Мразам кога ќе отидам во убав и угледен хотел и таму ме пречека мека и ниска перница... пола саат дремнав и главоболка мислиш ќе се умира
Мразам кога некој не е искрен и ми мачка очи и глуми лудило. Поубаво кажи ми што мислиш за мене. Кажи дека мислиш оти сум ѓубре, идиот, кретен или не знам што. Толку ли е тешко да бидеш искрен??? Не можам да ве разберам искрено???
Мразам секогаш кога го чекам дечко ми да дојде. Неговото доцнење не е обично, туку се сведува на половина час - час, скоро па секогаш. Исто така и скоро па секогаш има оправдување. Константно му повторувам дека тоа е непочитување на туѓото време, по што следува извинување и ветување дека веќе нема да се повтори. До кога? - До следниот пат :/
Мразам кога некој ме прекинува во нешто (работа, одмор, спиење, јадење, каква било активност) Мразам кога некој доцни без предупредување. Мразам кога ми се менуваат (или некој друг ги менува) плановите во последен момент.
Мразам кога ќе станам од спиење, сум спиела 8 саати, а се чувствувам како да ме има воз прегазено, мразам кога немам мотивација за ништо, мразам кога сум настината
Mrazam koga nekoj ke mi go peremeti mirot i spokojot....n.p. nenajaveni gosti. Mrazam ko ke snema internet na sred omilenata serija, a jas sum napravila pukanki i kafe.
Мразам дволичност Мразам лигавење Мразам да позајмувам пари и да ризикувам со пари Мразам доценење Мразам луѓе кои се трудат да бидат центар пажња, а се глупи Мразам нечистотија
Она кога некој ке ти каже како треба а како не треба да правиш во смисла да ти се меша во твоите одлуки и твојот живот Ова треба строго да се забрани за ваквите луѓе да почнат да си гледаат малку во нивните дворови
Кога некој 3 пати по глуп од тебе што ништо не постигнал у животот на ниту едно поле, ти соли памет како треба да правиш
Манијаците секоја можна ситуација гледаат да ја искористат да фатат девојка. Па дури и на женски форум нека не те чуди
Ти си една од девојките која има најубави постови и најиздржани ставови мислам ти пишав и претходно ама не знам дали си прочитала.Можам да кажам и најхрабри. Не би ги нарекла манијаци но очајни би бил на место.Има и машки членови и примерни се,ама овие со по едно мислење ко падобранци ме нападнаа.Почнуваат по азбучен ред од буква А и идат Ализе па alisa22 па Аргентина и така нататака Да знаев ќе се пишев Шенка на последната буква