1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Музиката не е бесплатна!

Дискусија во 'Канта' започната од bitter-girl, 4 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Инспирирана од она што го гледав на телевизија изминативе денови ја отварам темава.
    Во голем број држави забрането е симнување на песни од интернет.
    Истото важи и за филмовите.
    Ако во странство ве фатат дека од интернет симнувате песна или филм, тогаш кривично ќе си одговарате пред законот.
    Кај нас тоа сеуште не е случај иако искрено веќе почна да ми мириса дека каде и да е и нас ќе ни биде забрането.
    Ако сакаме да го гледаме нашиот омилен филм, ќе треба да си го купиме.
    Песните исто така. Сите омилени песни ќе треба да си ги платиме за да си ги слушаме.
    Сите пејачи живеат од своите хитови, со многу труд и работа го креирале тоа дело а ние го консумираме бесплатно.
    Што мислите за кампањите за заштита на авторските права?
    И секако за воведување на ваков закон кај нас?
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Да бев пејач или режисер, ќе речев супер, ама од другата страна нормално дека не ми одговара.Законот и да го донесат нема да се почитува, а и како ќе те контролираат.И таму кај што постои тој закон не верувам дека се почитува во целост.
    На крајот на краиштата, не знам посебно кај нас која заработка би ја имале, ако сакам некој филм ќе го купам со другарки па заедно ќе го гледаме или пак една по една.
    Како и да е, по мене се глупости ;)
    И да не заборавам, пред да го донесат законот нека ми набават оригинални НАЈНОВИ филмови и цедиња, па после ќе се договориме.
     
  3. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Го контролираат трансферот така знаат дали некој симнувал песни и филмови.
    И јас баш се чудев како ама ете. Инаку не сум сигурна во кои се земји го има овој закон. За Америка и Германија знам со сигурност.
    Како и да е таму има многу музички канали како и канали со филмови. Па немаат потреба од симнување песни и филмови. Кај нас нема ништо такво, па и ова ако ни го забранат ќе биде интересно.
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ма не живеат тие само од купувањето на нивните ЦД-а. Ако се доволно квалитетни, ќе си направат пари од концерти, а да не спомнувам за другите работи како кукли, реклами итн итн.

    Инаку, ко што пиша фемина погоре
    зад истото стојам и јас.
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.293
    Допаѓања:
    101.377
    Пол:
    Женски
    Во УСА имаат I tunes и сл каде што преку интернет можеш да си купиш песна или цд и да ја симнеш. нека направат и кај нас така нема проблем. Ама да ги имам најновите песни на располагање, да доаѓаат по 10 филма нови месечно кога во европа и кај нас во исто време а не да гледам филмови Сутјеска и Жикина династија или турски и индиски серии за без пари. Тогаш да сум за тоа. А за начиве изведувачи не би дала ни 5 евра за цд а не па 10 и повеќе. Далеку сме ние одтој свет. Мнооооогу далеку.
     
  6. PrettyWoman

    PrettyWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    19
    Јас се согласувам со тоа да се донесе таков закон меѓутоа ќе се надоврзам на претходните мислења дека треба да имаме повеќе канали на тв кои ќе емитуваат најнови филмови и музички емисии, бидејќи во спротивно ние Македонците немаме таков стандард да можеме да си дозволиме да купуваме песни и филмови, а не верувам дека со воведување на законот ќе ги прилагодат цените со куповната моќ на граѓаните
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    iTunes не е само за уса. Нивни производ е што функционира низ цел свет. Ја има има Македонија на листата и слободно можеш да си отвориш акаунт и со картичка да си купуваш се што можат и тие во УСА.

    Е ама проблемот не е тука. Пробелемот е во стандардот. Еден просечен американец може да се дозволи секој ден да си изнајмува нови филмчиња и да си гледа. Кај нив изнајмување на филм е 1 долар, а плата 500 долари неделно, е таа математика кај нас ја нема и затоа неможеме да си дозволиме таков "луксуз". Ако јас сакам да си купам музика и филмчиња за еден месец ќе треба да потрошам пола плата на моите (плус го додаваме тука и факторот дека ние младите ептен сме финансиски зависни од родителите)
    Освен стандардот проблем се јавува и во културата и начинот на живеење. Додека некој американец коа сака да гледа филм прво помислува да го купи, ние прво помислуваме на замунда. Секој од нас би рекол "зашто да давам пари, коа можам да си го симнам бесплатно"....мада и ова донекаде е поврзано со стандардот

    Јас сметам дека законот е супер. На тој начин се вреднува нечиј труд, некој го правел тоа, има талент, работел и тоа нормално треба да биде вреднувано. Кој од нас би работел за џабе. Ама во нашава земја тоа е неизводливо. Прво и да го има законот, никој нема да го почитува, ко и многу други. И второ нема да можат да ги фатат тие што нема да го почитуваат. Ги немаме ние уште средствата и технологијата за владата да може да ја прати секоја ip и да ти доаѓат на врата.

