Мразам кога треба да пеглам, да варам кафе( а баш тоа стопати во денот морам да го правам), мразам кога некој ми се прави паметен, а околностите ми налагаат да преќутам и да не го истепам , мразам да станувам рано, а немам никаква обврска. Воглавно тоа мразам!
Мразам да станувам рано за на школо а сум легнала накај 3-4 и кога морам да слушам досадни предавања од кои само уште повеќе ми се спие
Зависи од расположение, инаку мразам да станувам рано секогаш(ама ко ќе мора), мразам да суредувам плакар и да диплам алиштаа инаку да чистам друго се, ама диплење смрт ми е. Мразам кога некој ќе ми рече Ти реков? , а пред тоа јас истото сум го кажала.
ауффф...мразам да одам на продавница-смрт ми е.Живеам на најгорниот кат,без лифт ... Мразам кога ќе излезам со свежо измиена коса и ветерот ќе ми ја раздува.Мразам кога дечкото ќе ме разбушави,мразам кога нема да ставам каиш и ми паѓаат фармерките,мразам кога некој ќе ме разбуди од сон,мразам кога цела ќе се ишлакам од менст. и кога ме боли стомакот од истата..........
Мразам кога треба да станам сабајле рано, мразам кога треба да варам кафе, мазам да ја средувам масата, мразам да го чистам теписонот, мразам кога ме лажат, мразам кога некој упорно нешто тврди а јас 100% ја знам вистината ама не можам да го исправам, мразам кога татко ми се дере, мразам кога дечко ми е неразположен и кога превртува очи за све и свачега , мразам кога сум неодговорна, на пример овие денови, мразам кога ми кочи компјутерот, мразам кога некој не си стои на зборот... и такаааа
1. мразам кога мајка ми ме тера да и '' помагам '' низ дома а цела работа ја работам јас 2. мразам да учам работи кои не ме интересираат и кои никогаш нема да ми бидат потребни 3. мразам кога некој се прави попаметен од другите и мисли дека без него не се може 4. мразам кога ми се мешаат во животот и ми кажуваат што да правам
I......IIII????? SHTO AKO MRAZISH SVE TOA???? NEMA DA NI KAZISH SHTO SAKASH ??? PA BELKIM EDNA ZELBA KE TI OSTVAREVME NIER!!!!!!!!!!!
Како прво треба да се пишува на кирилица а и мислењата треба да бидат јасно напишани и убаво осмислени , за да се знае што сака членот да каже, за да не дојде до забуни !
мразите ова мразите она ами ја што да кажа што кутрата во последно време се мраза и од се ми е преку глаа се ми е здосадено
Се сетив што уште мразам мразам кога со пуштена музика ке чистам или мијам садови(така обично се си работам,без музика не ми оди работата ) и ке дојде татко ми од работа и ке ми ја исклучи музиката и ке си пушти вести. Е ТОГАШ СТРАШНО СЕ НЕРВИРАМ
Mразам да станувам рано,после цел ден ми се заебува. Мразам кога ќе ме окапи јак дожд на 50 м од дома. Мразам кога телефонот цел ден не ми ѕвони,сум му ја заборавила музиката и баш во моментот кога не можам да зборувам,ете ти го.Абе ми иди во такви моменти да го фрлам најдалеку,колку што можам и неможам. Мразам да им објаснувам нешто на луѓе кога е повеќе од очигледно дека не постојат никакви шанси да сфатат. Мразам телефонски анкети,мислам дека во сите сум застапена,премногу често ми досадуваат. Мразам кога сум премногу гладна да се вратам дома и јадењето е ладно или не ми се допаѓа. Исто,мразам кога ќе се вртам дома и главава ми бучи одма да ме замараат со прашања,аман бе луѓе почекајте да здивне човек.Најдобро е да ми се обраќаат по пола час,ова би било идеално али тешко да го спроведам во пракса. Мразам да чекам,секоја неизвесност ме убива во поим. Мразам кога сум принудена да слушам ептен грда музика,во такси или на некое такво место. Мразам да слушам тапа муабети,али на некој начин сум или условена или принудена. Мразам кога ќе ми снема топла вода,па ќе мора со некоја млака накај ладна да се плакнам. Мразам кога немам што да облечам,не знам што да облечам или баш тоа што сакам се пере или не е суво. Еј многу нешта сум мразела ,ај другпат апдејт.
има моменти кога сакам и да чистам да одам во продавница да помагам но има и моменти кога мраза: -Да мијам -Да одам во продавница -Да варам кафе -Да чистам -Да им ставам вода на цвеќињата ...
За такви мрзи како вас, а нормално и како мене , еве една песна http://www.youtube.com/watch?v=gK4Q70pV528