Мразам кога не можам никако да влијаам врз некоја ситуација, па ми останува само да се надевам... за потоа истото да се сруши во секунда!
Mразам глупави луѓе. Мразам лицемерност и простодушност. Мразам ограничени луѓе. Мразам љубомора и завист кај луѓето. Мразам кога некој ќе ми повторува нешто по 100 пати. Мразам непедантни суштества. Мразам исмејување од страна на некои луѓе кон други луѓе. Мразам кога телефонот ми нема батерија. Едит: Луѓе без морал или уште полошо продавање лажен морал. Луѓе без култура.
*Кога ме брзаат *Кога велат дека не сум во право *Кога ме лажат мислејќи дека пијам нафта *Ме потценуваат Уште 300 работи има ама ме мрзи се да допишам.
Јас мразам кога треба да кажам нешто на некој било да е важно или не и го размозгувам на триста начини и на крај пак не го размозгам како што треба и почнам да се напнувам и сум под стрес, сега да кажам или не ај утре и шо ништо ај другден и се така до дека не ми пукне филмот. Мразам што сум наивна.
Мразам што не сум упорна во своите цели-ама ич. Мразам што прелесно се откажувам од се. Мразам што сум попустлива(одповеќе)спрема сите.
Мразам коа ќе ме викаат симонЧЕ...значи сфатете дека то ЧЕ ми пречи....ЈАСНО Е ИЛИ САКАТЕ ПРЕКУ ЈАТАГАН ДА УМРЕТЕ?!
Кога некој ме вика срце, душо, убава си, душичка си, лепотица си и уште што не друго, а и мраза кога ќе ставам лајк за прв пат на некого и ајт мора да ми пишат одма. Мразам умилкување, тоа од сѐ највеќе го мразам. Ај на дете да се каже ејј срценце си ова си она ама на твоја возраст така да кажат, глупости.