Барам мислења без предрасуди ! За сите во градов што ме знаат, дека имам така малце по слободно понашање, малце сум си забегана, значи секој втор ме нарекува КУРВА, а јас кутрото к*р немам видено а камоли курва да сум, пробувам да бидам добра ама опет јас сум дигната, занесена и што уште не. Значи како да му докажеш на луѓево денес дека не си тоа што те прават дека си?
едноставно никако...за жал не можеш да го промениш човештвото, но главата горе и не им обрнувај внимание
не грижи се,сигурно се некои што ти завидуваат .па и да имаш видено к*р,тоа не те прави курва. гледај си ги најблиските луѓе околу тебе најважно е тие да знаат која си и каква си,а за другите има некој од горе гледа се,и ќе им врати за тие навреди. едноставно и менталитетот ни е глупав ако имаш послободен пристап т.ест си љубезна одма погрешно го сфаќаат.не мисли на нив крени ја гордо главата исправена
На небитните луѓе посебно на оние простодушни и ограничени, ке им остане само да оговараат со кое сами себе си се јадат и ситат. Така да никогаш да не те интересира што мисли народот секогаш зборувале и ке зборуваат, а никогаш добронамерно, ти најдобро знаеш која си и што си. Научив да не се замарам со мислењето на масата и верувај ми си поминувам многу убаво. Главата горе и само напред самоуверено
Луѓето се полни со предрасуди и навистина невнимателни...не се грижат дали ќе повредат некого со тоа што го кажуваат, затоа не се замарај кој што вели. Оние кои се со тебе, те сакаат каква што си и крај краева тие се луѓето чие мислење треба да ти значи. Баш прееска прочитав една многу убава мисла од наш писател Ниче Димовски во овој контекст: Ќе ви се отворат очите и умот и ќе видите дека никој не ве ограничувал и не ве осудувал повеќе од самите себеси. Затоа главата горе, па нека зборува кој што нема друга работа
Некој ти ваѓа муабети испаѓа работава? Кој би можел тоа да биде? И зашто? Размисли можда им даваш материјал на луѓево. Ако сакаш да те гледаат како фина конзервативна девојка, однесувај се и облекувај се фино и конзервативно. Фати си озбилен дечко ... итн.
Sigurno si dala materijal za muabeti....ne moze tuku taka da si tema na muabet.... Samata vikas si poslobodna, zabegana....znaci samata si doprinela so svoeto odnesuvanje da te narekuvaat taka. Ako nekoj ogovara e ogovarac ili literaturno -ozboruvac, ako skita i doma ne se pribira e skitnik i pokukjar, ako pie I pijanica, ako se kocka e kockar itn...itn....samite nie si gi lepime etiketite. Ne moze nekoj da te vika taka pogrdno samo zatoa sto ti e ljubomoren. Smeni si go odnesuvanjeto, malku priberi si se I muabetite kje ssmenat.
Fox.Megan, онака како ке се поставиш така луѓето ќе се однесуваат кон тебе. Како што разбрав од погоре наведеното однесуването ти е непримерно или послободно одколку што треба. Однесувај се нормално немој да глумиш нешто што ти не си тоа. Само биди нормална како повеќето девојки, пристојна, фина, културна и луѓето што се околу тебе ке те гледаат поинаку со поинакви очи. Ти твојата репутација ја имаш изгубено,ке треба да помине доста време да им докажеш на другите дека ти не си таа девојка од порано , туку си променила во своето однесување.
А во што си забегана?!?! смени го друштвото и однесувањето па можеби направиш бледа копија на етикетата
Тоа што е болдирано е баш поради тоа си добила епитет на к*рва, поради твоето лудо понашање, забегано однесување, дигнатост, занесеност и препотентност.Искорени ги тие однесувања и навики и веднаш во поинакво светло ќе те гледаат луѓето, ти самата си крива што така те нарекуваат никој не ти е виновен што си дигната и занесена и на каков начин мислиш ЛУДА ? Дигнатост и занесеност е нешто што секој од нас го мрази.Не глуми тоа што не си, не глуми недостижна мома не ја играј премногу таа игра на топло-ладно со фините момци и не ги терај у к*рац фините момци кога доаѓаат да се запознаат со тебе, не се пуштај и не оди со секој 2 глупак и ропак што ќе го видиш иако има BMW и куп пари. Откако ова ќе започнеш да го практикуваш веднаш ќе се промениш во очите на останатите, ќе имаш убаво момче и добра репутација кај останатите, но се додека си таква и не се промениш ќе си останеш обично к*рвиче во очите на другите, без разлика дали ти си видела к*р или не . Спојлер Извини што така со силен јазик го напишав постов не сакам да те навредам туку да ти ги потенцирам грешките што си ги правиш ти самата сега глеј прај промени се ако не сакаш да ги трпиш повеќе тие навреди.
без гајле, нема потреба зошто да се извинуваш, јас побарав мислење и го добив, и ти благодарам многу! Исто така на сите што ми пишаа мислење им се заблагодарувам, се надевам дека ќе се сменам хахаха ќе ве известам кога ќе го искоренам старото понашање
немој да се менуваш, џабе е, на Балканец мислење не можеш да смениш-оти после ке испадне е види ја девојкава до вчера беше лесна, а од денес станала прибрана види види што и да правиш, на злобни луге не можеш да им угодиш ако во срцето и душата си добра, лугето што навистина те знаат ке те препознаат од внатре а не од надвор
Леле дечки утре за прв пат ке одам на кафе со едно дете и ме фака паника што се да му казам што да го прашам.. Некако сум страмезлива
Муабети имало има и ќе има. За сите реално кружи некаков муабет. Мене порано како злобна вештерка ме збореа, после како на**чена па не знам што не знам како и на крај сите убаво кога ќе ме запознаат ми викаат ,,луда си ама ептен си била фина”. Еден другар баш ми имаше кажано ,,на**чена си ама јбг другарка си ми и со мене си супер”