Мајклс рипд ин 30 втора недела, трети ден и потоа 35 минутно видео за задник, она што дог ловер го има постирано на претходната страна.
Вежбам секојдневно но некако ми е глупо да пишувам секој ден, бидејќи никој не пишува. Денес абс ден но бидејќи имам салце на мешето малку прво почнав со 8 минутно кардио видео па продолжив со 17 минутно видео кардио + абс па потоа уште 2 видеа од по 10 минути за абс.. После треба да вежбам џилијан мајклс 2ра недела 6ти ден од рипд ин 30 и малку вежби за задник и нозе од фемина.
Јас си вежбам секој ден со програмата на Shaun T, (FOCUS T 25) еве на средина на вториот месец сум, но не пишувам секој ден. Иначе бидејќи е само 25 мин понекогаш си додавам уште некои вежби плус за раце, стомак,задник (а тоа е почесто )
Денес после поголема пауза поради обврските почнувам пак со вежбање везби за нозе задник и склекови па од утре ке имам и додатни вежби .