Живеете во иста зграда, а се запознавте дури на некоја забава. Па добро и да е така, ке се начекате пред влез, у лифт, ке видиш како ке реагира.
Girly O1 јас викам стај му се на комшиско кафе, тука нема бегање, слободно почни си го муабетот...еј онаа вечер беше супер....(што се се случувало)... баш сакав да те прашам каде стоиш ти околу тоа пошто мене баш ми се погоди и муабетот и дружењето, да се видиме пак...не те прашав никогаш кој ти е статусот сингл, несингл???
Мое мислење за луѓе што многу пијат е што осеќаат голем срам да го покажат тоа што навистина го мислат и чуствуваат без да се под некое дејство. Затоа алкохолот им служи како "изговор" за да кажат и покажат што мислат, и ако изедат осуда од луѓето околу нив, можат да се извадат на фактот дека се пијани и "шо е битно бе брат?!"
Во средно еднаш го направив ова и после и двајцата се преправавме дека не се сеќаваме. Па се случи уште еднаш и пак истото. Дури после некое време моравме да поминуваме низ најнепријатниот муабет и да си признаеме дека и двајцата знаеме што се случило. Глупаво е некој да се мува со вас или да прави било што, ако сте толку пијани што не би се сеќавале другиот ден. Тоа е искористување, и не ми е гајле дали девојката или дечкото се нафрлал на другиот, погрешно е. Има куп други ситуации, ако двајцата сакате, би се случило, не мора баш тогаш кога на нозе не можете да стоите или имате нагони за повраќање.
Има една стара; „Шта трезан мисли, то пијан ради.“ Обично на пијано правам ствари што сакам на трезно, ама ми е незгодно и глупо, а вака си имам алиби. И секогаш се сеќавам на сѐ, колку труп и да сум била. Има уште една стара: „Гордеј се со своите моронски постапки. Дел од тебе се.“ Ај, лажам, ја ја измислив.
Според мене ако нему навистина му се допаѓаш не требало да го користи тој момент за да се мувате. Дечкото треба да собери храброст да те наведе на тоа додека си свесна што правиш. Добро би било да поразговарате, но не намерно да го викнеш да излезете. Почекај, можеби случајноста ќе ви наметне добра прилика за разговор, и тогаш можеш да му спомнеш за таа вечер. Речи дека се чувствуваш глупаво и искористено, дека ти е жал за тоа и дека можеби ќе било подобро да се сеќаваш Така сигурно ќе има добро мислење за тебе и се разбира дека ќе посака да го повторите тоа, но овој пат да се сеќавате и двајцата
Јас би ти кажала да не се замараш тука ти немаш никаква вина едноставно тогаш си била (сте биле) под алкохол а во таа состојба човек тешко може да се контролира така да мислам дека секој може да свати дека не си ти виновна на секој може да му се случи такво нешто ако е под дрјство на алкохол така да не се замарај тоа било само една случка која едноставно не била пода ваша контрола тука никој не е виновен само не треба толку многу да се претерува со алкохол затоа што после се случуваат вакви несакани работи. Поздравче!
А и некои што неможат тоа што го сакаат од тебе да го добијат во трезна состојба ќе пробаат да го добијат кога си пијана така да кога пиеш ако знаеш дека ќе пиеш повеќе не биди заедно со некој што ти се пушта затоа што тој ќе си го добие своето а тебе ќе ти биде незгодно и ти ќе се осекаш виновна (КРИВИЦАТА ЌЕ ТИ ЈА ПРЕФРЛИ ТЕБЕ ЗАТОА ШТО ТИ СИ БИЛА ПИЈАНАТА).
Се имам лапано пијана. До 18 год. Ќе се начукав и ме ,,удираше” на лапање.Летово со другарка само така. Ни се лапа цврцнати и место со машки непознати боље меѓусебе Сеа не мртва пијана.Ама пијанка.
Ми се има случено коа бев детиште , некои 15-6 години имав . Дечкото беше една година постар од мене , ми се пушташе и по таа ноќ , сакаше да сме во врска , но јас не сакав од причина што , бевме во исто друштво , учевме во истото училиште и живеевме во исто место . Глупаво би ми било кога би се испокарале и би раскинале .. Подобро вака , бар имаме едно " здраво " . П . С . Заборавив да напишам , не бев пијана , но имав испиено многу повеќе од три чашки ( кој ме читал , знае дека сум отпорна на алкохол и не се пијанам до степен да се изгубам ) , малку ми се вртеше само ..
Мене ме фатија неспремен, пијан под дрво и ме смува женската. Не се ни сеќавам многу која беше. Беше на журка во кафич во Дојран. Ама веќе не пијам, се откажа алкохолот од мене.
лапање додека некој е пијан е исто со брутално силување? те молам престани да конзумираш американска извезена woke "култура".
Се што е во состојба кога едното лице е онеспособено да носи логични одлуки, а другото е, е криминал.