здраво елена. може ли да те замолам да ми го пишеш нивниот број во порака? итно ми треба позз Ти си подранила или може баш навреме си пишала ако се толку зафатени. Може ли да ми го пишеш нивниот број во порака? Се мислам меѓу нив и Соната позз
Феминки, сте биле на свадба каде свиреле група Деница? Прават атмосфера? Во темава ретко се споменуваат, а јас сум воодушевена од Гоце-Синтезис. Мислења?
Јас сум била на свадба кај што свиреа Деница и народниот дел беше одличен. Е сега,може беше до младоженциве, ама забавен дел воопшто немаше. Јас имам зборувано со Екслузив бенд, дечките имаат релативно пристојна цена 450 евра, само никако да најдам мислење за нив. Ми се брза, свадбата е во јуни закажана...многу од групите се зафатени, овие се слободни,ама не ми се ангажираат на слепо. Ако имаат свирка некаде, па да ги слушнам. Ако некој ги знае, нека пише мислење, добродојдено е
Влатко и Златко внуците на Војо Стојановски заедно со еден кларинетист и саксафонист професорАЦЕ, лудница се, ненормална атмосфера а мислам и дека цената им е околу 500 евра.
За Ексклузив, сега им пеел пејачот од Енерџи бенд, Спасе. Баш го гледав, и дечкото има супер глас. Веројатно ќе ги ангажираме, па ке споделам искуство Доста се флексибилни со репертоарот, може и црна листа на песни што исклучиво нема да ги сакаме, како и некои што обично не ги свират, на наша желба ќе ги вметнат, само навреме да се договориме.
^ Спасе го слушав на една свадба и имам само пофални зборови за него. Детето е стварно младо, ама знае што прави. Преубава веселба направи, да не му се мислиш.
Нас ни свиреа Екстра бенд(екс екс екстра бенд не биди мамурен хахха ) и тогаш со нив беше Спасе стварно дечкото е одличен,преубаво пее и многу добра атмосфета направи т.е не само тој туку и целата група одлични беа. Само пофални зборови за нив...
Дали некој има искуство со група Амајлија и како сте задоволни од нив. Јас сакам на мојата свадба да има секаков тип на музика. Инаку слушнав дека имало две групи со истово име, а оваа група за која прашувам биле 4 ца (двајца од Прилеп, двајца од К.Паланка) и порано свиреле кај Лила во емисија. Исто така може и да ми препорачате и друга група, а свадба ке правиме крај на август почеток на септември. Поздрав
Ако прашуваш за група Амајлија од Прилеп, составена е од млади момчиња,кои прават беспрекорна и најубава Новогодишна забава, Матурска вечер и свадба, но повеќе со забавен дел. Значи свират забавно се што е најново хитови, песни и тоа доста добро, но околу народните песни, мене лично не ми се допаѓаат, затоа што свират песни од типот на ,,Слушам кај шумат шумите,, или ,,Ника Марика,, или не знам која праисториска песна. Ако свадбата ви е смислена да ви биде орентирана кон забавен дел, немате утка, дечките се незаменливи.
Цурици, ај некое мислење за Фантазија бенд ве молам. https://www.facebook.com/pages/%D0%A4%D ... 9963949177
Фала ти многу на одговорот.Претпоставувам дека се тие дечките 4 ца се, често свират во Прилеп. Јас би сакала да има и забавен дел, но и народно, значи некаде пола пола, со тоа што од народниот дел би имало и строградски песни. Дали можеби знаеш да ми препорачаш некоја друга група во Прилеп која е добра?
Ако ме прашуваш за групи од Прилеп, па и нема така некој истакнати, освен по двајца со синтисајзери но тоа не е свадбарски нели? Да се коригирам, има, Тик-Так, група од 4-5 члена ама прават забава преубава и не се скапи, мислам. Нашата свадба е во мај, кај нас изборот падна ан Маестрал од Битолаа, дечките се супер. поздрав
Дали некој бил на свадба кај што свиреле Енерџи бенд? https://www.youtube.com/user/energyband1/videos?view=0
Јас сум била на две свадби кај што свирea Енерџи бенд и сум презадоволна од нив, дечките направија прекрасна забава, свиреа и народно и забавно, со еден збор феноменални се Ние имаме закажано свадба на пролет и нив ги имаме резервирано да ни свират, се надевам дека добра забава ќе направат и кај нас
Сите групи бараат 500 евра ако се договориш само за во ресторан па да ти симнат 50 или 30 евра,академци се најскапи 700 евра.
Девојки кажувајте предлози за добра група, тие што требаше да ни бидат ни откажаа и многу сме нервозни. Битно ми е да направат добра забава, енергични дечки и да има секаков типа на музика, значи од народно, ора, чочеци до забавни македонски, ју и страснки хитови. Фортуна и Соната се зафатени. Слободни биле некои Весели Скопјани и Весел Бакшиш но немам слушнато мислење никакво за нив.
Сум била на една свадба кај што свиреа Весел Бакшиш и право да ти кажам се такви како што објасни ти. Не се трескаат многу од земја, и дечкото многу убаво пееше, тоа памтам. Весели Скопјани немам поим кои се, ни слушнала ни видела. Се надевам дека ти помогнав!
Доцнам со одговорот, ама добри се навистина, пристојни и професионални, кај мене свиреа на свадба и сум задоволна од нив. Пејачот беше опасен, како тој да правеше свадба, весел, мислиш на концерт е, се блиску до орото пееше или на среде. Беше пофален од женските. И дома добро отсвиреа, не беа како некои групи што дома праќаат некои да отсвират ради реда. Не знам дали уште свират во ресторант Ритуал, преку нив имаше некој попуст од 50 евра мислам.
Има ли некоја група од Прилеп или околината (Битола и сл.), која е ставрно добра? Скопскиве групи бараат плус 50- 100 евра да дојдат во Прилеп. Дајте предлози или пишете ми во лична порака бројче.