    Пример со Бугарија. Во ЕУ постои ваков закон, од кога Бугарија влезе требаше и таа да го спроведе. Ги гоена, ги укинуваа и ете на крај пак замунда ни е главен извор.
    Серверите на овие сајтови не се во земји со ваков закон, и неможат да ги гонат. Не се будали оние на замуда серверите да ги лоцираат во сред Софија. А сеа владата неможе на нив па ќе треба да трча по поеднци. Ха! Може за некој година, сега тешко

    Blond светските музичари не живеат никако од цд, кај нив цд е веќе заборавена ствар ама не им е профитот ниту од концерти. Најголемиот профит им е од продавање на синглови на нет. Па види колку маркетинг удираат на секој нов сингл. Па потоа од албуми, настапи, концерти, реклами.....

    А пак нашиве пејачи ако земат да продаваат синглови, без пиратерија им отиде кариерата. Жално ама така е. Не е фер спрема нивниот труд, ама толку ни се можностите. Коа би имале ваљда би купувале

    Американциве си го имаат законот ама луѓето купуваат не оти се плашат од него, туку си имаат кулура. Не ни помислуваат на такво нешто. Ни таму не те закачаат ако симнуваш по малку, те предупредуваат (ко мене :D ) е ако забележат ваљда огромент трансфер тогаш е проблемот. Јас коа отидов си наредив филмчиња за симнување, немам гајле, симнав 20тина....и по некој ден ми дојдоа на врата, ми кажаа дека сум имала нелегален трансфер и ми дадоа како усно предупредување. Од наредниот ден веќе замунда не ми ја отвараше :) и си почнав и јас да изнајмувам
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Абе луѓе, колку закони донесоа, а колку се испочитувани! Друго, зар имаме ние таков стандард па да плаќаме само за слушање на една песна? Платите на македонскиот граѓанин едвај стигнуваат за прехрана и сметки и сега уште пари да се одвојат ли треба за да слушаш музика... Малку ли даноци земаат...
    Јасно е дека секој музичар живее од хитовите, но уште појасно е дека ако не беше Youtube ретко кој ќе плаќаше за секојдневно да слуша песни! Зошто? Зашто се нема пари!
    Оваа наша влада само бара „рачки“ за да зема пари од народов. Ако се плаќа за слушање на песна од Тоше Проески кој ќе ги земе парите? Тоше?? Знаеме каде е тој...
    Зошто не си речат да направат едно добро дело за македонската нација и барем музиката да е free?
    Ама не им е гајле, ги интересира само џебот нивни!
    И да се навратам на темава, значи и да се донесе закон за плаќање на музиката, не би се почитувал!
    А луѓето побрзо би се откажале од слушање музика отколку да плаќаат за тоа!
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    1. Никаде не се плаќа слушање на песна, туку купување на истата. Парите за ако купиш песна од Тоше би иделе таму кај што одат парите и ако купиш негов албум (ако си информирана и околку ова). Што пак тука владата ја спомнуваш, демек има корист таа.....со тој закон се заштитуваат само оние оштетени од пиратерија, ако платиш песна не одат парите кај Грујо туку кај Мадона

    2.Кој тоа да направи добро дело? Ријана? Бијонсе? ....тие не ни знаат за Македонија дека постои, а не пак да се замараат да ни обезбедуваат нам бесплатни синглови. Или може Спилберг да ни пушти по некој филм, онака за ќеф, нек се деца радују :tmi: На крај краева ако несакаш да ја купиш еве ти јутуб, за беспари толкав квалитет (а не дека и нам многу ни е битно). Нормално дека им е битен џебот, не работат за џебе....не работи за џабе никој од нас
    Или пак мислеше на владата да направи добро дело.....е тука они немаат никаква улога. И да сакаат, неможат

    3. Закон за плаќање музика не постои никаде во светов, и нема ни да постои. Музичарите си го наплатуваат трудот и работата (ко и секоја друга работа), а од друга страна за заштита на истите постои закон за пиратерија. Ама закон за плаќање музика....не постои такво нешто
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Изгледа не гледаш доволно ТВ па не знаеш ни зошто е отворена темава! :o
    Нормално дека владата има врска со донесувањето на закони, како за секој така и за овој, ако го донесат!
     
