Сигурно го знаете мојот клуб на Т-мобајл и Т-хоум , кадешто собирате поени и земате подароци , бесплатно или со мала доплата. Дали ви се допаѓаат понудените подароци ? Дали и што сте порачале од таму , и како сте задоволни од истите ?
Ми се допаѓаат досега имам земено неколку патни торби, 2 мобилни телефони и 3 ранчиња, се покажаа доста издржливи сега збирам поени за нешто поголемо
Ние од торбите колекција имаме, и навистина се добри. Јас имам репутација дека уништувам куфери и торби, а овие ги имам измачено и уште мушки се држат. Ми се допаѓа оваа идеја на Т-мобиле, реално толку пари им плаќаме редно е некоја награда. Ние имаме еден пакет од кај мајка ми од работа мислам 6 години веќе, и за тој период сме си направиле убаво купче од подароци. Инаку не знам дали знаете, ама Тинекс имаат склучено нов договор со некои компании меѓу кои и Т-мобиле, и ако имате пост-пејд бројче, со секое пазарење во Тинекс над 300 денари добивате поени кои потоа можете да ги искористите и за поклониве од Т-мобиле. Бар јас така сфатив.
Порано каде каде имаше поубав избор и поквалитете...ама и поените не беа надувани како сега. Ние поените порано ги користевме за такви нарачки, ама во последниве неколку години исклучиво за нов телефон со доплата.
Имаме земено неколку работи од овде. Претпоследно што земавме беше торба, ранец и новчаник (бидејќи тогаш ни истекуваа поените, а немаше никаков избор ) , а денеска ги порачавме депилаторот и фенот од Ровента. Ќе се најдат . Ни останаа уште поени па се мислиме нареден месец ако има шатор за на плажа или машинка за потстрижување да земеме.
Досега имам земено неколку работи, последно што земав беа две USB. Задоволна сум од досега земените производи.
И мене ми се допаѓаат имам земено неколку работи од овде. Денес порачав електрична тепалка за инсекти и термо торба друго имам две ташни за на училиште земено, и мобилен телефон
Имаме земено ранец за школо, усб приклучок, флеш, шатор, миксер и секако телефони со доплата но не се сите баш исти како на сликата, ранецот и шаторот ич не се квалитетни.
Супер е што T-Mobile склучиле договор со: „Тинекс“, „Космо“, „Нептун“, продавниците на Fashion Group (Okaidi, Bata, Timberland, Hugo Boss, Giovanni Galli, Celio, Fashion&Friends, Women’s Secret, Parfois, Springfield, Mango, Blanco, Bitsiani,Geox и Golden point) и Travel Solution - сега побрзо ќе си ги собираме поените!
Дали некој го има нарачано овој пасатор од каталогот на Т-Мобиле? Ме интересира дали има додаток за сецкање или е само пасаторов? ФАЛА однапред за одговорот!
Еднаш имам земено торба или ранец, не ни памтам што беше, ама обично избегнувам за такви глупости да ги трошам поените. Сакам да си соберам повеќе, за некој убав мобилен, мислам дека е најпаметна опција. Торба, ранец, миксер и слични работи можам да си дозволам во секое време и сама да си одберам, подобро да си искористам нешто поскапо.
Добри се али на некои работи многу поени бараат..ама добро,јас си порачав 2 ранци,и една ташничка,па чекам да ги донесат