Јас сум 15 г и ми треба некаков сапун или некаква нега за лицето бидејќи многу ми е мрсно П.С:не е битна цената.
Здраво драга, јас би ти ја препорачала пената за чистење на Балеа за масна кожа која не е воопшто агресивна ја имам јас пробано. Нема да ти ја исуши кожата. Цена околу 150 мкд горе долу (не ми текнува во моментов точно). Како крем топло ти го препорачувам на Гамард Себо Контрол кој е баш за млада кожа и ја спречува појавата на бубуљички и ја чисти кожата. Цена 900 мкд. Поздрав.
здраво, сакам да прашам нешто. не сум сигурна дали прашањево треба да оди во мрсна или сува кожа ама ајде овде. јас од секогаш сум имала сува кожа, но во последните 3-4 дена секогаш после спиење ми е многу мрсна. Еве денес сабајле се миев лице се чистев, заспав 1час и сега пак ми е мрсна.. мислење?
Искрено, мене храната ми нема никакво влијание на моменталната состојба на кожата. Секогаш сум имал мрсна, чувствителна кожа, а сум поминал низ секаков вид на исхрана. Сум бил и речиси raw vegan со огромни поткожни акни, а сум јадел и нездрава храна и сум немал никакви проблеми. Моментално сум на мешана. Дома воглавно јадам здрава храна, но ако ми се јаде чипс, или нешто благо, не пазам колку ќе изедам ко некогаш. Денес другарка ми рече кожата никогаш не ми била почиста. Мислам дека треба да експериментираш и да видиш што тебе ти одговара. Не значи дека нечиј начин на исхрана кој му помогнал околу кожата, дека ќе ти помогне и тебе.
Devojki dali za masna koza bi ponognalo poveke gel ili pena za mienje na liceto? Koristam tonik od cajno drvo, toj zeleniot od Farmasi i mislam uste poveke losa mi se napravi kozata. Nemam za srekja akni no svetnuvanjeto na kozata mnogu mi smeta. Dali da zemam kamena da koristam ili? Isto citav i piling e dobro da se pravi no nz kakov bi zela.. Bi sakala da slusnam soveti
Ако немаш проблем со кожата, нема потреба од пилинг. Пилинзите се користат повеќе кога сакаш да таргетираш одредени проблеми (нафрлувања, „безживотна" кожа, флеки од нафрлувања/од сонцето). Во твојот случај, можеш да пробаш нијацинамид, мислам дека во темата за REVOX порано пишаа неколку девојки дека навистина им помогнал за регулирање на себумот (маслото). Можеш да го користиш било наутро или навечер. Луѓето со мрсна кожа преферираат пена, но и гел им одговара.
Kakov gel koristis? Pa ke probam so toa, inaku mozebi do tonikot e, namesto tonik da probam so ova na Revox Inaku zaboraviv, edinstven problem mi se prosirenite pori i navistina nz kako ds go sredam toa. Ne se nesto vidlivi treba nekoj epten onaka blizu. No mene mi smeta
Не очекувај чуда или целосно да исчезнат, невозможно е тоа, но нијацинамидот ќе ти помогне и за подобар изглед на порите.
