1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Муабети за мамички

Дискусија во 'Канта' започната од Snow-Queen, 7 ноември 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ако можат да постојат труднички муабети,зошто да не постојат и за мамичките.И вие имате 101 тема на која можете да разговарате. Епа мамички повелете тема.

    Еве јас веќе кога сум тука, да ја искористам темава и на meU т.е. нејзината црешичка Лина да им го честитам првиот месец....уште многу многу големи да раснете и да сте живи здрави среќни и весели.
     

    Прикачени фајлови:

    • 963348_1.jpg
      963348_1.jpg
      Големина на фајлот:
      14,5 KB
      Прегледи:
      361
    На Unique.chick, meU, joelle и 3 други им се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    еве да не лутам по теми, ќе си прашам тука.
    -Мамички дали замрзнувате храна за бебињата (правите поголема количина или секојдневно приготвувате кашички/оброци)?
    -Ме интересира и од кога почнавте да им давате сокчиња од шишенце на бебињата. Јас сум во недоумица затоа што ми е страв да не престане да цица откако ќе почне со шишенце да пие

    п.с. Честитки и од мене до меУ и сите што станале мамички во изминатиов период :)
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Јас само варено месо замрзнував, ќе го сварев, ќе го исечев на парчиња и ќе го замрзнев секое парче посебно со вода во која се варело. Па си вадев кога ми требаше, максимум за десет дена го трошев (5-6 парчиња). Инаку, приготвена храна не сум замрзнувала, ми се случило еднаш или два пати, ама не му давав на малиот. И сега готвам секојдневно, веќе си јаде исто како нас.
    Сокче прво со лажичка, а нешто подоцна со шише, ако веќе сака да пие. И не се плаши, нема да се одвикне од цицање ако му дадеш шишенце, таман работа.
     
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не сум давала на бебе зготвена замрзната храна,но направена од замрзнат зеленчук да.Јас на мојата малечка од одма почнав да и давам сокче во шише и тоа не предизвика никаква промена на цицањето,но затоа цуцлата од која пиеше беше 0+ за да и биде потешко за влечење :) .Од пред 1 месец почнавме со клунче.
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    34.378
    Пол:
    Женски
    Јас на моето неретко и правам кашички во повеќе порции , дали 2 или 3ри порции едната и ја давам веднаш за ручек двете ги замрзнувам :) и си вадам по потреба . најчесто кога правам морков, компир, пашканат така замрзнувам
    а кога правам оривче не замрзнувам :)
    Јас сокче и дадов мислам дека со 4 месеци ...и јас во тоа време ја доев малата па не се одби ..
    Нема зашто да ти е страв ;) дека ке се одби ако пие од шише
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    И јас никогаш не сум замрзнувала храна, тазе приготвена ја јадеше, а наредниот ден пак спремав.
    Инаку еве јас кревам два прста против шишенце. Мене малата ми се одби кога почнав да ја дохранувам со Ад. млеко и да и` давам сокчиња со шишенце. За неполни 2 месеци се одби, за жал престана да цица дури последните неколку дена пред скрос да се одбие само се мачевме.

    Поучена од тогаш сега на малиов му давам водичка со лажичка, шише не сум понудила, а за сокчиња еве баш денеска бевме на контрола и д-рката ми рече да не му давам дохрана никаква, да продолжиме само со доење затоа што машала напреден ми е. :) Со полни 4 мес. и 5 дена има 8200гр. и 64 см.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    Ве молам поставувајте ги прашањата во соодветните категории. Така сите ќе придонесеме форумот да биде многу посреден, и побрзо да се доаѓа до информации кои ни се важни. Во оваа категорија и нема премногу теми, па се надевам дека нема да ни претставува проблем да ги пребаруваме и дополнување постоечките.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.