Мразам кога навечер пред легнување ќе си ги измијам забите и ќе ми се сојаде Мразам кога за нешто што не треба да го правам викам САМО УШТЕ ЕДНАШ неколку пати.
мразам кога некој ми менува канал или омилена песна мразам кога брат ми ме нервира и кога јас се трудам нешто да објаснам а некој не ме слуша а и да кога мајка ми не ми дозволува да не ја гушнам кога сакам зошто сум била веке голема"крава"
Мразам кога имам вистинска причина за да бидам среќна, а јас не само што не сум среќна туку сум и прилично депресивна со срцебиења и грутка во градите. Е многу го мразам ова чувство!
Мразам кога некој ме гледа во очи и ме лаже. Мразам кога треба да учам. Мразам кога ми се спие, а не можам да си легнам. Мразам кога некој се кара. Мразам кога некој упорно ме убедува во нешто, а јас знам дека не е така.
Мразам кога: - некој ме прави будала и ме лаже - некој ми се дига и ми се курчи и ги потценува останатите - некој ме игнорира - ме испрашуваат најразлични прашања - треба да допрам нешто валкано - некој се обидува да ме премисли или наговори на нешто или да ми наметне став - некој ми ја одзема приватноста - ми велат да побрзам
-Бидејќи јас секогаш верувам во себе и никат не сум си кажала нешто песимистичко па затоа мразам кога некој сака да ми ја сруши самодовербата, ама нема. -Мразам кога сите ме обвинуваат мене дека сум најмала во семејството. -Мразам и кога се симнувам по 2-3 пати од 5ти спрат до доле и пак се качувам. -Мразам кога некој сака да направи будала од мене. -Мразам кога некој лаже. -Мразам кога некој се филма. -Мразам кога некој е упорен и сака да направам нешто што јас не сакам да го направам.
Мразам кога сопствениците на кучиња ги шетаат кучињата без јаже или со многу отпуштено јаже, па кучето мислејки дека јас сум му другар за играње ќе се затрча или скокне кон мене!!! Ова страшно го мразам и редовно се расправам со оваквите сопственици на кучиња!!! Кучињата НЕ ГИ МРАЗАМ, но несакам да ме допираат и преплашуваат!!!
МРАЗАМ кога некој е предосаден и самбендисан и кога одам на фризер јас велам два прста скрати а тој чкрапнал 20 е тогаш ми доаѓа да му залепам еден шамар и само да излезам без да платам
Мразам кога чекам. Мразам зима,снегови и ладно. Мразам кога некој нема изградено свој став за себе и она што го опкружува. Мразам кога некој ќе ми рече : Јас слушам СЕ од музика. Мразам мрежести хулахопки. Мразам разделби и збогувања. Мразам да носам чадор. Мразам бели штикли, чизми, патики...обувки. Мразам кога се наоѓам во гужва. Мразам арогантни персони. Мразам кога некој ме убедува во нешто што не сакам да го направам. Мразам киви, ананас и се што е кисело. Мразам личности со несредени нокти. Можам до утре да пишувам...
Мразам кога неможам да се контролирам кога јадам, ќе пукнам ако треба ама уште и уште и уште и никако да престанам Дрчна работа.
Мразам кога некој отценките ги добива не со знаење туку со помош на наставници со кажани тестови а има такви кај мене
мразам кога треба да го кажам зборот - требаше/не требаше, тогаш сум свесна дека сум згрешила, или не сум постапила правилно... за жал