1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисок околу празници

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 30 декември 2018.

  1. Pamela Daisy

    Pamela Daisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Добро е, значи имало и други што не сакаат празници, мислев дека сум само јас и дека секоја Нова Година и Божиќ ме следи некоја стандардна депресија, која годинава џабе се обидував да ја потиснам(ме стигна кад-тад) .Сакам само да преспијам и да се разбудам во пролет, нова , освежена и подготвена за живот.Ама ние смртниците немаме таква опција за жал :(
     
    На melissa, poenta, baba Rada и 4 други им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам празниците ми влеваат среќа, надеж, насмевки. И како што поминува времето јас се повеќе се радувам на празниците. :D
     
    На senjorita-v, Feminka192 и baba Rada им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.989
    Допаѓања:
    166.686
    Пол:
    Женски
    Господе боже и сите светци!
    Татко ми почина на празник, кој фамилијарно имаше големо емотивно значење за нас. Вујко ми почина вчера. Јас трудна, според воведен пост треба да скокнам од најблискиот балкон. |(

    Не мразите вие празници, празни сте внатре.
    Едно е и скроз нормално, да нема еуфорија од лични причини, да недостигаат луѓе и работи, да ве мавне депресија. Сосем друго е да мразите нешто, со објаснување -поради другите, како истото го доживувале, и што другите правеле околу празниците со што вие не се согласувате. Оти на конкретни луѓе се нешто им смета, се нешто не им е по ќеиф и тоа пази, за луѓе кои воопшто не ги ни познаваат.
     
    Последна измена од модератор: 2 јануари 2019
    На senjorita-v, macka91, ivi1987 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не сте ни свесни за сите млади луѓе кои на некој начин, во некакво друштво ги одбележуваат празнициве - колку од нив се со загуба на член(ови) на семејството, семејни проблеми, финансиски проблеми, психички состојби, далечина ги дели од саканите, итн итн.
    Па сепак ете, не се полнат со омраза - туку ги одбележуваат, купуваат украси за од тоа шарено и светкаво да им светнат бои и во душата, засукуваат ракави и си прават задоволство со посебни јадења, испочитуваат некакво друштво. И најважно, наводно „куртоазно“ посакуваат најдобри желби на саканите.
    И не, ги има доста од нив што не глумат - туку си прават на некој начин да им е убаво и да ги усреќат другите околу нив, и покрај сè.
    Крај краева, ништо лошо и срамно нема ниту во тоа да ги поминеш празниците сам во мир и секојдневни активности, личен избор.

    Ама нема оправдување за ширење негативна енергија, и плукање на среќата на другите.

    Рада, искрено и без желба за кавга ќе го пишам ова... Оди гушни си ги децата/внуците, израдувај ги со некое симболично и украсно поклонче. Или пак оние најранливите категории дечиња - во домовите, како што спомна членката поназад.
    Стави си цел за годината: да го оставиш настрана виртуелниот свет како место за контрање и пркос кон младината, нивните желби, ставови и трендови - и да правиш нешто што навистина те исполнува.
    Знам дека 99.9% залудно трошам минутка-две пишувајќи ти го ова, ама ете, можеби (и) некој друг (навистина) постар со такви чувства ќе прочита и ќе преземе нешто во врска со себе.
    :hai: :)
     
    На senjorita-v, martine, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    И јас не сум љубител на украсување, дотерување, журкање на новогодишната ноќ ама секогаш ми е убаво овој празничен период.
    Ме асоцира на време поминато со семејство, убава храна и винце, дружење.
     
    На prominent, martine, anaja1 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Не ги мразам, но не ми се допаѓа предвременото украсување на градот и продавниците... Така тие украси губат од симболиката, убавината и ведрината. Значи пред 10 декември според мене кај нас не треба да се украсува, а ни во западните земји ама ај оди докажи им... и тоа пуштање крисмасијална музика по туркоидни молови и супермаркети ми е :tmi: претерување. Не дека не ми се допаѓа таквата музика, ама некако ми е несоодветна за низ продавнци со турско потекло. Од премногу Џингл-белс преработки самата песна изгуби на смисла, а ми беше една од омиелните.


    п.с.@baba Rada мразиш празници а таков потпис со снешко имаш :lol: (инаку многу ми се допаѓа)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Ако не се чувствува среќно за празниците, не значи дека сака и другите да не се чувствуваат среќно.
     
    На baba Rada и zuto им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.245
    Пол:
    Женски
    Според ова што си го напишала ја немаш пронајдено вистинската љубов и го мразиш Дедо Мраз бидејќи не ти ги исполнил желбите.
    Кога поклонот е повреден и поголем на Дедо Мраз му треба повеќе време за да го донесе.

    Јас ниту мразам нова година и празници, ниту ги сакам. Неутрална сум. Немам време да навлегувам во детали.

    ^Аватарот не вели така.
     
    На DAngel и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.829
    Допаѓања:
    10.474
    Пол:
    Машки
    Порано бев, но сега не толку, голем зависник од новогодишна/Божиќна еуфорија.
    Песни, украсување дома, низ град, мал одмор од факс, готвење, подарување, време поминато со најблиските сеќавајќи се на најубавите(и неизбежно тажните моменти) од изминатата година, се ова некако ме тера да забавам со животот барем за кратко.

