мразам пијалоци што имаат одвратна миризба на пример како енергетскиве пијалоци. Пијам многу ретко само кога ми е потребно иначе ги одбегнувам .
Мене ми се многу вкусни, па ради стрвост ги купувам не дека ми даваат нешто посебно енергија. Пијам особено кога полагам, наместо кафе енергетски пијам као демек појаки ама мислам дека чисто сугестивно останувам будна подолго ..
незнам дали имаат некоја моќ не сум приметила ништо, убави ми се само онака освежителни како сок ама затоа многу добро знам каква "моќ" има помешано со вино.. не ви препорачувам така, пијте си го само како што треба
Ми се допагаат сите енергетски пијалоци. Највеке го пијам Ред Бул, но никако не ми делува, исто како да не сум го испила Го пијам бидејки ми се допага вкусот.
А бре луѓе знаете ли колку се штетни енергетскиве пијалаци... Еве еден превземен текст. Иначе јас и онака не ги обожавав, ама после ова воопшто нема да ги пијам Комбинацијата на водка и енергетски пијалоци е многу поштетна отколку што се мисли Комбинацијата на висока доза шеќер, кофеин и алкохол често води до насилство и труење со алкохол, а дури три од четири студенти во Европа редовно ја пијат оваа комбинација. Мешањето на алкохол со енергетски пијалоци е рецепт кој го користат 75 отсто од младите, покажало истражувањето на четири факултети во Европа. Таа комбинација влијае на здравјето и однесувањето многу повеќе отколку што мислат луѓето, предупредуваат научниците. Тие објаснуваат како улогата на енергетските пијалоци и нивното влијание не се доволно истражени, но во лабораториските тестови обично се набљудува ефектот на една доза жесток и енергетки пијалок, што не е доволно за вистински резултати. Бројните студии покажуваат дека токму таа комбинација често резултира со агресивно однесување, а покрај тоа се забрзува и работата на срцето и го подигнува крвниот притисок. Насилното однесување се поврзува и со други облици на ризично однесување, како пребрзо возење или земање дрога, особено кај оние кои не се навикнати на влијанието на алкохолот, а младите треба да се едуцираат за ризиците од таквите коктели, предупредуваат научниците. Луѓето кои мешаат енергетски пијалоци со алкохол шест пати почесто имаат срцеви палпирации отколку оние кои пијат други алкохолни пијалови, утврдила студијата на австралискиот Универзитет Тасманија, спроведена на повеќе од 400 луѓе. Покрај тоа, тие четири пати почесто имаат проблем со несоница, треперење на рацете и раздразливост.
Обожавам Ред бул и Водка ,едно време редовно само тоа си пиев ама сабајлето кога ќе се вртам од излегување срцево 200 полудува и тоа во мирување значи легнувам и осеќам ќе ми излета од градите Веќе не пијам.
Ветер и магла е тоа све...Само срцето да си го теретиш со тие алкалоидите кои ги содржат, а поготово ред булот...Поaрно земи кока-кола и чоколадо...
Го знам ова за воткава со енергетски пијалок помешана. Не да е штетно, може (пу, пу) на лице место да отидеш од комбинацијава (имам слушано дека ИМА вакви случаи). Така што, дечки, памет во глава. Ако е алкохол, барем нека не е мешан со овие пијалаци.
колку се здрави енергетските пијалаци дали навистина даваат енергија дали децата треба да ѓи пиаат ваши мислења Поздрав драги феминки <3
Реално гледано дека не се здрави,не се,но дека повеќето ги пиеме да. Јас искрено често пијам,најчесто монстер,а гуараната и редбулот некако мене контра-ефект ми даваат,по истоштено се чуствувам и ми се спие уште повеќе,други енергетски немам пробано,во план ми се. Инаку ајде да речеме дека ако би немале никаков ефект,т.е. плацебо ефектот,мене не би ми делувале различно.Значи дека сепак даваат енергија,и секако ако веќе ги консумирате намалете со кафето,пошо и онака во нив има големи количини кофеин. Е се на нив пишува дека не смее да се консумираат од страна на лица преосетливи на кофеин,лица со тахикардија и проблеми со срцето и лица под 18 мислам или 16 години.За деца јасно дека не се здрави,ина симата амбалажа пишува,макар што не значи дека за возрасни автоматски пак се здрави.
Сакам да пробам енергетски пијалок...но ете кај дечко ми се случува со пиењето на ред бул да му се спие,да малакса... Е сега сакам да пробам и јас некој пијалок но не знам се какви има и нивниот состав ..дали е кај сите ист ? Дејството можам да заклучам дека не е исто кај сите со оглед на тоа дека кај дечко ми и кај погоре пишаното мислење дека може да имат контра ефект. Така да би сакала да ми кажете повќе мислења и имиња на енергетски пијалоци
Гуарана,ако не си навикната на кофеин,т.е. не консумираш доволно кофеин би ти била доволно силна. Ред булот спред мене е нешто појак,и не забележувам некоја промена. Монстерот ми е од сите пробани најак,и единствено од монстерот забележувам промена а најчесто и тој го консумирам. Брн(burn) исто така добар,но сепак монстерот си го држе врвот кај мене. Е сега, сите се по 250 мл,освен монстерот кој е 500мл и можеби затоа мене монстерот ми е најак,но и многу кафе консумирам така да ништо мене не може да ми даде онаков ефект како на човек кој умерено внесува кофеин (пример две шољи кафе). Ако не си навикната на кофеин ќе ти делува и гуараната,но не до степен да неможеш да спиеш. Во состав имаат сите таурин,б витамин( Б6,Б12),ниацин, биотин,фолна киселина,женшен,гинко,и секако кофеин. И секако тука кај секого може да се јави контра ефект,т.е. организмот да не го поднесува пијалокот,и јасно дека ќе има ефект на поспаност,и истоштеност.
Монстерот според мене е најдобар и највеќе ефект има. Штета кај нас што само по бензинските го има. Да го добијат и дискотекиве лом ќе се прави. Монстерот 90 денари е пола литро. Монстерот 80 денари е 250/330 милилитри. И ај сега...А монстерот 6 пати појак ефект има. Јас кога немаше кај нас, од Бугарија си шверцав по 10 лименки.