хаха и јас исто ова најмн го мразам мразам да седам со луѓе кои ме нервираат а посебно па ако треба и муабет да им праам
Мразам да мијам садови најмногу на свет , се низ дома ќе работам, само не ме терајте садови да мијам , така им викам по дома
најмногу од се мразам да фрлам ѓубре па секоаш ќе го "поткупам" брат ми со тоа што ќе седи 2 саати на компјутер. хаха лоша сум ха !
мразам што цела недела ми тече носот и сега ми испукала кожата околу, мразам што треба да го дувам на предавања
Мразам да си ги средувам шкафовите, да идам до станица, па да автобус, па до школо... Мразам да мијам садови, и мразам да спијам на чаршав
мразам што е ладно и што неможам да се дотерам и да излезам и да играм на подиум и да се загреам со вотка-мартини
Мразам кога ќе ни пукне сијалица по дома и се гледаме сите тројца кој да оди да купи за да не тонеме во мрак...
мразам да одам од дома само до продавница, ако треба и за леб ќе умрам ама не ми се оди мразам да бришам прашина и да лупам компир , мразам кога некој не ме разбира или се прави дека не ме разбрал па треба јас пак да објаснувам , мразам кога ќе носам чадор а нема да врне ( а кога не носам обавезно од нигде и гром ќе падне ), мразам кога ќе ми дојдат непоканети гости па треба да дремам со нив а сум планирала нешто 10то , мразам да чекам ..... и мн др работи
Мразам кога мора да правам ручек, а во него кромид да ставам... Мразам кога мора да станам рано за на школо...мразам да варам кафе..
Мразам да се будам рано наутро Многу голема спанка сум значи и уште од мала се лутев кога ке ме разбудеа рано за да ме носат во градинка. И мразам ѓубре да фрлам хаха Не знам зошто ама можиш се да ме натераш да правам , само не ова хаха
Мразам да седам на досадно предавање во 8 сабајле кога очите едвај ги држам отворени па професорот онака упорно тупи!!! И мразам да мијам садови, се само тоа не.
мразам ко ќе треба да станам раноо, маразам ко ќе се шминкам на брзина, мразам ко ќе некој ми се спротистави, а не е во правооо, има поќе работи ама ове 3 од такт ме вадат
Мразам да станувам раноо, а посебно го мразам неподносливиот и досаден аларм...ии мразам шо секој ден имам по 7 часа нашколо!!!!