    За дочекот на НГ, со тек на годините се помалку и помалку се замарам, скоро сеедно ми е кај ќе ја поминам(освен плоштад), само да сум со најблиските! Забава и добра атмосфера се релативно субјективни поими, но не треба многу труд за да се постигнат.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Мене ми е интересно за празници. Па и убаво е тоа готвењето, китењето, собирањето. Штета овие празници сум настината па не сум у форма. И не мислам дека народот купува како да е крај на свет, туку поради тоа што наредните ден два три не сака да се замара со шопинг а и не работат продавниците, па затоа. И не е дека се ќе изеде во еден ден. Мислам дека не сме до толку да чекаме да дојде нова година па да се напраиме како свињи. А не мислам дека треба да дојде празник за да се собереме и да се потсетиме дека се имаме едни со други. Тоа треба да ни биде секојдневие. Сите 365 дена во годината треба да си им достапен на најблиските а не само на празник, не гледам причина дека само на празник треба да се потсетуваме кои сме со кои сме.
    Се ќе беше скоро совршено доколку имаше снежна атмосфера, да натрупаше снег каков што го паметиме од помали. Е тоа е носталгично. Не знам ни дали ќе имаме таква снежна идила повторно за да ја искусат и нашите деца.
    Секој има свој начин на прославување, некој во кафана друг дома пред тв. Со полуотворени очи дочекавме полноќ а деца веќе заспани. А колку се радував леле сега празници ќе се нагледам божиќни филмчиња оние љубовни романтични лимонатки а јас за греота ни до третина на филм не можам да стигнам, се комирам, се будам и веќе почнал друг па и на тој заспивам по 15 минути. И така. Што ми беше муабетот.
    @Someonespecial ако не ти се свиѓа баба рада не мора да ја читаш и демнеш у секоја нејзина тема. Едноставно прескокнувај ја, игнорирај ја. Не си ти таа што ќе каже кој да седи на форумов а кој да си оди да си ги гушне внуците и да се тргне од виртуелниот свет. Од кај знаеш ти дали она не си ги гушка децата и внуците, колку одвратно од тебе да кажеш нешто такво. Ај ти тргни се од виртуелниот свет, гарант и ти ќе им направиш услуга така на многу членови.
     
    На Herrera, Snowflake97 и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Оффф имам проблем со настинки нон стоп со грлото,крајниците и ме болат синусите неможам да го трпам времето а зимска атмосвера ми е убава а вака времето хаос....
     
  12. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Не мразам, ама не сум ни нешто посебно возбуден. Има добри страни како добра храна, слободни денови, Дедо Мраз, пакетчиња.

    Јас знам дека бев лошо момче изминава година бидејќи добив тродневен бан од фемина и затоа ништо не ни очекував од Дедо Мраз. За до година, сакам да ми донесе нова гитара и/или усна хармоника.

    Каква случајност:o, обично јас после Нова Година се чувствувам како прероден само што денот го почнувам со мамурлак наместо плачење.
     
    На baba Rada и Briar Rose им се допаѓа ова.
  13. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.128
    Пол:
    Женски
    И јас мразам се кога знам татко-ми не е тука немам причина за славење од кога не напушти сум во голема депресија
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    @baba Rada заборавив да додадам дека една од причините зошто некој би се осеќал down за време на празниците е преголемото очекување. На пример, јас немам никакви очекувања и сум релативно среќен за време на празниците.
     
    На Briar Rose и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    не ги мразам празниците, едноставно не ги сакам. Не ги сакам откако се омажив. Живеам со свекрва, често и золва ми доаѓа од Хрватска за празници. Затоа не ги сакам. Зошто Бадник ми ја изгуби смислата за собирање на семејството на вечера. Кај нас е собирање на фамилија. А мајка ми не сака да доаѓа на Бадник. Се смета за вишок.А она е сама, татко немам. На Божиќ доаѓа другата сестра на ручек. Семејството на мм е собрано. Моето не е. Обично кај мајка ми одиме на Божиќ на благо.Оваа година имам и мало бебе па не знам како ќе изведеме. Затоа престанав да ги сакам празниците.До пред две години најомилен ден во годината ми беше денот пред Бадник, кога се палат огнови и бадниковата вечера наредниот ден. Веќе не ми е омилен. Сега сакам сама да сум со мм и детето на бадник. А за Божиќ да идеме и кај мајка му и кај мајка ми, а не да пречекувам гости. Можеби сум и љубоморна.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Една од причините е што сум даун е и тоа што баш за празниците го гледаш правото лице на луѓето, нивната себичност, саможивост, лошотија идр..не важи за сите луѓе, ама...

    Еве пр.утрово..не отвараат врата на коледарите, им смета оганот, им сметала музика, галама, па нели тоа е целта на сите овие адети, да се сплотиме сите и да се дружиме барем еднаш во годината со комшиите..


    Потоа поскапувањето на одредени производи, пр.на костенот.. А кога ќе видев како некој купува скапани јаболчиња и мандарини за им да поделил на коледарчињата...срамота бе, аман луѓе, па боље ич ништо недај, греота дете да носи скапани работи по студот бадијала..уф, се нервирам...
     
    На senjorita-v и BoneMachine им се допаѓа ова.
  17. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Јас не мразам празници,ама некако ми се како изживеано нешто.
    Пуштете ги младиве нека си ги сакаат и слават празниците:D
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    А каде тоа се држат млади за да не слават празници!?
     
  19. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека се држат
     
  20. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Тоа е до карактерот на човекот. Јас сум интровертен и сум преокупиран со самиот себе, не обрнувам многу внимание на луѓето околу мене. Исто така немам некои очекувања од другите. :)

    Претпоставувам дека ти си поекстровертна од мене.

    Цените се иста приказна за секој празник, цената им се качува на оние работи кои се во побарувачка.
     
    На Feminka192, baba Rada и Briar Rose им се допаѓа ова.