Сум мразокршач...Тоа ми е во природата! Е сега,кога се работи за мажи,многу често го правам првиот чекор..И се имам и изгорено,па затоа сега ќе дувам и во ладна вода Не ми е проблем да го скршам мразот,се додека има некој со кого би го докршила!
После одреден период научив дека нема зошто да се срамам и плашам да направам нешто пред некој друг. Ист случај имав со видеата, луѓе колку се срамев да не се изрезилам, не знаев дека некој навистина ќе ги гледа и почитува. Па тоа, што ако некој ме препознае на улица, зборува вака, така...Во секој случај, баш сум си задоволна, благодарност до вас! Во однос на дечко, пристапување и се што следува претерано сум храбра во последно време. Дури и го зезам дечко ми за тоа, иако за одредени работи не сум во право, пак си ги префрлам на мене за да го нервирам и постојано дрндам како сум иницијатор за се.
хммм, зависии... Кога сум сигурна дека се ќе биде океј, убаво сум се спремила (за испити, пројекти и сл.) тогаш дури и на другите им кажувам-еј, да знаете, јас идам прва. xD
Уффф, темава баш е погодена за мене јас како прва во се , ама буквално во се.Кога бев во основно и во средно секогаш бев број 1 во дневник и секогаш од кај мене почнуваа да испрашуваат и понекогаш ми беше криво што не сум последна дека тие што се последни секогаш ги испрашуваат другиот ден и имаат време да научат се , а јас спремна НЕ спремна прва не ми бегаше.А пак подоцна кога ќе размислев си велев и поубаво да си прва во се , ти даваат лесни прашања , те испрашуваат и потоа си слободна и во многу други ситуации сум била Мразокршачка.
Сакам да бидам прва, ама не по секоја цена. Само кога сум добро подготвена за нешто, и сосема сигурна во себе, тогаш немам ништо против да бидам прва.
СУМ! Дури во некои ситуации важи ,,брзата кучка слепи кучиња раѓа,,. Немам проблем со тоа да бидам прва, баш сакам да си поминам од редот и готово. Не можам да сфатам што е толку страшно да се биде прв ?? И кога испаѓаме поголемо друштво, многу им е тешко кога треба некој прв да влезе во локалот, прв да нарача... Јас обично сум таа што е прва, нема за што да ми биде срам. Само некогаш сум мразокршач повеќе од брзоплетост/мрза за чекање, што не секогаш, ама се случува, да има лоши последици за мене.
1 Конкретно за испит и кршење на мразот Многу е важно кој ке биде прв , еве од моја страна гледано а сигурно и 80% од учениците,средношколците,студенти и слично, кога некој прв ке се пријави одма може да се познае дали професорот : -е добро расположен -дали бара директни одговори -дали е станат на лева нога баш тој ден - дали бара лекции кој се од тој тип или од друг тип - дали треба малце газето да му го лижиме или др.. односно правиш целосна анализа според тој прв или прва што ке одговара од друга страна ако тој прв што е одговара и положи ке знаеш дека и ти можеш да положиш ,дотолку тој панде ке имаш олеснување и ке се вадиш на него или пак ке умреш од нервоза дека неможеш ни ти да положиш 2 Во случај на проекти , тој прв што е ке биде одговорен за цела група 2-10 луге кој ако професорот смета дека проектот е неуспешен ке му се дере на него и ке го понижи или пак добрата страна е дека ке го пофали дотолку е добар .. (повекето во кој и јас боље е да професорот му даде слава него да му ја земе неговата глава) 3 Во случај на давање прв на мислење е исто како за кого важно бидејки сите што не се сигурни дали да го истакнат своето мислење сакаат да видат како ке помине и како ке биде прифатено мислењето на тие пред него/нејзе се разбира дотолку идеш прва 50-50 е шансата дека ке бидеш "Hero of the class" или "Fail girl" се надевам дека го свати погледот на тие што некат да бидат први во овие 3 категории
Можеби сум храбра, но мислам дека ја немам таа храброст да го почнам прва нештото од чист недостаток на самодоверба во тоа поле. Многу пати сум се покајала што сум го скршила мразот, а сега учам од туѓите искуства.
сум мразокршач ако наумам нешто да направам или нешто да имам нема сила која ќе ме спречи па макар и трпела последици од тоа но зависи што и колку нештото го посакувам...
Зависи кога. Некогаш кога не ми е до ништо се повлекувам и оставам на другите. Другарките мислат дека неам срам од ништо па така некогаш ми викаат јас прва да направам нешто(а ја сирота усрамена )
Аааа, гајле ми е, ако еднаш не пробам нема да знам што ќе се случи. Така да, кршам мраз, а некогаш оставам сам да се стопи, метафорички нели.
Сум, но не секогаш! Не во сите ситуации! Ако некогаш сметам дека можам прва да пријдам, прва да речам, прва да пишам така и правам! Но, тоа е во ситуации кога сум сигурна во самата себе! Но, во ситуации кога не сум баш сигурна во себе(а тоа се ретки случаи) тогаш чекам да ми пријдат, да ме прашаат па да одговорам или некој мене да ми пише па да му вратам! А тоа во воведот за на форумов тоа не го сметам за доволна процена дали си мразокршеч или не си! Форумв за мене е „тепање време“, така што дали на нова тема ќе пишам прво мислење или не тоа зависи дали сум ја видела (и кога) и дали сакам да пишам или не сакам!
И јас исто како ВајтЕјнџел. Понекогаш кога сметам дека треба да го сторам тоа.Ако се почувствувам сигурно тогаш одам да го скршам мразот па ако светот и на глава нека застане.Понекогаш немам таква храброст,но се ЗАВИСИ КОЛКУ Е СЕРИОЗНА СИТУАЦИЈАТА во која се наоѓам..
Едно сигурно знам сите што се први деца во бракот се родени МРАЗОКРШАЧИ. За искачања,мобилен,пари,дечковци,одмор,тетоважи,пирсови....ама за се.И тие секогаш поминуваат потешко од вторите деца во бракот кои сето тоа им е лесно
Сум го скршила мразот да,ама само неколку пати во некои животни ситуации и тоа едвај..инаку баш би сакала да можев да го кршам почесто