Се сложувам дека книгата е многу слична со Тајна. Е сега дека може од корен да те смени или да ти го смени животот нема веза. Секогаш е убаво човек да има позитивно мислење, да биде оптимист и да верува дека убавите работи ќе му се случат но знаеме и сами колку понекогаш сите сме верувале дека некои работи ќе се случат, сме ги замислувале, сме ги сценирале во нашиот мозок и сме се убедувале себе си дека се ќе биде во ред но работите не излегле такви. Убаво е книгата да се прочита како потсетување дека најважно е секогаш да останеме оптимисти и да ги гледаме позитивните работи но да се залажуваме дека ќе ни го смени животот - НЕ!
Неверојатна книга. Дефинитивно една од оние кои најмногу ми влијаеле па и донекаде ме промениле. И јас бев една од оние кои со потсмев гледаа на овој тип на литература но после читањето на ова можам да кажам дека мојот став е далеку поразличен. Потсвеста е чудо!
Ја читав кога бев помала и не успеавм да ја дочитам најверојатно бидејќи не можев доволно да согледам и разберам некои работи.Ми беше тешка за читање,да имам прилика сега повторно би ја прочитала.Баш за да видам дали ќе променам мислење или не.
Многу сакам да читам книги особено психолошки ама книгава не е ништо посебно. Ок е дека треба да веруваме во себе и својата потсвест ама не е се во животот како во книгава. Да бидеме реални ако само посакуваме нешто не значи дека ќе се оствари . Пример може јас сакам да летам ама дали ќе полетам ? Не!! Или ајде нешто пореално ако некој сака да се збогати ако постојано размислува и си повторува за богатво тоа само ќе му дојде ? Се разбира дека не ! За да успееш во животот треба да имаш малку среќа , поддршка од најблиските , желба за успех и многу труд и напорна работа !!
Немам лош збор за книгава. Највеќе ја препорачувам на луѓе што се главно песимисти за животот и оние со ниска самодоверба. Едноставно те тера да мислиш позитивно.
Ја имам книгата од пред 4 години, ама тогаш бев многу мала за да ја читам. Оваа година почнав да ја читам и не ја дочитав. И покрај тоа што верувам во потсвеста и се согласувам со се што имам прочитано во неа, едноставно овој стил на пишување не ме влече. Повеќе сакам книги каде има дејство и на некој начин практично се покажува она што авторот сака да го каже, како на пример во „Алхемичарот“ или „Кој го здипли моето сирење“. Можеби ќе ја прочитам кога ќе бидам постара, којзнае...
Ја имам дома неколку години веќе така фаќа прашина. Сестра ми ме напна еднаш да и ја купам и двете со мајка ми полудени се по книгава. Јас како и секогаш со негативна мисла сум (читај реална) па ме тераат да ја читам да се олабавам малку да сум видела како треба да се мисли позитивно па се на тацна ќе ти се оствари. Ахм, да, несакам да читам книги за самопомош ама ќе ја прочитам фамознава, ми стои до кревет, се некои изговори смислувам да не ја почнам, ме ежи самата помисла да земам да ја читам Ај ќе ви пишам одкако ќе ја прочитам и ако ја прочитам.
Јас ја имам книгава подолго време, мајка ми демек ќе ја читаше, ама ништо. Пред некој ден од чиста досада ја отворив на првата страна што ја најдов, и почнав да го читам тоа што прво ми падна в очи. Чинам дека читав нешто за сонот и колку одговори можеме да добиеме од него. Мислејќи дека ќе прочитам една две реченици, завршив читајќи по цели глави. Според мене, книгава е убава, ама не за да почнеш да ја читаш отпочеток, и не е за да ја земеш еднаш од библиотека. Треба константно да си ја имаш крај себе, за секогаш кога си во депресија, или те обземаат црни мисли, што и да прочиташ, веднаш ќе го врати оптимизмот. Ако не друго, Џозеф Марфи знае да го извади позитивното од тебе. Јас веројатно сум мала за книгава, ама многу ми се допаѓа, и мислам дека треба секоја вечер пред спиење да се прочита по некој ред. Книгава и мене ме натера да верувам во силата на потсвеста, и тоа дека кај неа се наоѓаат сите одговори. Ја препорачувам, дефинитивно.
