Мразам да станувам сабајле, мразам да одам на продавница, мразам да објаснувам на некој како е, да објаснувам зошто сум во право, мразам да правам било што кога има ми дојдено
Мразам да објаснувам ситуации и опишувам настани. Не сакам да одговарам на прашања што се однесуваат исклучиво на мојот личен живот и на никој друг. Не сакам и нешта кои сепак морам да ги правам, одење на пазар и пакување лични работи.
Мразам да чистам и мразам кога треба набрзина да се спремам за некаде бидејки сакам да си го организирам времето однапред..
Mrazam razgovori rano na sabajle (preferura da si molcam dodeka da go ispijam kafeto ), da povtoruvam sto pati sto sum rekla I da odgovaram na licni prasanja
Mразам да се расправам со документација, собирање документи, па нели во текот на таа процедура секогаш нешто фали и само трчаш како бесен наваму - натаму. Мразам СЕКОЕ, ама СЕКОЕ утро кога мајка ми доаѓа од спална како во штек вклучена и додека јас спијам над глава ми ги разбиструва сите можни и не можни политики, пропратени со прашања на кои мора да одговориш оти ќе ти бидат поставувани до бесконечност во спротивно. Колку е само исцрпувачки ова, дали е свесна или не женава, еве не знам.
мразам да чекам некого (пример другарката што нон стоп доцни) преку глава ми е мразам кога некој ке ме разбуди на сабајле а јас во наубавиот сон, мразам кога треба да молчам кога др лаже а јас ја знам виситината....мразам дожд
мразам кога некој стално зборува нешто без веза, мразам оговарање, карање и навреди.. мразам доцнење и неодговорност, мразам ладна вода и жешко време, мразам станување од кревет наутро и мразам кога ми наредуваат
Мразам да мијам садови,мразам кога треба набрзина да се спремам за некаде,мразам дожд и мразам кога косата секоj втори ден ми се мрси и морам да миjам
Мразам да мијам садови и да станувам рано. За тие две работи секогаш имам смислен изговор како да се извлечам.