1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мој живот, мои правила

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од kolovoz, 30 август 2011.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    Постојат милион правила за животот кои не учеле уште од мали нозе да ги почитуваме.И да голем дел од нив почитуваме и денес без разлика дали свесно или не.Не учеа да бидеме добри луге , да не правиме зло,...да не крадиме исл...Но и Животот не учи на многу работи... цел живот учиме...но што научивме до сега ???
    Дали имате создадено свои правила кои како мали не ви ги спомнал никој но животот ве научил да ги почитувате зошто вам ви е така полесно?
    Без разлика дали се работи за да си фатите дечко, да имате успешна врска, да оставите подобар впечаток...па и за тоа како да ја наместите својата коса кога кокетирате ;) ....за се
    Вашите лични правила...кој знае можеби ако ги споделиме можеби токму вашето или моето правило ке му помогне некому ;)
    моето правило е...
    кога те кани некој на кафе..
    Прв состанок- немој да мислиш дали тој ти одговара или не, не носи заклучоци пред време, не прашувај никој иди со празна глава и остави твојата интуиција да одлучи за него
    Втор состанок - верувај на твојата одлука ...нека ти биде забавно
    Трет состанок- е сега пред овој состанок добро распрашај се и види дали твојата проценка е исправна или не ..ако нешто не штима прашувај го одоколу, а ако ти дадат совршена слика повторно знај дека пак не е се совршено секој има мани па и тој
    Четврт состанок - време е да се претставиш себеси со сите детали-но запомни не е се за на маса.. и гледај ги реакциите
    Пети состанок -време за врска или за нова покана за кафе со некој друг ...твој избор

    [​IMG]ова не се мои правила но ми се забавни
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    мој живот мои правила

    Мои правила:

    1.Верувај само во самата/самиот себе
    2.Никогаш не чекај на другите,сам/а потруди се да го направиш
    3.Не дозволувај никој/а да си поигрува со тебе
    4.Некогаш е добро да се прекршат правилата од ‘‘нормалниот‘‘ живот
    5.Биди добар со тие што се добри кон тебе..а полош кон тие што се лоши кон тебе..

    Животот е краток..затоа живеј го за себе а не за другите :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Не се водам според стрикни правила во никој случај. Најмногу го мразам солењето памет, а уште повеќе оние книги-советници според кои многумина се водат.
    Кога ја видов темава, подразмислив и еве пто смислив. Ова се „правила“ според кои тече мојот живот.

    1. Верувај во себе: успеале оние кои верувале во себе, а не во другите.
    2. Ако мене ми е убаво, тоа е најубаво на свет.
    3. Не секирај се што мислат за тебе, ретко кој од оговарачите размислува.
    4. Живеј како што тебе ти одговара, а не како што другите посакуваат.
    5. Биди своја и она што си! Не глуми!
    6. Ако мислиш дека можеш-обиди се. Не губиш ништо ако пробаш, а можеш да добиеш.
     
    На srcekrsacka и Idealist-ka им се допаѓа ова.
  4. The.Girl.Next.Door

    The.Girl.Next.Door Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    18
    1.Не верувај на никого.
    2.Кажи што имаш..или не зборувај ИЧ
    3.НЕ се грижи што мислат луѓето
    4.Никогаш не се откажувај
    5.Никогаш не прави нешто затоа што и другите го прават
    6.Немој некогаш некој да те натера дека не го заслужуваш она што го сакаш
    7.биди своја..затоа што нема никоја боља!
    и последното и најважното ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ!
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Имам едно единствено правило:Биди смирена, бесчувствителна, секси и уживај 8)
     
    На Idealist-ka и unhappyy им се допаѓа ова.
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    1. Верувај само во себе...
    2. Не дозволувај чувствата да те надвладеат и да ти го поматат разумот...
    3. Живеј за денес, вчера не се менува а утре можеби не постои...
    4. Ништо не е погрешно ако те прави среќен...
    5. Никогаш не вели никогаш... ;)
     
