1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Музика за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од flowergarden, 27 февруари 2011.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Дали сакате традиционална фолк свадба, нешто комбинирано или класична журка? Ние сме во подготовки за свадба, па бидејки многу ме мачи ова прашање би сакала да слушнам ваши искуства околу амосферата што ја прават различните видови музика..
    Би можеле и да ми препорачате и некој бенд/пејач, а уште поубаво би било ако имате и информации и колку чинат..
     
  2. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    еве јас да ти го кажам моето искуство:
    јас правев свадба во октомври, во Битола и ни свиреа Милениум, музиката беше феноменална :D
    значи ние се договоривме со нив шо да ни свират, кои песни, започнавме со народни и тоа народни ама весели, ни една јас шо би рекла тажачка песна :lol: па после тоа со чочеци ни помина пола свадба, после вечерата српски забавни, македонски забавни, странски , па вовче и се така, преубо беше сакам пак, ихихихихи
    мислам дека се е тоа договор меѓу вас и музиката ;)
     
    На привремена му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Има ли некој искуство со Арија, Биоритам, Академци, Плус Минус, Соната, Компас Бенд, Сузана Гавазова, Гоце Арнаудов? :rofl:
     
  4. blondini

    blondini Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    10
    Сум била на свадби и Сузана Гавазнова сум ја слушала и Гоце арнаудов и Арија,Гоце-НЕ,зашто може да ти ја зезне цела свадба,не е предвидлив човекот,може да си замине порано,ама ако му се видат лугето дарежливи,ако фрлаат пари,ќе испее....ќе ја истурка свадбата,а може и џумбус да направи,Сузана пее добро ама не прави некоја атмосфера да речеш,многу е млитава,цело време ќе гледа дали е убава,дали и е шминката во ред,дали фустанчето е на свое место,а Арија супер се,барем кај што бев одлични беа,ама на зетот ептен му беа другари па може и поради тоа,па види ти сега....колку ти помогнав или одмогнав,незнам! :$
    Инаку јас ги закажав Молика и Анета Мицевска,а за пари искерно не ни прашав! :doh:
    Поздрав
     
    На ljubicicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    незнам од каде си, ама за битола мислам дека молика свират за 400-500 евра :^)
     
  6. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Јас искрено најмногу бев загреана за Гоце.. сега ме размисли малку :^)
     
  7. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Сум била на многу свадби но на оние кои свират Фонтана ми се незаменливи, што ќе му речиш тоа свират...бев на свадба кај што свиреа само забавно тоа беше журка невидена.....и Молика се добри само што малку почнува да ме нервира нивната пејачка.
    Гоце Арнаудов е супер , има негов бенд и добро свират ама само народно забавно ни една песна не запеаа и секогаш со него ја носи Анета Наковска од која ми се повраќа....секој со својот вкус но јас сум за ФОНТАНА :clap:
     
    На Lajt му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lajt

    Lajt Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Мојата свадба беше класична со сите свадбарски ора и песни а на крај нели имаше денс песни за шизење а ни свиреа група Малибу од кои сум многу задоволна.Музиката беше според програмата на бендот и целата веселба испадна фантастична!Мој совет е,музиката да ви биде според програмата на бендот(било кој бенд да свири),никако со муз.желби на гостите.Еден порачал песна од Миле Китич па вториот пајдушко оро и ќе биде каша попара!
     
  9. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    А да нема да дозволам, пораки и честитки од кој ќе стигни...бабата, дедото, вујче од америка е тоа најмногу мразам :puke:
     
    На Lajt му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Фолтин. :D

    Прсти прсти...
     
    На Bubachka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Леле немој Сузето жити се! Сум била на свадба каде таа пееше и стварно пее убаво и прави расположение ама за машкиот дел од гостите! :lol: И не знам дали јас се најдов на таква свадба со такви гости или Сузето се така си прави ама мене тоа не ми се допадна! :lol: Мене ми остави впечаток дека си флертува со гостите за да им ги лапне парите,оваај бакшижот де! Многу непристојно се облекува па поднапиените мажи можеш да претпоставиш што прават! :D
    А Гоцето имам слушнато дека е поскап за разлика од другите!
    Мене како музичари за свадба ми се најдобри Ленчето и Горан Куќич (е не знам како им се викаше групата) :dance:
    Репертоарот на музика си го бират малденците колку што јас знам, ама скоро сите свадби поминуваат со македонска народна музика, ора и чочеци, малце српско, малце македонско забавно, возчето обавезно се врти на секоја свадба и тоа е!
     
  12. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    На мојата свадба свиреа Фокус бенд од Свети Николе мислам дека беа,али дечките стварно си ја знаат работата направија невидена атмосфера.А и не се скапи 200-250 евра.
     
  13. lejdiii

    lejdiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    може број од фокус бенд
     
  14. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Може само моментално немам во мене ,дома ми е картичката до утре попладне ти го пишувам во ЛП.
     
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297

    во право си Јупитер се ехстра свират секаков репертоар...

    Сузето не бе на една свадба каде што бев пееше она и тоа што највише мразам она го прави ке се фати на оро ко свекрва да е а уствари само пари да собере облечена слично ко овие преед мтв во Ск и нормално кога некој е поднапијан она тоа го користи за бакшиш...Гоце е многу скап а и мозе да ти закасни на свадба а и да си отиде порано атмосфера прави супер али цабе кога ке треба да се секираш дали ке пее до 1.30
     
  16. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    694
    Јас летово ке правам свадба и ќе ми свират Академци.Многу ми ги фалеа па се надевам ќе се покажат како што треба.
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    A колку им е цената на нив ?
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Не можеш на никој да му погодиш-гостите пак ќе мрчат каква музика и да има :devil:
    Искрено би сакала некое мало свадбиче со шведска маса,на некој рибник или ресторантче на отворено,со музика во живо и да има некоја народна мјузик-ко да станат старите да извртат орце и толку... :lol: значи комбинација некоја да се направи...ама ќе видиме има уште малку време :P
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.657
    Пол:
    Женски
    Нам ни свиреа „Нели ти реков“ со Кате, си имаа сопствен репертоар, се договоривме отприлика какви песни сакаме да ни свират, па ни ја исполнија желбата. Нарачки немаше, не сакавме да има. Ама затоа поскапо плативме, но не жалиме за парите, затоа што имаше супер атмосфера, и немаше човек кој не заигра.
    Музиката, според мене, е многу важна на свадбата. Јас искрено, повеќе бев за цела свадба да биде со забавна, рок музика, ама кај нас нема таков бенд кој на свадба може да ти свири само таква музика. Барем јас не сум сретнала, ниту пак слушнала. Може да се прави и комбинација, да има посебни бендови, ама така е веројатно поскапо. Сепак, „Нели ти реков“ беа на ниво на задачата, не засвиреа ништо од тоа што се класифицира како турбо фолк или новокомпонирани песни.
     
    На blue.rose му/ѝ се допаѓа ова.
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Слушнав за Биоритам дека цената била окулу 600- 700 евра