  11. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Музиката е уметност, и јас мислам дека за нешто квалитетно треба да се плати, и да имам пари би си пошла, би си купила, фино поштено, со сета почит за креаторот. Али ние сиротите немаме пари за леб во Македонија, уште музиката да ни ја земат со закон :worried: Така да добро ни е вака сега за сега според мене.
     
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    За вистинските музичари - уметници, не ми е проблем да дадам пари. Ретко слушам македонска музика, а и оној мал дел што го слушам не ги пуваат цените на нивните албуми и без проблем можам да си ги дозволам.

    Ама да давам пари за артисти што прават апла (лоши) плагијат песни, немам намера.
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762

    Не, не гледам воопшто, немам дома ТВ (не е сарказам) веќе 4 години сум "лишена" од "задоволството" наречено гледање ТВ. Ама знам зашто е отворена темата, си пишува во првиот пост.
     
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    За наш стандард тешко изводливо.
    Еве пример да го земеме Влатко Илиевски Русинот.
    Тој не прави пари само од концерти или едно издадено ЦД, прави свирки во многу клубови низ Македонија си зема добар хонорар.
    Некој дел ќе летне во џебот на менаџерот јасно, но да дојди до тој степен кај нас музиката да ја платиш да ја слушаш, нема една песна Македонска да знаеме.
    Се додека постои youtube, нека се радуваат на кампањава <3
     
  15. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    по мене ова не е лоша идеа ама за во нашата држава е нешто ненормално .... затоа што народот нема пари леб да јади а не пак да купува песни..... ова го има и е убаво во државите каде што има големи плати и на сите му е лесно да дадат пари за да спуштат една песна.... а за во нашата држава ова не е нормално според мене... прво треба да ја средат државата па потоа да донесуваат некој вакви закони....
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Здружението за заштита на авторски музички права - ЗАМП врши колективно остварување на авторските музички права, кои произлегуваат од објавување на авторски несценски дела. Министерството за култура на РМ со Решение бр. 07-1733/19 од 26.11.1998 год. ( Сл. весник на РМ бр. 78/99), а врз основа на чл.165 од ЗАПСП, на ЗАМП му издаде Решение за Дозвола за колективно остварување на авторското право на несценски музички дела.

    Значи еден дел што најмногу ме иритира е делот кога треба да се прави свадба. Зошто јас плаќам музика ако треба да дадам и одредена сума на замп. па замп и музичките групи нека си направат тарфник а не овие замп се многу паметни одат од бројот на гости и што повеќе гости имаш толку ти е повисока цената. еве што најдов на нивната страна
    на музичарите што сте им платиле хонорар за изведувачките права, песните кој ги исполнуваат музичарите се нечие авторско дело, за кое е предвидено плаќање авторски надоместок соогласно правилникот со тарифа за користење на авторски музички дела. е стварно се иритирам ќе дојде ден кога за да прднеш на улица треба да платиш за загадување на околината :@ :@
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179

    Се согласувам, посебно за ајТјунс, нека измислат нешто такво кај нас па после нека зборуваат!! Инаку на ајТјунс има и филмови ама се поскапи околу 14 долара се, додека песните се по 3 долара :)
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Добра идеја!
    Џеј Џеј и слични најмалку ќе просперираат со ова! :D
     
  19. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Искрено понекогаш купувам цедиња ама мнооогу ретко. Инаку не ми се исплати да купувам кога за пола минута можам од нет да ги симнам или да си гледам и слушам на Јутуб. Башка законов никој не го почитува па џабе дале пари за кампањава. Инаку идеава им е ОК ама џабе, никој не ја почитува.
     
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Секоја чест за пејачи, пејачки и групи кои вредат во државава, од се` срце би ги дала и последните пари за нивен албум, но никогаш, ниту денар од мојов џеб не би дала за вакви луѓе кои кај нас се нарекуваат музичари. Не планирам да слушам песни чии текстови звучат како да ги пишувале три ретардирани првачиња без чувство за творење. |(
     

    Прикачени фајлови:

    • Capture.PNG
      Capture.PNG
      Големина на фајлот:
      270,6 KB
      Прегледи:
      137
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.