Јас мислам дека на секоја врска и претстои мување. Прво ќе излезеш со тој што ти се допаќа, па ќе видиш дали е за врска или не. Мене ми се има случено да полудувам по еден дечко, и кога излегов еднаш, два пати, видов дека не е тоа што очекував. Прво, испадна дека не е мој тип, а и кога ме залапа, ама ич не ми се допаѓаше и немаше никаква хемија меѓу нас. Така да, ако се фатев со него, врската ќе беше неколку дена, ај сега ќе си играме ко децана мали. И така, сватив дека не е за мене, па не бидна ништо више...фер и за двајцата.
Чувствата се битни, ако осеќаш посилни, не е лошо да се проба со тој човек, ако не тогаш еднаш-двапати и доволно му е ))
Ја би за врска ... Некако се осеќам по сигурно со тој некој . А и плус тоа сум личност што сака обврски околу себе така да никад не ми пречело вакво нешто
Кај мене обично отсекоггаш се почнало со мување... Некогаш тука завршило некогаш продолжило и се претворило в о врска...Ама зависи до случајот. и да со повеќе од половина од мувачите некогашни си имам најнормален муабет
Мување..стрелец со тапија Незнам уствари неќам да имам дечко ме дави и ме гуши самата помисла.Mожи чудно ви е ама таква сум си по природа си ја сакам слободата..да си прајш шо сакаш со кого сакаш и како шо сакаш.Можи ќе го сменам мислењето ко ќе пораснам(17 ќе ги полнам за некој ден ама уште сум си детенце ) Ама има и една лоша страна..често се дешава да изгубам некој вреден заради мојот страв од обврски ама то ти е..неможам да се сменам а и неќам УБО МИ Е! п.с извинете за мојот битолски дијалект! позз ЧУПИЊА
Додека се запознаваме повеќе ми одговара ова првово-повремено гледање, слушање, плус така и кога не знаеш на што си возбудата и неизвесноста е поголема. После некое време, ако дечкото е ок, секако дека сакам да биде дефинирано, да се знае дека е мој
Мувањето ми е премногу моментално и се губи баш во моментот. А јас сакам работи кои траат. Затоа врска.
Зависи од моето моментално расположение и приватен ангажман. Зависи и од другата половина ,секако. Зависи на кој начин ме привлекува ,дали во него гледам нешто подлабоко од шармантна надворешност и дури и ако го пронајдам ТОА нешто ,зависи што сакам од себе во моментот ,дали сум спремна да вложам повеќе за да добијам повеќе ,ако ме разбирате.
На тинејџерски години повеќе сакам само мување,или веза без обавеза како што викаме бидејќи се сакам обврски уште сега.а понатака озбилно
Мувањето е интересно додека е интересно, тинејџерските годинки Сега веке си сакам врска, поозбилни работи. Ама кога ке размислам убави времиња се тие. Те смува, го смува
нормална девојка или момче со убаво христијанско воспитување ,со изграден став и знаење кон нештата секогаш ке тежнее кон посериозно дружење . Не говорам за тинејџерите туку за оние повозрасните ,а најмногу ме нервира кога веќе некој со изградени вредности кон животот се прави и однесува како тинејџер ,многу е глупо од страна кога се гледа . Јас сум од Струмица и навистина е тешко да се дојде до сериозна врска .Љубовта ко да не одминува од некаква си причина ,мегутоа може и за се си има своја причина.Причина-последица
глупо е да муваш некоја девојка која ги поминала тин. годините ,а ти нешто ко тин. ја муваш демек си некој муватор и ли фраерчина. Би те шутнала ко топка ,нормална ако е девојка со вредности