девојки и јас имам мрсна кожа одвреме навреме ставам маска од зелена глина на виталија, ја мијам со гел на гарниер ја чистам со лосион на база на ацетилалицилна киселина клеан анд клир но најчесто ја мијам со сапун затоа што ако зачестам со гелот за миење ми излегуваат многу акни и црнки ми се мрси кожата. моите другарки пред да стават пудро ставаат крема, пробав еднаш и веќе никогаш во рок од 2 часа лицето ми беше ужас.инаку користам севентеен пудро тоа ми е некако најпогодено ама скапичко ми е по 370 денари секој месец многу ми е нејкој ако има користено нешо поефтино а добро за мрсна кожа може да сподели
Неутрогена козметика има во секоја аптека, во Космо Тинекс, па и во подобро снабдените маркети сум забележувала нивни производи.
јас имам многу мрсно лице, редовно посетувам козметичар но изгледа тоа не е доволно, од прозиводите на дм - балеа сум многу задоволна имам лосион, и две маски, односно гелови за чистење лице. исто така користам и крем за мрсна кожа од балеа и го користам и како подлога за шминка и сум презадоволна
Имало крем наменет за оние со мрсно лице и комбинирано склоно кон акни (било дека од лицето ) ..се миело прво лицето со сапун потоа се ставало од тој секојдневен крем -го прочистувало лицето од акните...од орифламе бил... некоја зачленета во орифламе да знае за што зборувам или некој/а феминка да има користено па да ми каже...
И јас имам мрсна кожа на лицето и имав акни се додека не почнав да го користам лосионот на јанг дерм за мрсна кожа и навистина има ефект
ЈАс имам мрсна кожа на т-зоната.Се мијам со Dove, и по кратко време пак кај носот кожата ми е мрсна.Кажете ми од искуство со каков крем да се мачкам?
Девојки ми треба помош. Последниов месец користам дермогал за чистење на лице, во последно време почна лицето да ми станува мрсно. Можно ли е од дермогалот да е така или? Да престанам да го користам? Препорачајте ми некој крем/сапун/лосион или било што за мрсна кожа.
Jenniffer можеш да го миеш секојдневно со ова, а понекогаш да го оставиш да делува неколку минути како маска Има и на Неутрогена слично, го имаа фалено тука.
Јас имам многу мрсна кожа и проширени пори. Пред неколку месеци почнав да посетувам дерматолог и покрај третманите со киселини, за домашна употреба ми ги препорача гелот за миење лице и мат кремот за лице на URIAGE и лосион Хлорадерм (го има во секоја аптека). Промена се забележува по редовна употреба на овие производи (гелот, лосионот и кремата наутро, а гелот и еден лосион што таму ми го направија навечер).
Јас и покарај се што имам пробано за моето мрсно лице, на крајот си најдов вистински ЛЕК! Поради главоболките шо ги имам овие денови се мачкам со еден гел за разладување од БиоФарм, исто имам и на ФитоФарм. Си ставив и на челото и на образите(Т-зоната) онака хахах, и цел ден лицето мазно мазно не ми светна ни мааалку. Чудотворение!
сега случајно го процитав твоето мислење и баш би сакала да го кажеш начинот на исхрана,кој го применуваш ..благодарам
@Elence93 Тој што го имам сега е ФИТАЛП од ФитоФарм, а другиот беше подобар, на BioFarm Cold Gel. COLD GEL na BioFarm е далеку подобар од Фиталп.
Веќе две-три недели го користам и ми се намали мрснотијата. Се мијам со гелов пред да ставам шминка (по правило треба навечер и насабајле). Првиот пат кога ставив ептен пена ми се направи и дури ми го исуши лицево, ама сега почнав да ставам по малку и супер си е. Конечно не ми свети челото на слики.
Дали некој го има миено лицето со овесни снегулки ? Помагало многу во отстранување на масниот сјај на лицето,а и го чистело лицето од црвенила и акни.Некој нека сподели исуство
Од април мислам користев на Avene Cleanance K само навечер, а преку ден не излегував без 50 фактор.. Моментално наутро го мијам лицето со крема која содржи гранули од бадем на Др. Хаушка, потоа го прскам лицето термална вода на Авен. Навечер за вадење на шминка и чистење на лицето мицеларната вода на BIODERMA за мрсна кожа и потоа ставам BIODERMA Sebium AKN fluid крема за лице само навечер. Се ова ми е по препорака на дерматолог и навистина има ефект.
Не знам што да правам со мојата мрсна кожа. Т - зоната премногу ми се мрси, особено во пределот на носот. Наутро и навечер обавезно го мијам лицето, не носам пудра, ниту пак сакам да носам.
Јас најдов спас во тоа што еднаш на 10 дена правам пилинг со смеса од сода бикарбона и сок од лимон. На тој начин како да ми се контролира лачењето на себумот на Т зоната а и видливо ги чисти/намалува митисерите. Најважно правило е да не го миеш лицето лицето со топла вода бидејќи на тој начин ги отвораш порите и потикнуваш лачењето на себумот.