Моќта на потсвеста (Џозеф Марфи)

Discussion in 'Книги' started by love23, Apr 25, 2011.

  1. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2009
    Messages:
    718
    Likes Received:
    391
    Книгава се најде еднаш во моите раце. Требаше да ја прочитам. Стоеше 1 месец кај мене ама никако да седнам и да ја читам затоа што имав една друга на која повеќе внимание и посветив. И дојде сопственикот и ми ја собра.
    Сакам да прашам дали некој ја има побарано на интернет ама на македонски јазик ? Јас ја најдов ама на српски, а сакам да ја имам на македонски.
    Ако ја има некој најдено нека ме извести :)
     
  2. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Joined:
    May 12, 2011
    Messages:
    729
    Likes Received:
    198
    Преубава,јас сакам вакви книги.Многу поучна,и позитивна критика давам за книгата,знае да ти го промени животот на подобро.Стекнуваш нови мисли,изградуваш нови ставови,работите ги гледаш од друг агол.Ја препорачувам секој да ја прочита,и оваа и Тајната,и Калуѓерот што го продаде своето ферари.Презадоволна сум од сите 3 прочитани книги.
     
  3. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Joined:
    Feb 23, 2011
    Messages:
    1,517
    Likes Received:
    1,059
    Мене стилот на кој е напишана не ми се допадна, повеќе сакам такви книги во кои поуките се вметнати во добро раскажана приказна*, а не само така плеснати, наброени ( *На пр. како Странецот кој го продаде своето ферари)
    Друго нешто, немало потреба за книгата да трошат толку страници кога на секоја страна едно па исто се кажува, одново и одново |(
    Книгата слободно можела да се состои од 2 корици и едел лист и толку.
     
    FotoLina3, drugarka and julie77 like this.
  4. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Joined:
    Sep 24, 2011
    Messages:
    255
    Likes Received:
    135
    ФЕНОМЕНАЛНА КНИГА ако сакате да се пронајдете себе си!
     
    ♡BuBaLe♡ likes this.
  5. stylishh

    stylishh Популарен член

    Joined:
    Jan 16, 2011
    Messages:
    425
    Likes Received:
    619
    Gender:
    Female
    книгава е ВОДИЧ на мојот живот од кога ја прочитав пред некоја годна ,се променив себеси ,моите размислувања не се тоа што беа ,се разбира позитивно,и ден денес ми стои на ноќната масичка и обожавам да ја отворам,и да прочитам некоја реченица баш онаму каде што ке ми се отвори,и башш како по некој закон се отвара она што треба да го прочитам ,за нешто што ме мачело во текот на денот,цела ми е подвлечена затоа што цела е со вистините за животот и како треба да гледдаме на работите , обожавам нешто што учи на добро и на позитивност ,дали е книга или друго нешто нема врска ,а оваа е нешто посебно ја препорачувам за сите оние кои сакаат да се најдат себеси,и се што е од др.Џозеф Марфи ;)
     
    Lella, cresa-jagoda and rhcpfan like this.
  6. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Joined:
    Apr 9, 2011
    Messages:
    526
    Likes Received:
    165
    Gender:
    Female
    На првата страна од оваа книга пишува - КНИГАТА КОЈА Е ПРЕД ВАС ПРАВИ ЧУДА! И навистина прави, само ако навистина со желба ја читате книгава и верувате во исклучителната моќ на потсвеста. Лично мене многу ми помогна, и во самодоверба и во отстранување на црните мисли од нашата свест. Доколку секој од нас почне да мисли на убави и позитивни нешта, нашата потсвест ќе ги прими таквите мисли и целиот наш живот ќе почне да се движи во таа насока- Човекот е она што мисли!
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2011
    Messages:
    4,464
    Likes Received:
    7,842
    Gender:
    Female
    Многу добра книга мене ми помогна многу и сега сум на пат на остварување на една желба, ако се исполни ќе сум најсреќна :) :)
     
    cresa-jagoda and Nightwalker like this.
  8. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    912
    Likes Received:
    599
    Книга чии резултати би требало да бидат:

    - Надминување на грижите и стресот
    - Прекин на лошите навики
    - Организирање на сопственото време
    - Развој на самодовербата и чуство на сопствена вредност
    - Напредок во кариерата и уште многу совети и корисни "лекции" за тоа како вашиот живот да биде поуспешен а вашето секојдневие исполнето со животна среќа и планови кои полека но сигурно ќе се реализираат со контрола на вашата потсвест и начинот на кој ги гледаме нештата околу нас.

    Лично не сум многу по ваквите психо - наравоученија од книги, но зад книгава се крена голема прашина.
    Не дека не е корисна но главната поента е во добро познатата мудрост дека самите сме причинители за сопствената среќа или несреќа. Од нас зависи дали ќе гледаме на животот: како вечни жртви или храбри авантуристи кои без страв од ризик на проблемот ќе гледаат како на предизвик.
    Но едно е сигурно - во денешно време не е лошо да имаш добро "истренирана" потсвест.

