А во fashion and friend поените како функционираат? И се поништуваат ли по одредено време или може било кога да се искористат?
Одреден дел од вкупните поени кој е наведен на сметката треба да се искористи најдоцна до крајот на годината, односно до 31 декември што не значи дека не можеш да ги потрошиш сите поени. За промена на состојбата добиваш известување со смс порака.
Да да и јас земав Пегли, ранци , патни торби. Дури Конвертирав Мој Клуб поени за пари во Нептун па си купував работи од нептун сега е тапа нема ништо нит поени нит подароци
А конвертирањето поени за пари како оди? 1000, 1500 поени колку ден. се? Во Космо може да се користат така?
1000 поени мислам дека се 100 денари, ама не сум сигурна, а слушнав и дека ќе се укинувале поените, ама од кога незнам
Последен пат кога користев поени вкупните се делеа со 5.Може да се искористат во Космо, но најмалиот износ е 500 ден. Ако имаш помалку во износ, треба да доплатиш.
Подароците од T-mobile, мој клуб, беа жива глупост, се сеќавам еднаш добив дуксер, микрофибер, огромен број и некои други ситници, капче или нешто слично, но ништо не искористив од тоа. Инаку, Тelekom и Tinex немаат повеќе договор за собирање на поени, поени се собираат само во Тinex и Cosmo.