Ја купив кингата уште пред две години и никако да почнам да ја читам ми седи на полицата на кинги ми собира прашина..
Прво, оваа книга не е роман за да очекувате да има некакво дејство! Второ, не е за сите, не е за оние кои имаат од старт одбивен став кон истста. И да, тешка е за сфаќање, наведените примери треба секој за себе на свој начин да ги гледа и протолкува. Како што и самата корица носи натпис, навистина КНИГАТА ПРАВИ ЧУДА! Сепак, чудата ќе произлезат само ако ние и дозволиме, а пред тоа ја насочиме на тој начин нашата потсвест. И нема една и едноставна формула КАКО да го изведеме тоа. Оваа книга ни насочува да си го откриеме своето внатрешно оружје, а како ќе го користиме - зависи од нас! Книгава ја поседувам од 2007 година и ми претставува еден вид библија, повремено ја разлистувам, препрочитувам пасуси, препишувам сегменти, подцртувам делови... Џозеф Марфи! Моето животно мото { внимавај што посакуваш - МОЖЕ да ти се оствари}
Животот не се учи од книга, исто како што иста дијагноза на болест кај секој човек е индивидуална и треба посебен пристап. Во таквите психолошки книги мегу кои и оваа која патем речено сум ја прочитала неколку пати, пишува на пример дека треба да се соочиме со сопствените стравови, колку повеке бегаме тие толку повеке не пртискаат. Знаете ли само колку е тешко да се соочиш со сопствените стравови? Секој од нас знае дека решението е тоа, но проблемот е како да се соочиме со него. Да се разбереме, тие книги се општи, пишувани така да се пронајдат што поголем број луге во нив, немојте да очекувате дека вашиот проблем ќе го решите со помош на книга. Книгата може само да ви помогне но не и да го реши проблемот. Во таквите книги обично сакаат да ве потикнат позитивно да мислите што е ок но не е тука решението, решението е во вашата глава. Затоа баталете ги тие книги, обидете се да размислувате рационално и да се обидете на пример стравоите да ги идентификувате дали се реални или не. На пр. Еве ќе тргнам од нај баналните стравови, страв од пајак или страв од лифт. Што ќе се случи ако ве касне пајак? Ништо, единствено што може да се случи е да имате мал оток и тоа е тоа. Значи тој страв е ирационален. Што ќе се случи доколку се заглавите во лифт? Ништо, ниту ќе се угушите ниту ќе се случи нешто страшно, поголеми се шансите да загинеме на улица отколку во лифт.... Да не должам, доколку сте во депресија, доколку иматестравови таквите психолошки книги можат уште толку да ве зезнат а не да ви помогнат. Баталете ги книгите, вклучете го рациото и пробајте да се извлечете сами или со помош на своите блиски, но пак ќе повторам решението е во самите вас.
Само што ја прочитав книгата. Истото мислење го делам. Според мене дури и глупа ми беше книгата, еден вид на фантазија. Као: СЕ МОЖЕ ДА ИМАТЕ АКО ПОТСВЕСНО И СИЛНО ГО ПОСАКУВАТЕ! Охх мори мајко, не е така во реалноста, колку и да си оптимист и колку и потсвесно да размислуваш позитивно, лошите нешта се случуваат и НЕ СЕ ВО МОЌ НА НАШАТА ПОТСВЕСТ! Не, книгата неможе да ви го промени животот, може само да ви помогне да си го смените начинот на размислување, да бидете позитвни и покрај се. Но и тоа е невозможно, бидејки човекот е живо суштество кое нормално е понекогаш да се осеќа песимистички и да размислува негативно. Голем притисок е да се измачуваме со на сила позитивни мисли, кога понекогаш се чуствуваме лошо со причина. Во ред е да имаме периоди на стрес, грижа и нервоза. Сме имале и добра причина за тоа. И мора да поминат сите чуства, ниту потсвеста неможе тоа да го спречи. Неможам денес потсвесно да посакувам голема луксузна вила и да ја добијам само затоа шо потсвеста така ми сака.
Исто како тебе мислев и јас. Дека сум сама што не ми се свиѓа. Ама веројатно ние сме меѓу ретките. Со сите што сум правела муабет за ваков тип на книги ми ја имаат предложено книгава.