Дали некогаш лежејки сте смислиле некоја љубовна приказна, филм или слично? Ја поставив темата за а си поразговараме околу тоа. Мислам дека имаше уште една ваква тема ја барав, ја барав и не ја најдов но ке ми простете ке чекам да пишете
Мене па ми текна : Кога би била режисер би снимала филм по некоја од моите омилени книги ... Некој сепак имаат снимано филм ама некои не
Да. Ги имам премногу. Неколку имам запишано. Во едната се работи за богата девојка по име Шарлот од Њу-Јорк која е ќерка на гувернерот на државата и чии пријатели се тешки дрогираши. Се пијанчат, се дрогираат и се забавуваат до утринските часови. Шарлот крие од своите родители дека и таа самата зема дрога. Едно утро, Шарлот и нејзините пријатели (Аналис, Нејт, Роберт и Вилиам) се будат во нечиј стан. Пријателите на Шарлот бегаат а таа е уапсена. Во полицијата таа лаже дека се дрогира и изјавува дека само била под дејство на алкохол. Родителите на Шарлот се разочарани и ја праќаат Шарлот во Нешвил. Таму се заљубува во младо момче кое помага на фармата на нејзините баба и дедо. Ненадејно стигнува вест од Њу-Јорк - Анелис починала од предозирање а останатите се во затвор. Шарлот е скршена и продолжува да зема дрога. Накрај, и таа самата починува. Другите се подобри ама оваа беше најкратка
Добар филм еве еден од мене: Се работи за една девојка која што живее во традиционално семејство и нејзината мајка постојано ја учи да биде домакинка и ја советува да биде наставничка, а таа цело време зе занимава со музика и со свирење гитара, а нејзината пријателка со пијано после таа се заљубува лудо во едно популарно момче (а таа инаку не е популарна) а во истото момче е заљубена најпопуларната девојка. ПО некое време таа добива SMS од момчето во која пишува дека тој веке не е заљубен во неа. Таа му се јавува но тој не одговара. Таа е скршена и го фрла телефонот и се фокусира на пеењето и гитарата. Кога доага време за факултет мајка и и татко и инсистираат таа да се одсели во друг грат и да се школува за наставничка, а таа сака да биде музичар. Бидејки не знае што да прави таа одлучува да се се запише на факултет, но по неколку години пауза и да отиде да отслужи војска за да може да се пронајде себеси. Во војската таа запознава една девојка која што исто сакала да биде музичар, тапанар. Девојката е многу мудра и ја советува да си го следи срцето. Кога завршува рокот за отслужување војска тие заедно се вракаат во родниот грат. Таму ја пречекува момчето во кое таа беше заљубена и и објаснува дека таа порака била испратена од најпопуларната девојка и тогаш тие се бакнуваат но тогаш тој и ја кажува лошата вест дека е болен од рак и не му останува уште многу време. Тогаш таа исбрзува и се запишува на медицина за да им помага на лугето болни од рак. Таа е на прагот од училиштето кога позади неа истрчува момчето и и кажува дека се се работело за лекарска грешка и дека тој веке ја запишал неа во музичко училиште заедно со нејзината другарка и другарката од војска. Тие завршуваат факултет и стануваат бенд а популарното момче им е менаџер The End
Би снимила филм кој опфаќа дел од животот на една млада личност како на пример средношколскиот живот или пак студенскиот. Значи би започнал со првиот ден а би завршил со прославата. И да, измеѓу интересните делови - запознавањето со новите луѓе, забавите, лудите журки, љубовните сплетки, другарувањето, учењето помалку и тн. Главната личност би доживувала најразлични ситуации како на пример во еден момент да е посакувана од сите и добродојдена во сечие друштво а веднаш потоа да биде отфрлана и игнорирана. Би се вљубила невозможно и би ги правела сите оние глупости кој обично се мотаат во глава кога си во таква состојба за веднаш потоа да запознае личност која вистински вреди. Би била еден период добра, наивна со одличен успех во учењето но и би била лоша, себична, неорганизирана, сурова и сл... Би имала и добри и примерни другари но и такви кој го промашиле патот... Филм кој би бил интересен и поучен за секоја млада личност. Односно филм кој ќе потврди дека животот е тркало а младоста е најубав период... Ај доста филмови...
Ако се мисли на оние интересни филмчиња што си ги правиме во глава и кои можеби никогаш нема да се случат, тогаш да. Имам милион такви случки измислено и секој ден нови ми текнуваат.