1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мудри мисли за љубовта

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LadyFlame, 31 март 2014.

  1. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Љубов, ах таа љубов, вечна загатка и неисцрпна инспирација. Најголем човечки двигател. Не постои мотив кој создава повозвишени чувства и предизвикува помрачни дејства во истовреме. За љубовта се војувало и се војува. За неа се урива и се создава. За љубовта се пее и се твори. За неа се пишувало, се пишува и таа засекогаш ќе остане најголема муза.

    Многумина се обидувале да ја објаснат, дефинираат, но секогаш постои некој дополнителен збор, реченица која се надоврзува и прави оваа тема да остане недообјаснета, недокажана. Или како што рекол Елин Пелин „ сè што ќе се каже за љубовта, сè е вистина“.

    Во оваа тема да ги споделиме најубавите изреки за љубовта
    Ако мислите дека е непотребна темата или ако веќе има таква, слободно нека се избрише
     
    На Bitter-Sweet и ChErLlOyD им се допаѓа ова.
  2. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.949
    Допаѓања:
    30.789
    Пол:
    Женски
    Изреки, поговорки, мудри мисли, текстови за љубовта

    Љубовта не е да најдеш некого со кого ќе живееш, туку да најдеш некој без кого не можеш да живееш!
    Љубовта е звезда што небото го краси треба да се чува да не се изгаси.

    Замисли ме како капка вода.
    Ако ме држиш во рака ќе излеам,
    ако ме држиш на сонце ќе испарам,
    ако ме држиш на ладно ќе замрзнам.
    Затоа држи ме во срцето за вечно да останам.
     
    На ChErLlOyD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Изреки, поговорки, мудри мисли, текстови за љубовта

    Чувството кога личноста која навистина ти значи е тука... пред тебе... ти зборува, а ти се губиш во длабочините на погледот на тоа лице... поглед кој никогаш нема да го заборавиш, поглед кој ти кажал сe, сe што во тој момент ти било потребно... поглед со кој си го направил најдолгиот разговор во животот, а сепак не си изговорил ниту еден единствен збор...
     
    На Pacifist и ChErLlOyD им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Убава тема. :)

    Кога сакаш некој, најмногу се плашиш дека можеби ќе бидеш повреден. И ќе бидеш.“ -Брендон Скот Горел

    На интернет има многу цитати, го издвоив тој погоре. Омилени ми се текстовите на Magic Whisperer, толку длабоки и полни со чувства. Но нема да го цитирам, го имам цитирано во друга тема. Овде ќе напишам некои свои. :)

    1. Како ќе знаеш дека е тоа вистинското? Така што држејќи ја неговата рака и наслонувајќи ја главата на неговото рамо заедно ќе молчите и тишината нема да ви биде непријатна.

    2. Важно е да имаш некој покрај кого ќе се припиеш после напорниот ден. Некој кој ти е потпора, сигурност, прибежиште. Твојот мир е во неговите раце.

    3. Најголема моќ во овој свет има прегратката. Сигурен си дека тие две раце можат да те заштитат од сето зло на светот. Во тие раце би останал кога се околу тебе се руши. Само затвораш очи и посакуваш вечност.

    4. Колку и да е креветот мал, на него секогаш има место за двајца. Човекот не е создаден за да биде сам.

    5. Не знаеш за љубов ако не сте лежеле на трева заедно гледајќи ги ѕвездите.

    6. Го гледаш додека спие, го слушаш како дише. И сфаќаш дека не ти треба ништо повеќе.

    7. Сите ќе те бакнат на уста. Оној кој ти треба во животот ќе те бакне на чело.

    8. Љубовта не е патетика. Таа е сила која му е потребна на светот.

    9. Не ме бакнувај набрзина. Застани, погледни ме, насмевни се.

    10. Не обидувај се да ги сокриеш чувствата. И кога устата ти е затворена очите се отворени, а таму е сокриено се, доволно е некој да те погледне. Тој ќе знае.

    11. Љубовта не признава јас, ти, мене, тебе, твое, мое. Заедно сме и едно сме. Ние. Нам. Наше. Тоа е она што имаме.

    12. Кога некој сакаш а немаш поим зошто го сакаш, баш тоа е љубов. Љубовта не бара причини.

    13. Ти се допаѓа заради неговата убавина. Го сакаш заради неговиот карактер. Заљубена си во него бидејќи ги прифаќаш неговите мани.
     
    Последна измена: 3 август 2016
    На Pacifist му/ѝ се допаѓа ова.