    Искрено ја препорачувам, не затоа што животот драстично ќе ви се смени кон подобро и наеднаш ќе бидете безгрижни, туку затоа што барем за минута ќе се замислите дали тоа што го правите моментално Ви носи вистинска среќа или можеби е време да почнете да го остварувате она што отсекогаш сте го посакувале.
     
  9. ilence

    ilence Истакнат член

    Joined:
    Feb 19, 2012
    Messages:
    186
    Likes Received:
    88
    Преубава книга,ја имам прочитано пред две три години,и секогаш кога ке треба да започнам нешто ново или кога сум во исчекување на нешто секогаш потчитнувам пак од неа.И кога првиот пат ја прочитав оваа книга,потоа,седнавме со една пријателка на кафе и ми рече сака да отвори фризерски салон ама и е страв,како е исцрпена и разочарана од газдарицата во чиј салон работи,а мене единствено што ми падна на ум е да и ја дадам да је прочита книгата.Па ке ви казам дека по некое време слуцајно одејки накај продавница ја видов како отткљуцуваше за да влезе во сопствениот салон,весела и позитивна.Сакам да кажам книгата е мн.убава и позитивна а пред се психолошка,убаво е кој не ја прочитал да ја процита БАРЕМ ЕДНАШ,поздрав
     
  10. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Joined:
    Jul 3, 2011
    Messages:
    140
    Likes Received:
    25
    Gender:
    Female
    Од она што го прочитав од вашите коментари погоре, мислам дека книгата е нешто слична со онаа на Ниче Димовски -Најголемата вистинска тајна на светот или па можеби не.Ајде ќе ја прочитам и Моќта на потсвеста па ќе видам.
     
  11. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Joined:
    Mar 2, 2011
    Messages:
    155
    Likes Received:
    39
    Книгата е стварно преубава..сосема те прави да мислиш позитивно на се и дека во животот се е можно и се се успева само со потсвеста секако доколку се мисли позитивно ..сеуште ја читам ама стварно е нешто посебна и им препорачувам на тие што ја немаат прочитано да си ја земат и да ја прочитаат нема што да изгубат само ќе го сменат своето мислење а со тоа и начинот на животот :)
     
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Joined:
    May 17, 2011
    Messages:
    1,525
    Likes Received:
    3,029
    Јас ја земав вечерва,ќе видам како ќе влијае книгава на мене,Еднаш кај една другарка прочитав 10тина страни и ми се виде како доста интересна,ама тек кога ќе ја прочитам цела,ќе дадам целосен коментар за книгава. :)
     
  13. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Joined:
    Apr 18, 2011
    Messages:
    669
    Likes Received:
    318
    Многу добра книга.
    Не сум ја читала одамна, но ми ги има проширено видиците, и сватив колку со моето однесување и изборот на зборовите во одредена ситуација можам различна реакција и однесување да предизвикам во околината.
    Омилен дел од книгата ми е оној во кој се зборува за сугестијата. :)
     
  14. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Joined:
    Aug 5, 2011
    Messages:
    395
    Likes Received:
    144
    Gender:
    Female
    Книгава сега ја чита мајка ми, и цело време ја фали, но јас не верувам дека ќе ја прочитам не сакам вакви книги...
     
  15. joana18

    joana18 Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    734
    Likes Received:
    1,110
    Дали ја има некој симнато оваа книга да ми ја прати во лп?
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,864
    Likes Received:
    101,732
    Gender:
    Female
    Книгата е убава и навистина може да го смени животот.Само наоѓам многу сличности со Тајна.И не знам кој кого тука копира :?:
     
  17. Jelena-JK

    Jelena-JK Активен член

    Joined:
    Jul 16, 2012
    Messages:
    45
    Likes Received:
    7
    Морам повторно да си ја прелистам книгава,ептен поучна и доста влијае позитивно на нашата психа,кога ја читав мислам дека се преродив :)
     
  18. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Joined:
    Jan 23, 2013
    Messages:
    117
    Likes Received:
    50
    Јас верувам дека од нашата добра мисла зависи нашето добро расположение. Авторот во неколку наврати говори дека мозокот е една голема градина. Ако посееме убави мисли ќе вродат убав плод. Ако посееме лошо семе (лоши мисли) ќе добиеме лош плод.
    Па потсвеста е моќна во секој случај и ако во моментот не не’ тера да направиме нешто тогаш верувајте ќе остане како спомен и во иднина некоја постапка ќе ја базираме на тоа „што се одвивало под површината“. Обично кога викаме дали да го слушаме срцето или разумот (најчесто во љубовта) викаме дека го следиме срцето но разумот во потсвеста знае да не мачи и јаде од внатре многу подоцна откако сме го направиле 'нештото'.
    Се разбира ова знае да биде и обратно. Потсвеста е базирана на собрани стравови, мислења, желби кои пловат под површината на тоа што отворено го мислиме и го правиме. Како и сантата мраз, потсвеста е 70-80 проценти од тоа што навистина се одвива во нашата глава додека свесниот дел е најмал и безначаен во споредба. Треба да се најде начин да се изедначат овие два процеса, но не само на кажување и правење на тоа што го мислиме потсвесно туку и контролирање и дисциплинирање на скриените (мрачни можеби) желби и мисли.
    Од лично искуство можам да кажам дека човек може да стане жртва на скротувањето на потсвеста затоа секогаш треба да се има внимателен пристап. Љубовта и емпатијата можат да доведат до исфрлање на негативните мисли и стравови, до балансирање на двата често спротивни мисловни процеси.

