Здраво. Имам премногу мрсна кожа, што се чудам како да го спречам.. Нештото почнува многу да ми пречи поради што успева да ми се пренесе кај очите и ми предизвикува пржење. За на работа не користам никаква крема буквално, а по само 2 часа јас светам како масло да сум нанела и порите ми се отворени.. За пудра ако ставам и бетер е.. Ваши искуства ве молам, како да се стави во контрола нештото.. Фала
Освен крема, нешто друго користиш? Треба да користиш крема, плус спф крема особено топлите денови, иако имаш масна кожа. Пори ние со масна кожа ги имаме, и тие не се затвораат со никој производ, ама треба да ги одржуваш чисти, тоа е најважно.
Мораш да воведеш и крема за хидратација. И плус спф крема. И некој серум со салицилна киселина можеш да воведеш.
Дехидрирана ти е кожата, обично со прекумерно лачење маснотија се штити од надворешните влијанија. Работи на хидратација, не користи агресивни средства за миење и чистење (двојно чистење не препорачувам). Пена (не гел) за миење лице, хијалуронски серум, и крем за лице. Сосема доволно ти е за почеток. Препорака за одредени производи немам, јас лично имам комбинирана кожа, сега веќе накај нормална, користам производи на природна база што ги купувам во Белина и ДМ. Користам пена за миење оти геловите ми го пресушуваа лицето и уште повеќе ми се мастеше Т- зоната, најчесто ја користам пената за сензитивна кожа на Лавера. Хијалуронски серуми сум пробала повеќе, најдобар ми беше хидраторот на Хада Лабо (одамна не го користам поради состојките) и бустер серумот на Новексперт. Крем за лице што го користам преку ден е на Натура Сиберика со спф 20, преку ноќ регенеративниот крем на Оливал. И тоа е тоа.