1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Притисок околу празници

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 30 декември 2018.

  1. odsk

    odsk Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    не ги мразам празниците само ми е жал шо поминала уште една година толку брзо и ништо не се случило, си тапкам во местото
     
    На Hellobeautiful, marija.980, Amelia и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Празниците се убави само лицемерието на луѓето ги уништуваат. Сликаат тоа елките, кој на кого што купил, полни трпези, се троши како да е крај на светот, а после само кукаат како немале пари(facepalm)
     
    На GirlLove, azelea, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Јас па обратно, мислам дека тие што мразат празници уствари глумат нешто.
    Демек мене секој ден ми е Нова година, трпеза новогодишна јас секој ден имам дома, дома секогаш ми е чисто и убаво изгледа, се ми е веч видено, секојдневно и исфорсирано бла бла бла...

    Како може да мразиш празници. Како прво дома си,. неработни денови се. Сите се растрчани, весели, пријатни, градот делува свежо и живо. Секаде е светло, украсено, необично, убаво, совршено, не знам како не ви чука срцето побрзо кога е празник. Мене овој период ми е преубаво. Посебно навечер. Посакувам секој обичен ден во годината да е како празничните денови.

    И мене дедо мраз не ми остварил ни една желба. Сум посакала да се сите што ги сакам здрави и живи, а пола заминале, сум сакала нешта што никогаш не ги добив, ама ништо нема да ме спречи да ги сакам и да уживам во празниците. Една убава работа што ги сплотува луѓето а да не е партија или несреќа е празникот, посебно сега овој. Се е расположено, весело и активно. Зошто да мразам среќа?
     
    На Oxymoron, Sejfullai, jasbi и 4 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не глумат.
    Има луѓе кои се несреќни, и посебно празниците им ја стимулираат тагата која ја чувствуваат.
    Свекрва ми, откако почина свекор ми, за празници, е ни жива-ни мртва.
    Екстремен пример.

    Тоа што ги гледаат другите луѓе како се веселат, не ги развеселува тажните.. ги растажува уште толку.
     
    На melissa, anggell, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    На тие луѓе бог да им даде само убавини и сила, секој ден им е тажен и за нив не правам муабет. Зборам за нормален човек што ги прави тие муабети од реченицата подолу што си ми ја цитирала. Нормално дека нема да речам за човек што му починала жената дека ми глуми за празници...
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.396
    @irrelevant, со првиот твој пасус се сложувам, со вториот не. Голем дел од луѓето работат дупло за празниците, а не добиваат ништо повеќе од тоа што го добиваат за секој друг нормален работен ден.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Не ја мразам Нова Година - индиферентен сум кон неа. Ме нервира вештачкиот хајп што се ствара во смисла муабети за „најлудата ноќ“...
     
  8. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Новогодишна еуфорија - новогодишна депресија
     
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Ги сакам сите православни празници, а ја мразам Нова година бидејќи е Нова година и е најобичен ден, а ја прават ко да е ден кој знае кој. :puke:
     
    На melissa и sjdgo им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Нова година е празник за деца, тие имаат 20 дена распуст причина да се радуваат. За возрасните потсетник дека времето си врви.
     
    На anggell, minne992, Компир Манџа и 2 други им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Со поделени чувства сум.
    Се согласувам дека зборот мрази е во секој случај многу силен за да се употреби во овој контекст. Не гледам причина да мразам празник, можам само да го славам/да не го славам или пак да ми буди убави или не толку убави емоции.

    Не славам Божиќ, но ми се допаѓа атмосферата, ми се допаѓаат украсите, ми се допаѓа тоа што луѓето колку-толку, делат убави емоции и меѓусебни моменти. Тоа што повеќето добиваат неколку неработни дена, чисто од аспект на одмор и релаксација, пријатна домашна атмосфера.