    Џосеф Марфи има продолжение на најпопуларната книга „Моќта на потсвеста“ која се вика „Како да го добиете тоа што го сакате“ Во раце држите уште еден подарок од д-р Џозеф Марфи за вас, за подобар и посреќен живот, за напредок во секој поглед. Во секое од тринаесетте поглавја големиот американски духовник се осврнува на некој од општочовечките проблеми. Го објаснува и дава корисни упатства како да го решите вашиот проблем.

    ЉУБОВТА Е СЛОБОДА - само кога искрено сакате, имате вистинско чувство на слобода;
    МЕНТАЛНИ ОТРОВИ И ПРОТИВОТРОВИ - менталните отрови се негативните мисли што дејствуваат во вашата потсвест;
    СМЕНЕТЕ ГО ЧУВСТВОТО ЗА СВОЕТО „ЈАС“ - сфатете дека вашето „ЈАС“ е божествено, засакајте го и ќе ви следуваат сите можни добра;
    ОСТАНЕТЕ ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ - пред сè, важно е духот да ви биде млад.
    КАКО ДА ГИ ПРИВЛЕЧЕТЕ ПАРИТЕ - ваше право е да бидете богати;
    ИСЦЕЛУВАЧКАТА МОЌ НА ЉУБОВТА - од човекот што љуби бегаат болестите и несреќите;
    Зошто ми се случува тоа? - сигурно сте се прашувале - еве ви го одговорот!

    Оптимистички мисли на Џозеф Марфи:
    * Трпението, љубезноста, љубовта, радоста, добрата воља, среќата, мудроста и разбирањето се особини што никогаш не стареат. Негувајте ги и ќе останете млади со душа и тело......

    *Стареењето не е поминување на годините туку раѓање на зората на мудроста.

    *Радувајте се на зрелата доба. Тоа значи дека се движите напред по патеката на животот која нема крај.

    *Животот се обновува. тој е вечен и неуништив.

    *Умот не може да се види. ама сепак постои. Духот исто така не може да се види, но исто така постои. Ни животот не може да се види, но многу добро знаете дека сте живи.

    *Човечките години се бројат дури откога нема ништо друго да се брои. Вербата не е подложна на пропаѓање.

    *Плодовите на староста се љубовта, радоста, спокојството, стрпливоста, љубезноста, добрината, вербата, кроткоста и трпеливоста.

    *Човекот е дете на Вечниот Живот што нема крај. Човекот е син на Вечноста. Човекот е чудно суштество!

    *Човекот е млад онолку колку што мисли дека е млад. Човекот е силен онолку колку што мисли дека е силен. Човекот е корисен онолку колку што мисли дека е корисен. Човекот е млад онолку колку што му се млади мислите.

    *Човекот ќе остари кога ќе престане да сонува и кога ќе го загуби интересот за живеење.

    *Тајната на младоста е љубовта, радоста, внатрешниот мир и насмевката.
     
    ♡BuBaLe♡ and samovilamila like this.
  19. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Joined:
    Jul 5, 2012
    Messages:
    923
    Likes Received:
    1,858
    Gender:
    Female
    ја имам прочитано и додека ја читав позитивно ми влијаеше,бев посрекна,понасмеана,пооптимист,и така кога ме напагаат црни мисли понекогаш си читам по некоја страничка и одма ми е подобро,можам да ја читам повторно и повторно и не ми досадува
    инаку ги засакав психолошкиве книги и отсекогаш ме интересирале такви работи,во скоро време ке си купам уште некоја,предложете некоја така позитивна
     
    ♡BuBaLe♡ likes this.
  20. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2011
    Messages:
    651
    Likes Received:
    1,027
    Книгата е навистина предобра значи.Ми помогна доста многу.Јас како песимист успеав барем малку да гледам на посветлата страна на животот.Не можам да ги сфатам за тие што не веруваат во потсвеста и што мислат дека сето оваа се глупости.Од лично искуство и свои примери знам дека постои и не може некој да ми каже дека оваа се глупости.Убаво велат,што мислиш-тоа си.А во книгата има доста добри совети што навистина помагаат.Само треба волја,желба и упорност за се :D Ви ја препорачувам на сите вас што верувате. :D :D :D
     
    ♡BuBaLe♡ likes this.