што ви се допаѓа повеќе кога само излегувате со некој бев обврска или кога сте со некој со кој сте во врска и зошто???
мување-врска ? Зависи како се чувствуваш кон него.Доколку не ти значе многу подобро е мување, нема причина да одиш на посериозно, но доколку пак имаш силни чувства кон него тогаш мислам дека повеќе би сакала врска и би ми било така поубаво. Но лично за мене бидејќи лесно се вљубувам повеќе сакам врска.
мување-врска ? vrska (ako mozhe taka da se nareche ) bez obvrska. definitivno. bidejki serioznite vrski se prosledeni, ako ne so golemi, sekako so sitni karanici...nervozi..jadovi..ljubomora i shto ushte ne. na ova mislenje ostanuvam barem zasega.. za ponatamu nikoj ne znae.
мување-врска ? Мене секогаш ми се допаѓало повеќе да сум во врска. Иако има периоди кога сакам да сум сама и се да почне од почеток... МУвањата ми се веќе некако пролазна работа, нешто без значење. Фала богу секоја девојка кога ќе се заљуби сака да е во врска со дечкото, сигурно нема да прифати само да се мува со него. Или пак да се согласи да е во оворена врска... Излегување бев обврска или кажано open relationship ми е глупост чиста. Според мене тоа ти е една од најглупавите работи што се актулени во денешницата.
епа по опуштен си во веза без обавеза, ама можи после некој да се заљуби и да дојди до не сакани компликации
Па ја сум од тие омплицираните шо несакаат многу притисок и обрски и шо неможат тоа мозокот и очите да го држат на едно место..Ме свакате нели :/ Од тие дувни ветре сум и затоа поише сум за мувањето.
Врска дефинитивно,мувањето е интересно во средношколските денови,ама зезнато е ако чувствата станат посилни и ништо не бидне,јас сум секогаш за врска,сакам некого покрај мене кој ќе ми биде се,а не некој за да потрошам пола саат на бацување
Дефинитивно врска, сакам да знам на што сум и сакам посигурни работи. Не дека врска е којзнае колку сигурно, ама пак... Мувања не сакам, не дека не сум се мувала, ама ретко.
Ги гледам сокласничките и тие околу мене на моја возраст во врска влегоа уште на 14 години и тоа уште трае значи долги врски,и што видоа тие од средношколските денови,дечко па пак дечко,запоставија и друштва и све.Не сакаат да излегуваат без дечковци,не сакаат да одат на екскурзии,немаат слободно време кога сакаат и мн мн други работи..Така да мислам дека на моја возраст 17 дека по убаво е да си сингал така да НЕ сум за ВРСКА.(мое моментално мислење не викам дека можеби нема да го сменам со текот на времето во врска со врските) .а за мувањето...па не би претерувала туку тоа би се случувало доколку навистина би ме привлекло дотичното момче...а не сум за она претерано мување како што прават мн девојки секој викенд нов малку ми е одвратно...Сигурно за некоја година кога ке биде 20 или повеке ниту едно момче не би сакало да биде со такво девојче доколку знае дека се има измувано со пола град....
и двете имат и позитивни и негативни страни. пр. кога си во врска мораш да мислиш и на другиот, пазиш какви одлуки донесваш едноставно не си сам и на некој начин то те тера да се осеќаш посигурно, а од друга страна пак мувањето е колку за занимација, не се замарас со то кај е, со кој е, ниту пак тој ти досадва со такви прашања, ама знајш дека не можиш на сред улица да го избацваш и сл. во секој случај јас сум за мување
Се си е период. Барем за мене Тинејџерски денови, мување, ништо обврзно, ама како поминува времето сфаќаш дека тоа поминува и ти треба нешто сигурно. И потоа одговорот на прашањево преминува во врска.
Подобро да имам (на пример) 17 години и да се мувам (со усул), отколку да имам сериозна врска уште на тие години. Поглупаво од тоа ми нема. Абе се опушти се, не мора цел живот уште од градинка со еден да се врзиме. Моментално не сум во во врска, и да, радо би се мувала отколку сериозна врска, некако паника ме фаќа од тоа. Кога ќе се осетам спремна тогаш, сега сакам да сум слободна. Али тоа е, во Македонија а наполниш 20 години, и ак немаш дечко стара мома си. Немам дечко и не сум стара мома а малку над 20год имам.
ееее па после 20 нема да има маж кој ке те сака Така за жал се размислува.Мување и јас го оправдувам ама тоа не значи да ги менуваш како чорапите или секој викенд ајдееее оп со нов мувач.Се што е во границите на нормалата е добро и убаво а кога ке ги премине тоа се осеќа и одразува на самата личност.Ние сме таков народ што се замараме за тоа другите што и како ке рекле и се додека гледаме да им угодиме ним ке страдаме ние,а нема да речат дека си си смувала со 3 туку со 30 е тоа е веке заебано за жал а неможеш да докажеш...Затоа јас сум повеке за врска
После 20 нема да има маж кој ке не сака? Ти ова озбилно или...? Поверојатно е тогаш некој да те сака, пошто тогаш си веќе зрела личност, млада жена која има некаква иднина, отколку 17 годишно девојче кога треба да уживаш во тинејџерството, а не сериозни работи. Така да доста со тој балкански менталитет, смета. Смета во тоа човек да живее без да биде притиснат од околината, роднините и пријателите. Што има јас да му се докажувам на некој колку сум имала? Тоа е моја работа, и кога веќе си повозрасен глупаво е да прашуваш некој колку имал пред тебе, безвезно е.
Јас ги менував секој викенд, се мував колку што ми душа сака. Абе сум се изнамувала за сите пари. Мувај се натаму, наваму, што е битно? И ете најдов маж што ме сака. Ама може среќа јас сум имала.
Леле,абе не знам како така се дрзнувате значи? Каква констатација изнесе,ме заплаши.Сеа сериозно размислувам што со себе па над 20 имам Дај пораснете и размислете прво,па после коментирајте!
Сунгерче едно нешто да ти кажам. Вакво менување на став не бива. Тоа докажува дека немаш свое јас. Ако ние не мислиме исто што и ти, не значи дека веднаш треба да го погазиш тоа што си го кажала, туку да се бориш за својот став. Поголема почит се заработува доколку стоиш позади твоите зборови, отколку да се менуваш според мислењето на другите. Ова како најдобронамерен совет ти го кажувам.