  7. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    - Не верувај никому.
    - Ризикувај.
    - Сонувај.
    - Биди креативна.
    - Не цели кон перфекција.. Никогаш нема да ја достигнеш.
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    1. Сакај ги другите, но повеќе од било кого сакај се себеси.
    2. Ништо не е случајно, се се случува со причина.
    3. Уживај во секој миг, затоа што никогаш повеќе нема да се врати!
    4. Не им го прави на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават.
    5. Не се замарај многу со другите, со нивните животи...
    6. Тоа што можеш да го направиш денес, не го оставај за утре!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    1.Не дозволувај никој/а да си поигрува со тебе
    2.Никогаш, никому не верувај! колку и да ти е близок, колки и да е добар има шанси да те предаде!
    .....
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Секој од нас си има свои правила по кои се води или би требало да има.
    Сами си го составуваме тие правила, всушност за мојов живот никој не може ни да се обиде да постави правила зошто секој сам си е автор на својот живот.
    Сами си одбираме како ќе живееме и според кои принципи, без никој да ни се меша.
    Од нас зависи како ќе ги искористиме правилата кои ни се дадени на располагање.
    Како беше она, има и пишани и непишани, да речеме правилата како Десетте божји заповеди да ги земеме како правила според кои секој од нас треба да живее треба сите да ги почитуваме, а непишаните кои сами треба да ги науичиме низ животното искуство, сами ги стекнуваме, ги учиме, ги составуваме и менуваме.
    Има едноставно правило за животот според мене: Сакај и биди сакан, биди среќен и следи ги твоите желби и биди упорен. Никогаш не се одкажувај!
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    1. Никогаш не пиј и вози. (некако дупла негација испаѓа ама не знам како да го речам :D )

    Сите други правила, мои или наметнати може ќе ги свиткам некогаш, ама тоа не. Ни голтка алкохол ако седнам зад волан.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    1.Се што е живо во себе носи негација на животот.
    2.Правила е дека нема правила.
    3.Не ја предизвикувај физиката. Аеродинамиката секогаш ќе те заебава. Заборави на идејата дека лепчето ќе падне од страната на која нема ајвар.

    [​IMG]
     
    На M.a.r.i.l.y.n му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Не верувај никому
    Не попуштај никому
    Не дозволувај да бидеш понижена
    И никогаш,ама баш никогаш не сожалувај некого
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    1. Курва е секоја која му се додворува на дечкото со кој сум во врска
    2. Тој што го сакам умеам да го задржам во животот макар и како пријател
    3. Јарец сум ако те мразам ми се гледа тоа во очите и секогаш сум саркастична и иронична со тебе
    4. Секогаш прифаќам сладолед, чоколадо, мастика и кока кола :) :) :)
     
  15. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Ова е тоа.
     
  16. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    1. Чудна сум.
    2. Премногу се грижам за доброто на сите.
    3. Верувам дека правилата се направени за да се прекршат.
    4. Знам дека се е возможно.
    5. Ги почитувам разликите меѓу луѓето.
    6. Не е важно што другите мислат за мене.
    7. Пријателски настроена кон секој што го познавам и го запознавам.
    8. Си ја сакам слободата.
    9. Немам предрасуди.
    10. Водолија суми горда на тоа.
    :)
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    1. Секогаш носи чисти гаќи, зашто не знаеш каде се можеш да завршиш.
    2. Никогаш не вели никогаш.
    3. Она што нема да ме убие - ќе ме направи посилна.
    4. Имај секс колку што е можно почесто.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    не пиј кога возиш или кога возиш не пиј
     
  19. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    Секогаш моите родители ми велат
    живееш со нас и мора да ги почитуваш наште правила...понекогаш размислувам да најдам некаде место кое ќе биде само мое,во кое ќе живеам,и кога тие ќе дојдат кај мене ќе биде
    Мој живот мои правила! :clap: :clap: :clap:
     
  20. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    -Научи да се сакаш себеси најпрво оти ако не научиш не очекувај другите да те сакаат
    -не верувај лесно на секој оти СТРАШНО ќе се зафркнеш
    -Не збоуј многу оти молчењето е злато
    -Ако јас сметам дека сум убава нема шо да ми кажуваш поише 8)