Колку сте храбри да го скршите мразот ? Било во каква ситуација, дали поаѓате или правите нешто први, или сепак да појде прво некој друг...? Тоа може да се забележи и овде на форумот. При отварање на некоја нова тема, поготово на некое тешко прашање, некои веднаш одговараат, си го кажуваат мислењето, а некои сепак чекаат некој друг прво да пише, да видат како ќе пројде па потоа тие
Неможам да кажам точно дали сум мразокршач или не. Некогаш сум некогаш не сум. Зависи со кого сум во каква ситуација сум,и го кршам мразот често,да, но понекогаш кога сум со некои луѓе кои сакаат да се истакнуваат, си стојам на страна. Не сум таква бурна личност да сакам во се, секогаш да сум прва, зашто кршењето на мразот во некои ситуации подразбира и превземање ризици. Така, понекогаш си сакам да видам дали ќе тргне на убаво работата за да стапам во акција
Јас ќе си признаам дека не сум мразокршач и повеќе сакам да одам на сигурно отколу да ризикувам. Можеби за тоа придонесува и мислењето што ако околината не ја прифати мојата постапка и ја отцени погрешно...
Па зависи во каква ситуација ,али претежно сум..И во такви ситуации кога постои тој извесен ризик,треба да се размисли дали вреди да се премини во акција пред сите други...
Сум била многу пати во ситуација јас да го скршам мразот,не велам не.Но,сепак ако би морала да ги ставам на вага моментите кога сум и не сум го скршила мразот второто преовладува.Под ова не мислам на новите теми на форумот туку општо за се.Отсекогаш сум била малку плашлива па затоа сакав прво некој да пројде па да ми ги раскаже искуствата за да знам како е
Сум! И тоа многу. За некои работи не сум сакала, ама и луѓето така ме доживуваат и за некоја презентација или проект, прва ме предложувале да го скршам мразот, иако можеби во моментот не сум била расположена. Немам проблем со тоа, паметам дека за некои испити, се пријавував прва да одговарам, не можев да сфатам зошто има девојки што чекаат и чекаат да видат што прашања ќе се паднат или како ќе помине некој друг пред мене.
да и јас припаѓам на оваа група тоа што ќе го намислам морам да го направам по било која цена, па и да би требала јас да го напраам првиот чекор сепак мислам дека животот се состои во тоа да не ти паѓа се од небо и на готово, туку да треба да се помачиш малку за да го добиеш тоа што го сакаш. Без упорност нема добивка како и да е
И јас може да се каже дека спаѓам во групата на мразокршачи. Се водам спроред тоа дека : Без ризик нема добивка, така да сакам да ризикувам и доколку згрешам да си извлечам сама заклучок од грешката.
да и јас исто али ако не пробаш нема да знаеш нели? вака си пробала и се каеш, ама па и да не си пробала ќе си се каела подоцна зашто не си го напраила ти првиот чекор па поубаво да го скршиш мразот па што сака нека биде, што е твое кога тогаш ќе си дојде
јас значи увек прва кршам мраз. не ми е срам а и ме нервира кога сите чекаат на пр. да се каже нешто, така да убрзувам процес
ахам често сум таа која го крши мразот....а понекогаш и го топам пополека не сега најсериозно да многу пати се наоѓам во улога на мразокршач секојдневно и не ми е проблем прва да направам нешто, прв чекор да превземам или прва да кажам 2-3 збора
Е ова ми е една од најголемите маани... никогаш немам храбрсот да го скршам мразот (скоро никогаш )... ама па затоа доволно е некој да го потпукне... и после настапувам на сцена.
Некогаш да но некогаш и не.Зависи за што станува збор.Тука на форумов и покасно ги гледам новите теми така да не успевам да прокоментирам прва ,да го скршам мразот,но затоа па после си кажувам мое мислење
80 % сум мразокршач.......без ризик нема шизик! А јас што сум едно шизичиште.........ехеееее Сум напрајла многу работи во животов, сум скршила мн мразови.....и не се кајам за тоа!...Тоа ми донесе големо искуство во животов!
Па сакам да кршам мраз , зошто да не, зошто да чекам на некој друг , кога можам сама. Но и многу зависи од тоа како сум расположена Колку ми е глупо кога излегувам и ке застанеме пред некој кафич и сега ајде кој прв да влезе, што има тоа врска, па си влагам прва, ете глуп пример
лет ми брејк д ајс насмевка на фаца само храбро ..ќе мора некој некогаш , чекањето е губење време ојдов јас ..
Па најчесто играм на сигурно бидејќи не сакам ризици.Но имало и ситуации кога јас сум била таа која го крши мразот ама само доколку таа ситуација ми била важна да си исполнам некоја замисла или пак доколку ми значела многу личноста па сум превзела прв чекор.Имало и случај кога сум била подолго време скарана со некој па иако и од двете страни се чувствувало дека има место да се подобрат односите јас секогаш сум попуштала прва.Ама единствено сум во улога на мразокршач кога по детална анализа ќе увидам дека нема да има некои негативни последици од моите постапки.Па таква сум сакам се да ми е организирано и да нема непредвидени нешта