    Новата година не ми се допаѓа од аспект на претераната и вештачки создадена еуфорија и напумпаните цени во кафичите и кафаните. Премногу е луѓе, премногу е за една вечер. Другиот ден се будиш со главоболка, мамурлук и празен паричник. Не сум за тоа и не избирам толку помпезно славење. Чисто за да се одбележи, симболично, ја поминувам оваа вечер во кругот на најсаканите, со убава храна, една флаша вино и музика што си ја избираме ние, што ни буди убави емоции.
    Ете, од аспект на Новата година, ми се допаѓа храната и традиционалните специјалитети што се наоѓаат на трпезата секоја година. Тоа не можам да го одречам.

    Градот изгледа поубаво, повесело, со тоа се согласувам. Дали е тој блесок вистински или само обвивка, или пак луѓето навистина се чувствуваат расположени или не, тоа е веќе подлабока тема и ќе ја оставам за некој друг пост.

    Да сумираме, не ги мразам празниците, и во овие денови си наоѓам нешта на кои им се радувам:*:
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    18.390
    Пол:
    Женски
    Не ја мразам нова година, ама ја чуствувам како најобичен ден. Повеќе го сакам Бадник, Божик Василица и Водици. Не се чуствува веќе таа празнична магија меѓу луѓето како порано. И како да се чуствува кога за обичниот народ кој едвај сврзува крај со крај и баш на тие денови работи дупло без надоместок ќе му бидат среќни овие денови. Кога и да се уклучам на фб, гледам дека некој ја изгубил битката со лошата болест која го фатила. Бидејќи во оваа држава ако може така да се нарече тој што ја има таа несреќа да се разболи веќе си го гледа крајот. Како да се чуствува празничната магија кога има толку гладни и луѓе без покрив над главата деца кој никогаш имале нормален оброк не пак трпези кој се спремаат и за кој се троши како да нема утре. Само видете ги вестите кој се даваат утрото после таа " најлуда ноќ", колку завршиле на токсикологија поради прејадување и препивање, колку сообраќајки неретко и жртви има. Се слави како да нема утре како да на 1ви ќе дојде крај на светот па ајде сега да се изнаживееме.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Така де, во голем дел и јас сум тие луѓе. Тие што изгубиле некого, тие што работат како коњи за тројца и ништо што не добиваат, тие тажните... И покрај тоа јас лично се радувам на празниците, ама со тоа не сакам да кажам дека треба секој, ептен надвор од вистинската смисла ми го извадивте постот.

    Вака: Јас мислам дека луѓето што велат мене секој ден ми е Нова година, трпеза новогодишна јас секој ден имам дома, дома секогаш ми е чисто и убаво изгледа, се ми е веч видено, секојдневно и исфорсирано бла бла бла, ОВИЕ мислам дека глумат.

    Тие што се тажни, несреќни или депресивни поради некоја причина никој не ги спомна, ме мрзи да се објаснувам навистина.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    А може тие 'нормални' луѓе си имаат некоја тегоба која им станува потешка за празниците.
    Не мора смрт на близок.. тоа го зедов како екстремен пример.
     
    На melissa и anggell им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Нереална еуфорија, кич, паганство. Најсмешни ми се атеисти кои се радуваат на Нова Година. Не верува во Бог, ама во Богомилската, и подоцна паганската култура и традиција оф скроз. :D

    Лично јас (не дека е битно за форумов), имам амбивалентен однос кон Нова Година. Ми се допаѓа кичот зошто го почитувам како уметнички правец, како и храната, но не ми се допаѓа лажното уфурано расположение со агенда "you have to be happy because it's new year/xmas" Као не, не се мора ништо освен да се умре. Сосем вообичаен ден од годината, околу оската, ништо ново и спектакуларно.
     
    На senjorita-v и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Леб и игри ....
     
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Yeah
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Не ги мразам, но одамна не ми се радост. Од времето кога верував во Дедо Мраз.
    Празници се за со семејството, за среќни моменти, за смеа и радост...не за дете растргнато на 100 страни кое не знае каде побргу на ручек.
    Веќе не сум дете, но поради некои животни избори кои своевремено ме прават среќна немам некој круг во кој среќно би поминала празник.
    Можда ќе ги сакам ако имам семејство еден ден.
     
    На melissa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Od koga paganstvoto e kic?
     
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Каде напишав такво нешто?