Парењето на лицето всушност ги отвора порите и после тоа тие остануваат проширени. Барем така ми кажаа на лекар кога бев.
Па убаво ти рекле... Јас каде што одев прво на козметичар уште во средно, обавезно парење и стискање, да не знаеш кое е полошо. После тоа си најдов дерматолог, нит пари лицето нит стиска. Убедена бев дека не постои нешто полошо од стискање бубуљица ама не, таа повеќе од мене знаеше нели... И кога појдов на второво место, одма реков БЕЗ стискање, таа само ме погледна чудно и ми рече воопшто дека не ни работи така и фалим те боже видов живот. Преку такво од излегување од таму со црвенило, што од стискањето што од пареата.
Вистина е дека повеќето работат прво со пареа и после го стискаат лицето. Мене повеќе ми се влоши состојбата. goddess.of.chaos препорачај дерматолог кој не се бави со овој занает на стискање Инаку за масна кожа користам Eucerin крем против акни. (see below) Лицето не треба да се мие често со сапун па дури и со специјален гел за лице. Еднаш дневно е доволно пример пред спиење, а наутро само со вода. Пилинг до 2 пати неделно, зашто ако се претера само повеќе може да се лачи себум и ете ти контра ефект. Од пудри Revlon е добра за масна кожа и може да си имате камена пудра у несесерче со вас, па у текот на денот да се помине Т зоната, со цел да се ублажи сјајот. Не јадете премногу масна храна и премногу благо. И ќе си бидете најубави П.С. Не се служете премногу со бабини рецепти, патлиџани и сл. Поготово ако ставиш патлиџан на инфицирана кожа, отиде цела у неповрат
од EUCERIN дали има некој поубав ефект дали го прави лицето убаво јас имам мрсна кожа па дали да си го купам дали ги отстранува акните, немам али понекоја знае да се појави имам некаде прочитано дека делува исто како пудра да имаш ставено поздравче и фала
Јас скоро секое утро го применувам следниов режим: Чекор 1: Го мијам лицето со освежителен пилинг за секојдневна употреба со антибактериско дејство кое продолжува и по миењето. Чекор 2: Го чистам лицето со тоник со длабинско дејство против црнки и кој ги отстранува сите нечистотии од лицето. Чекор 3: Се мачкам со крем за лице кој ја матира кожата и го намалува лачењето на себум, исто така ги лечи лузните од мозолчиња и ги намалува прожирените пори. По овој третман лицето останува матирано преку целиот ден. Дополнителна нега: Понекогаш употребувам и коректор за прикривање на мозолчиња кој истовремено ги лечи. Најдобар резултат се добива кога се користат сите производи од колекцијата. Мене ми помогнаа се надевам дека ќе ви помогнат и на вас.
Користам Eucerin неколку години. Составот им е поразличен за разлика од другите козметики. Преку ден ја користам хидратантната Acuaporine hidro за масна кожа, а навечер она погоре на сликицата. Види ниедна козметика не делува као магично стапче. Ставаш и утре одма стакло лице. За све треба упорност. Така и со акните. За жал во природата на човекот е да е нестрплив. Јас инаку сум задоволна ама све е индивидуално. Сепак за Eucerin зелено светло од мене
Феминки препорачајте ми добар крем за комбинирана кожа. Се мислам помеѓу Garnier или Avon - Линијата Solutions Complete Balance , читав на нет по англиски форуми многу ги фалат? Ахх барем целото лице да ми беше мрсно, вака комплицирано е
Девојки ве молам за совет.....имам многу мрсна кожа.Кажете ми кои производи се подобри, сакам да си земам гел за миење лице од Afrodita или од Eucerin.....инаку користам секојденвен пилинг од Neutrogena
Ех, јас имам премногу мрсна кожа Кога ќе станам од сабајле, ми се чини дека некој ноќта пржел јајца на лицево мое По цел ден само го мијам, го бришам со влажни марамици, јок бре.. Никаков ефект.. И многу се нервирам. Кога и да се фатам за лице, ептен ми е мрсно.. Деновиве морам да одам до ептека да видам што како да земам нешто да користам освен пилинг Дури некогаш ми е срам и да искочам од дома ради лицево.. Ептен ми свети
Eucerin немам пробано, а од Afrodita има пена за лице, таа го суши лицето, после секое миење ќе приметиш.
На жалост и јас сум една од тие со мрсна кожа но користам GARNIER PURE 3 IN 1 на почетокот ми помагаше, но не многу сеа ќе пробам нешто друго, па ќе ве известам...
Јас имам мрсна кожа на т-зоната. Насабајле обавезно го чистам лицето со Young Derm лосионот или со оној на Авон 3 во 1. Спојлер Употребувам пудра за мрсна кожа и врз течната задолжително ставам камена или пудра во прав. Редовно правам пилинг, внимавам и на исхраната, ама искрено не сум забележала некоја воочлива разлика.
A што мислите за Зелената глина на Виталиа?? Ја користел ли некој и како сте задоволни кога е во прашање мрсната кожа?
А колку пари е таа зелена глина?? Девојки ајде кажете нешто за мрсно лице некоја домашна маска бидејќи кожата ми е сеуште млада и несакам да ја навикнам на козметички производи. Имам само 13 години, немам претерано мрсна кожа, акните ми поминаа незнам ни јас како сега само по една ќе ми излезе и брзо ја снемува. Ама сепак сакам да добијам некој мат ефект. Ајде чекам одговори
NEUTROGENA OIL FREE закон е за мрсна кожа И јас го имав истиот проблем како тебе на твои години.Јас се и сешто правев и сега си ги трпам последиците Мој совет-само да го миеш лицето на сабајле и навечер со топла вода и DOVE сапун (топла вода пошто имаш мрсна кожа) И користи NEUTROGENA OIL FREE.овој крем е многу добар и е за мрсна кожа.Јас го користам и многу сум задоволна,лицето воопшто не ми свети,а за акни има доста кремови и лосиони за чистење.Пробај па ке видиш
Јас имам многу мрсна кожа, и досега сеуште немам најдено крем за лице што ми е погоден. Имам користено различни ама пак за неколку саати ми е мрсна... А за пудра имам решение... ја користам MANHATTAN Мат што е и ептен покривна, неколку години ја користам и ни една досега не ми се погодила како таа...и над неа ставам камена и супер ми е цел ден стакло лицето
Четиристотини денари, меѓутоа е прилично тешка пудра, посебно за овој (па и наредниот) период во кој ни претстојат повисоки температури.