Ама го мислев тоа на шала реков као демек ееее после 20 ке нема маж за нас нема никој да не сака...Го слушам од постарите они така зборат демек ајде керко после наполни ли 20 да те мажеме времето си оде... не сум менувала став фала во секој случај на советот
18 години - ИМАМ. Дечко - НЕМАМ. Се мувам кога ќе имам прилика (макар и да е секој викенд со различен) и колку ми душа сака. И НЕ МИ Е ГАЈЛЕ! Што ќе ми сега врска? Уште отсега со еден да се зафатам, па на дваесет и нешто да ми здосади, бидејќи сум, нели, во будалите години и да го тратам? Не, фала. Не велам дека кај сите е тоа така, но за мене е. Не ми се мене јасни оние кои се зафаќаат за серизоно уште на моја возраст. Којзнае, можда па јас сум недозреана или можда распуштена... ако не ме сака некој на 25 ќе знам што била работата А до тогаш - ПЕВАЈ БРАТЕ
^ Неможам да се согласам повеќе.. Има време и за сериозна врска. Сега засега само мување, колку што ти душа сака, каде ти душа сака и со кого ти душа сака...
ако сакам да уживам би искаЧала со некој само онака знаЧи без обврски посто ако сум во врска ќе се замарам превисе ај па каде е сега а дали ме лаже или куп глупи прасања така да ќе имам една занимација кога ќе сакам ајде да излеземе-ајде,и крај а ако гледам да се приберам ако сакам озбилна врска тогас е др ќе морам два пати да размислам узивајте бре мувај или врскај само уживај
јас сум за сериозна врска ...иако мувањата не се лоши за летни авантури во друг град ...мора понекогаш малце да се избега и од контрола
Јас сум мн против сериозна врска на помали години.... ами затоа си постое мување, фино лепо некој си го измислил и што има сега да се обврзуваме...
Во средношколските денови јас си бев едно сериозно и приглупо девојче кое не гледаше поента во мувањето. Не дека сакав дечко и сериозна врска, едноставно се чепатев и си велев - и што има во едно мување - да си смениме плунка еден со друг? Колку ли сум била глупичка, оф Боже прости ми. Да си го вратам сега времето, и те како би се смувала со неколку слаткиши од времето. Баш убаво, бакнежи без посериозна обврска, малку стискање, смеење... мераци. Истото го мислам и за некои пропуштени one night stands... се' додека се има усул, мувањето може да биде супер. Одличен издувен вентил, вие си ги поставувате сите правила и играте според нив. Никој не вели да скокате од еден во друг кревет, ама дај не го сфаќајте толку трагично побогу. Никој нема да ве сака после 20-тата година, или ако имате премногу муватори? Што е тоа - новиот слоган на женската религиозна партија на невините до брак? Ајт марш таму. Малограѓанштина.
Јас сум за мување, а мислам дека сериозна врска (а и уопште врска) би требало негде по полнолетство. Според мене.
Според мене поубаво е кога со некого само се ( муваш ) без обрска .. а зашто ? Па по опуштен си во моментот и не се замараш за ништо едноставно си кулираш
Мување, се` дур не поминат тинејџерските пориви за трескање на главата од мебел заради момче/девојче, сечење вени и Ромео - Јулија сценарија. Неприродно ми е да гледам млади деца да се впуштаат во сериозни врски, си ја цицаат младоста, и после кога ќе раскинат на 20 и кусур, нема да знаат што со себе затоа што во периодот кога најголемиот дел од карактерот се оформува, не биле целосно свои. Лап - лап и нема броење гајлиња. Кога веќе ќе се оформи чувството за „вистинска“ (приземна, реална) љубов, тогаш веќе треба да се бара партнер за нешто посериозно. Ама дур сте млади, вежбајте јазик.
Да е некој асален за врска па да не жалам. А вака колку да се каже дека имам дечко не сакам. Да се расправам за глупости од типот зошто дошла другарка ми на кафе, кога сум станала и слично, не благодарам. Не е филмот да го губам времето залудно. Па затоа, подобро е да се мувам.
Често се случува мувањето да помине во врска. Но тоа пред се зависи од човекот. А и од мене-ако не сум расположена за обврски, или ако проценам дека не си одговараме толку многу за да сме во врска тогаш останувам само на мување.
јас лично немам ништо против мувањето, само што потоа најчесто со мувачот по 1 недела губиш секаков контакт (добро не буквално по 1 недела и секој чест на оние кои можат да ги погледнат во очи своите претходни мувачи.. јас не би можела)... подобро е ако има нешто да се проба со врска, отколку вака.. незнам можеби јас сум тип што сака работите да се сериозни а не без обврски
Немам против мувањето де, ама некако не е за мене. За да почнам нешто со некого мора да ме привлекува страшно многу и тоа на секаков начин, па кога би ме привлекувал, некако тешко да издржам само на мувањето, пак тоа да продолжи до недоглед... а работава да оди во тајност. Не дека сум љубоморен човек, ама посебно моментот кога ќе разберам дека човекот си има и нешто на страна јас би дала првенство на другата страна, подобро некако ќе ми е да се прекрати... што знам. Макар што никогаш не можеш да знаеш што ќе те снајде во животот... али дефинитивно не ми се измачува со некој кој би само да се мува со мене, а јас да се трескам од земја по него. Остарев бре за таквите работи или што знам пак ќе речам.. кој да ти знае и по старост што може да ме стрефи хахах уф. А речам нешто несакам, никогаш и одма ко препорачана пратка ме удира по нос
Ако ми е убав , а немам ништо заедничко со него,онда се мувам (90% од случаите во мојов живот ). Ако ми е убав + интелигентен + забавен + добронамерен ,онда вреди да му посветам повеќе внимание.
Искрено не го сакам ова "мување". Поарно со некој сум си само другарка подолго време за да го запознаам што човек е, па ако постои нешто меѓу нас почнувам врска.
Јас си сакам прво мување,а потоа врска прво да видам дали можам да му вервувам и дали може да ме засака ако е така тогаш ќе си го сакам за дечко
хммммм , авантура да за една нок (ретко , но може да ми се случи) , а мување НЕ! зошто да се мувам со некој кога си дозволувам да ме има повеке од еднаш ?Кога веќе се муваме ке биде тоа врска па ќе видиме што понатака , дали ке се изради во стабилна или ке биде кратка врска . Многу мои другарки имаат искуства со такви мувања , но на крај излегува дека само се залажуваат дека им е ок , они се заљубуваат и полсе им е криво зошто типот се изгубил или не му е интресна веке она , си нашол друга поинтересна ........и со право (кога машкото до него има девојка која кога сака може да ја има )
Порано не сакав врски, но очигледно созреав, и ја сфатив потребата од тоа да имаш некој покрај себе кој ќе ти биде се.. Така да дефинитивно ВРСКА
и јас како пупи грл првин сакам да се мувам да го запознаам подобро да видам дали си одговараме и ред др работи па ако е така тогаш врска