Драга ја би те советувала да земеш или пена на Натура Сиберика за масна кожа која е многу нежна (не измива премногу) а ова е тоа што и е потребно бидејќи колку е поагресивен производот и колку повеќе измива толку повеќе кожата ќе се масти како одбрана. А башка и со преголемо измивање се прави алтерација на заштитниот филм. Најголема грешка на сите кои имаат масна кожа е фактот што сметаат дека ако ја измијат премногу нема да им свети, меѓутоа според мене е погрешно затоа што добиваат спротивен ефект. Исто така може да го пробаш и млекото на Оливал или пак на Натура Сиберика кое иако е млеко убаво чисти (не измива премногу) и ја почитува природната заштита од кожата. Јас имам комбинирана кожа и сите овие три ги имам веќе пробано и можам да кажам дека е одлични. Што се однесува до пилинг не претерувај може двапати месечно ако сакаш. За камена пудра земи ја таа на алверде има една камена и има една во прав. Мене таа во прав повеќе ми одговараше на времето кога користев пудри сега веќе со години не користам ништо освен ако имам некое снимање па да ставам. Исто така многу е важно убав крем за лице. Пробај го со мелиса на Др. Хаушка кој според мене е еден од најдобрите. Доколку ти е многу скап (кошта околу 1200) во тој случај земи го на Др. Конопка кој исто така е многу убав (многу сличен на себо контрол од Гамард кој ми беше еден од омилените) и цената е пристапна некаде околу 370 или 380 мкд. Се надевам ти помогнав. Поздрав.
Здравоо Значи вакаа кожава ми e ненормално мрсна и сега е зима кожата не се поти од топло ете ама јас после 2 саати сум мрснаа ај кога немам пудра се забришувам и не се гледа ама со пудраааа значи сијам целосно па замислете сонце да излезе на што ке личам Некој начин да не се мрси кожава или нешто за матирање а да не е камена пудра хахаха?????
Јас би ти препорачал да си користиш матирачки тоник. Мене лично за ваков проблем многу ми помогна еден на Revuelle - charcoal, околу 175 денари го купив и стварно си ја врши работата.
Зависи од мн фактори зошто е кожата премрсна. Може хормонално или од исхрана а може и од производите што ги користиш на лице. Јас увидов на пример дека кремите онаа баш кремаста структура не ми одговара, па се префрлив на геласти креми. Ако користиш особено матирачки производи од лосиони и креми може уште повеќе да допринесуваат да лачи лицето себум, земи си хијалуронска киселина пред да нанесеш крема, по лосионот на се уште влажно лице , нанесувај секојдневно да видиш дали ќе се промени нешто. Добри серуми се тие на The ordinary и на Novexpert (од овој има мини варијанта пробсј да видиш дали ќе ти одговара) А мрсно лице е мрсно , немој да очекуваш дека некој производ ќе направи да престане да се мрси лицето, но пре мрсно е веќе проблем.
Како што кажа @koritsaki , мрсна може да е од многу причини. Хормони, дисбаланс, исхрана, а ништо чудно и дехидрирана. Што користиш за нега на лице? Може и од некој производ да ти е. Мене ми помогна ниацинамид за контрола на себум. Битна е и рутината. А и од типот на кожа, пробај сабајле измиј го лицето со пена/гел и причекај половина час, па тогаш најубаво се одредува типот на кожа. Прочачкај низ google има подетални објаснувања.
Препорачајте нешто за екстремно, екстремно масна кожа. Што и да ставам, крема, гел , тоник, спф , прајмер, пудра течна, камена, за 2часа сијам неверојатно многу. Што да пробам, особено вака на жешко време не изгледа пријатно за гледање, неубав сјај ( маснотија) имам на т зоната. Препорачајте било што што ве држело мат подолг период. И лошо изгледам со пудра изгледа тешко на моето лице на овие температури.
Маслен чистач секоја вечер убаво длабинско измивање за да се тргне тој себум. Минерален фактор за против сонце тоа дава мат ефект и исушува исто. Серум можеш со цинк или со ниацинамид за да ти регулира себумот или ако сакаш полесно може да е и тонер.
Здраво девојки,ве молам за малце помош.Кожата во пределот на челото, носот,под носот и под устата во последно време почна да ми се масти,посебно носот бидејќи носам наочари цело време и мислам уште толку од нив се масти,на другиот дел од лицетно немам некоја мака.Читам за Niacinamide како серум,дали би ми помогнало?Дали може останатите делови што не се масни да ги преисуши ?Или понудетеми нешто слично од искуство, нешто и за миење на лице и за после тоа како крема, серум и сл.Поздравче