Нешто шо нај мразам, е да станувам наутро кога е ладно. Кога е зима и кога сум прва смена, не ми се живее. Ќе ја видам сестра ми како безгрижно спие, така целата топличка ми се плаче еј
Да бидам толку многу емотивна... па веќе у пм...како може да сум толку глупава...90% од луѓето да можат би ме згазиле,а ја се потресувам за сите,ги сакам им помагам стварно ми е без врска,а пак се секирам за сите,плачам за се и сешто...
Да станувам рано, рано насабајле, се што спаѓа во категоријата чистење и кога треба да се правам фина пред фаци што не сакам ни да ги видам
Да се пакувам зашо секогаш заборавам нешто. Да си го местам креветот, многу кебиња, многу перници, абеабе аман ми е од тоа. Да бришам прашина да го кренам секое укравче па да бришам па пак на место аоооо лудница. Да објаснувам некои работи по сто пати, па затоа кој слушна слушна немам нерви јас да повторувам. Да се бањам зимно време, грелка си носам во вц, пола саат дува, па после влевам да се бањам, мразам зима.
Мразам кога ќе треба да станам сабајле за на работа и да се спремам а толку ми е топличко под ќебенцето
Мразам кога треба да седам во друштво на луѓе за кои знам дека се лицемерни, па автоматски јас станувам лицемерна.
Мразам да ме распрашуваат луѓе. Пример да земам млекото од фрижидер и да ме прашат „што ќе прајш?“... Ако сакам, ќе си измиам нозете. Стрпи се и ќе видиш...
Најмногу од се мразам да ја празнам пепељарата и да си го средувам орманот! Постојано ми е ко бомба да експлодирала