Има убави подароци, ама во последно време почнаа да си играат овие од Т-Мобајл. Требаше да порачаме нешто, 3 пати отидоа моиве да прашаат дали стигнало,дали има рекоа дека нема...3 пати од ноемврито до декември прашуваа и секогаш викаа дека нема.Како може да нема ништо кога во каталогот се беше наведено? Кога нема,не треба да се наведе во каталогот за подароци,а не вака да се зафркаваат.
Сакав да си земам куфер што е во подароците,ама еве веќе го нема додека јас ги собрав поените го снема Ептен ми е мака :\ Ќе го има ли повторно во каталогот? Не ми се смеете бидејќи прв пат годинава користам броеви на претплата од Т-Мобајл
Девојки знаете како ги пресметуваат поените од мој клуб во партнерските продавници, во космо поконкретно? Ни се насобрале поприлично, што од мобилен што од домашен, до крајот на годината мора да ги искористиме, а во каталогот ништо посебно...
@sia.bella поените ги делиш со 5 и добиената сума всушност ти е вредноста во денари што можеш да ја потрошиш во било која партнерска продавница. На пример ако имаш 2000 поени, можеш да платиш/доплатиш сметка во вредност од 400 денари. За во Космо сигурно е така, а верувам дека и во останативе партнерски продавници важи истото правило.
Женски, а како се добиваат пкени од т-мобиле освен на каса во космо? Кога купувам ми куцаат ама така како може да соберам 2000 или 4000 поени? И какп ср рачунаат во денари? Кога можат да се потрошат?
поените ги делиш со 5 и добиената сума всушност ти е вредноста во денари што можеш да ја потрошиш во било која партнерска продавница. Поени се добиваат и во Тинекс и др. продавници, а исто така и со самото плаќање на сметката добиваш поени
Јас не верувам дека некогаш ќе земам нешто асално од поените. Три години сме мајка ми и јас на постпејд, плус доплата на телефони и сума сумарум на крај кога ќе пресметам може да си земам една Вардар футрола за некое обично телефонче со бројки со тие 2000 поени што ги имаме. Или евентуално капа некоја.
Пред Две години даваа Многу повеќе поени и многу лесно беше да земеш убави подароци. Од кога ОНЕ и ВИП се споиа Т-мобиле ги Скратија Поените сега не даваат како порано.
па и енма никаков избор на подароци порано имаше пегли за коса и депилатори за 4000 поени,ранци за 2000 поени сеа овоа што го нудат и без поени да го даваат не го зимам
Па, поените се исти како и пред 10 години, најмногу се собираат ако си на пост пејд, и ако правиш големи сметки. Порано имаше многу добри подароци, јас си иам земено депилатор Ровента, карти за на Владо Јаневски... Сеа, едино да ги земеш како попуст за телефон...
Глупости живи излегува со поениве. Јас моите ги спојувам со тие од на мајка ми и татко ми зошто сите три броја се водат на исто име, и на крај пак ни 10.000 поени вкупно не ни излегуваат, а за толку не можеш да земеш сега веќе ништо асално Баш предмалку ѕирнав набрзина што имаат понуда, па дали се нормални едни најобични слушалки, од оние како бубици им се 16.000 поени Порано имаше многу повеќе избор и попристапни беа со поените, единствено од пред баеги години имаме едно преносно фрижидерче и маста му е извадена а како ново е, ама ај сега со овие услови земи го
И јас имам собрано поени ама реално не планирам да ги искористам за глупости, ќе ги собирам па ќе видиме.