1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моќта на потсвеста (Џозеф Марфи)

Дискусија во 'Книги' започната од love23, 25 април 2011.

  1. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Моќта на потсвеста е инзонредна книга во која е нагласно второто јас во себе и дека се може да ни се исполни во животот доколку тоа силно го посакуваме, во книгата има многу примери од кој можеме да видиме дека и невозможното станува возможно. Силната волја, поттикот,второто јас се клучни во оваа книга. Навистина е одлична и кој ја нема прочитено нека ја прочита, бидејќи испуштил едно извонредно дело, бидејќи потсвеста е нашиот дух.
     
    На theunforgiven и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Моќта на потсвеста- Dzozef Marfi

    Мојата омилена. Книгата ми ги отвори видиците и ми создаде нов поглед кон животот и искуствата.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Моќта на потсвеста- Dzozef Marfi

    Ја завршив со читање пред некое време и можам да кажам дека ми е една од омилените.
    Се зборува за моќта што се крие во секој од нас меѓутоа не сме свесни за тоа.
    Лично за мене зборам, самодовербата ми се зголеми, на многу нешта гледам поинаку, добив мотивација,со поголем оптимизам гледам кон животот.
    Одлична книга за тоа како потсвеста може да не контролира нас но и ние неа.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Моќта на потсвеста- Dzozef Marfi

    Одлична книга! Книгата прави чуда, точно е тоа.
    Нашата потсвест е креатор и на духот и на телото. доблест но и мана која ни задава многу главоболки во животот, нашите зависности, стравови од кои со задоволство би се ослободиле.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Моќта на потсвеста- Dzozef Marfi

    Откако ја прочитав оваа книга почнав да верувам во Моќта на потсвеста, изворендно дело на Џозеф Марфи.
    Па зар не е така моќта на потсвеста е посилна од се, веруваш во нешто дека ќе биде и ќе биде.
    Кој не ја прочитал книгава не знае што испуштил. Ја препорачува за над 15 години за да може подобро да се разбери
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Моќта на потсвеста- Dzozef Marfi

    Книгата е многу поучна,ја прочитав пред една година.Ми ја зголеми самодовербата и ги прошири моите видици кон нештата,ме натера да размислувам пооптимистички...Но,сега баш и нема некое големо влијание.Некогаш не се ни секавам во моментот дека сум прочитала нешто толку корисно кое можам да го искористам во одредена ситуација. :!:
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Моќта на потсвеста- Dzozef Marfi

    Можам да кажам тешка книга за разбирање е според мене, не сум јас фан на книги ама книгава е..повеќе од обична. Психолошка го зајакнува духот, карактерот и личноста. :clap:
     
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Моќта на потсвеста- Dzozef Marfi

    Јас веќе се имам изјаснето дека несакам вакви "просветлувачки" книги. Ја почнав и не ја завршив
    Несакам да се најдете навредени, еве и се извинувам ако некого несакајки навредам ама стварно мене овие книги ми се перење мозок
    Не ме напаѓајте :) мое мислење, ако некој сака да ги чита немам ништо против. Уште поубаво и вака што читам дека има позитивно влијание врз вас. И јас сакам кога книга ќе ми отвори нови видици, ама несакам инструкции
     
    На Hortenzija и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  9. TheSilence

    TheSilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Моќта на потсвеста- Dzozef Marfi

    Обожавам психолошки книги!!! Книги за контрола на потсвеста, за контрола на самиот себе и осознавање на самиот себеси, кој си ти вистински. Оваа книга се чита повеќе пати, еднаш-како ниеднаш.... Книгите од овој тип, исто тука би ја ставила и Будење - Антони де Мело прават да се чувствуваш поинаку, да сакаш да смениш нешто кај себе и да се промениш на подобро!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Ја прочитав.. некако ми беше досадна, нема никакво дејствие и долго време ја читав. Психолошка е-сакам психолошки романи..ама ова и немаше некое големо влијание на мене
     
    На FotoLina3 и m2m2m2 им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Па психолошка книга, какво дејствие може да има |( Мене ми падна книгава во раце, прочитав три реда и толку можев да издржам. Овие книги не ги можам. Некој ќе соли памет за како треба да се живее, како да се најде среќата, дрн, дрн :^) Одвратни ми се, ми го будат нагонот за повраќање бре. Ко божем нивниот живот е совршен, достигнале нирвана, па сега памет ќе солат :puke: :puke:
    Може коментаров ми е пресилен, ама тотално ги изразува моите ставови. Се надевам некој нема да се најде навреден, сепак ова е само мое мислење.
     
    На biGirl, citiesinflames и drugarka им се допаѓа ова.
  12. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Зашто да нема дејствие?? Злосторство и казна не е психолошки роман? Или тој нема дејствие?
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Хммм, мислев на онакви книги за самопомош. што ја откриваат тајната на животот, која ние без нивна помош не можеме никако да ја видиме.
     
    На PaLaVa, citiesinflames и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    прилично интересна книга :) обожавам психолошки романи, и некои ми го сменија животот но оваа и не е до толку :/
     
  15. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Kолку пари е книгава и од каде можам да ја купам?
     
  16. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Моќта на потсвеста - генијална психолошка книга ! Книга за животот , книга која учи , лечи , и преобразува. Се чуствувам психички одлично откако ја прочитав....можеби и подобро не сум се чуствувала никогаш....:) Ја препорачувам од се срце ! Книга што секој мора да ја прочита !!!! Џозеф Марфи, ти благодарам ! :) ♥..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Јас Тајната ја прочитав и многу поучна книга е,,,ме смени тотално,а сега си ја купив и Моќта на потсвеста па после испитиве се нафрлам на неа едвај чекам да почнам да ја читам!!! :D
     
  18. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Одлична книга! Една од пубавите психолошки книги и една од ретките кои имале влијание врз мене. Пред да ја прочитам бев скептик околу напишаното но потоа сменив мислење. Ја открива тајната на животот... не во смисла дека ете ќе најдеш решение за сите проблеми и дека ќе успееш се да контролираш, но сепак помага повеќе да се посветиш кон позитивно мислење. А штом почесто размислуваш позитивно ако ништо друго сам успеваш да се контролираш во одредени ситуации.
    Мислам дека вреди да се прочита, но точно е дека нема влијание кај секого.
     
  19. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    ај некој нека каже од каде ја има купено книгава?
     
  20. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Прекрасна психолошка книга која ми го промени животот